Положба
Хотелот се наоѓа во центарот на Side, и 65км од аеродромот во Antalya. Хотелот се наоѓа на само 150 метри од морското крајбрежје.
Сместување
Вкупен број на соби 122 во две петкатни згради. Стандардни соби (една спална соба, едно купатило, макс.2+1 лице), Фамилијарни соби (една спална соба, една дневна соба одвоена со врата, едно купатило, макс.4 лица), Економските соби се исти како и стандардните но без балкони во поткровје. Сите соби се со приватно купатило со туш и фен, клима уред, телефон, мини бар (се дополнува со вода секој ден), сеф, керамички под, сателитска телевизија и музички канали, балкон.
Услуга
All inclusive – шведска маса со појадок, доцен појадок, ручек, кафе попладне, чај и колачи, вечера, сите локални алкохолни и безалкохолни пијалоци од 10.00 – 23.00 часот, пијалоци во барот на плажа од 10.00 – 17.00 часот. Не е вклучено: сите увозни пијалоци, свежо цедени сокови, Турско кафе, сладолед, сите флаширани пијалоци, специјални вина, храна и пијалоци по 23.00 часот.
Содржина
Главен ресторан, барови покрај базен, бар на плажа, лоби бар. Доктор, услуга за перење, телефон, факс, рент а кар, шопинг центар се доплаќаат. WI – FI интернет конекција е бесплатна во лоби.
Плажа
Хотелска плажа, песочна, на 150м од хотелот (истата плажа како и за Sun Beach Hotel), со бесплатни лежалки, чадори за сонце. Пешкири на плажа се доплаќаат.
Спорт и забава
Надворешен и внатрешен базен за возрасни и деца, фитнес, пинг понг. Турска бања, сауна и масажа, компјутерски игри се доплаќаат. Соба за играње за деца. Се доплаќаат: спортови на вода.
ТИП НА СОБИ |
ECONOMY ROOM |
STANDARD ROOM |
STANDARD ROOM SIDE SEA VIEW |
Хотелските соби може да варираат во големина и дизајн, па сместувањето во собите од сликите не е загарантирано. Хотелите имаат право да ја променат својата политика на обезбедените услуги (за дополнителни трошоци / бесплатно). Искрено се извинуваме за какви било несогласувања.