fbpx
+389 74 608 117 +389 32 605 117 info@danitravel.mk danitravelmk@gmail.com
Travel Agency & Transportation Company
+389 74 608 117 +389 32 605 117 info@danitravel.mk danitravelmk@gmail.com
Travel Agency & Transportation Company

RIOLAVITAS SPA & RESORT 5*

Опис
  • Директен чартер летСкопје - Анталија - Скопје
  • Ултра се вклученоШведска маса + пијалоци
  • Надворешен / внатрешен базен+ СПА центар
  • Приватна плажаЧадори/лежалки - бесплатно

Положба
Хотелот се наоѓа во областа Sorgun, оддалечен 70 км од аеродромот во Анталија и 7 км од градот Сиде.


Сместување
Вкупен број на соби 300. Стандардни соби (35m², една спална соба, едно купатило, макс 2+1 лице), Swim up соби (35m², една спална соба, едно купатило, директен излез на базен, макс. 2+1 лице), Фамилијарни соби (55m², две спални соби, две купатила, макс. 4 лица). Сите соби се со купатило со туш кабина, фен, клима, телефон, сеф (со доплата), мини бар (се дополнува секој ден со вода и безалкохолни пијалоци), ламинат на подот, сателитска LCD TV и балкон.


Услуга
Ultra all Inclusive – шведска маса за појадок, ручек, вечера, попладневна ужина, детска шведска маса, ресторан на плажа (се служи само ужина, безалкохолни пијалоци и пиво), сите локални алкохолни и безалкохолни пијалоци, сладолед во одредени часови, A’la Carte ресторани со претходна резервација еднаш за време на престојот (Verde & Gusto). Не е вклучено: премиум увозни пијалоци, специјални вина, коктели, луксузни пијалоци, свежо цедени сокови, флаширани пијалоци, A’la Carte ресторани со претходна резервација и доплата, послуга во соба.


Содржини
Главен ресторан со шведска маса, A’la Carte ресторани: Gusto – Медитаранска кујна, Verde – Италијанска кујна, Turca – Турска кујна, барови околу хотелскиот комплекс. Доктор, бебиситер, услуги за перење и пеглање, фризер, телефон, факс, интернет и компјутерски игри, продавници, рент а кар дополнително се наплатуваат. WI-FI интернет конекција на јавни места и во собите е бесплатна.


Плажа
Хотелска приватна песочна плажа на 300 метри од хотелот. Лежалки, чадори и пешкири на плажа се бесплатни. Бесплатен превоз на релација хотел – плажа – хотел во текот на целиот ден.


Спорт и забава
Надворешни и внатрешни базени, лизгалки на вода, фитнес центар, пинг понг, одбојка на плажа, сауна и Турска бања се бесплатни. Масажа, Wellness & SPA центар, спортови на вода, билјард, копнутерски игри дополнително се наплатуваат. Забавни програми покрај базенот и на плажа, натпревари за возрасни и деца, шоу програми во вечерните часови. Мини клуб за деца од 04-12 години со специјални програми.


 

Ценовник
Цената вклучува:
  • Авио билет на релација Скопје – Анталија – Скопје
  • Трансфер аеродром – хотел – аеродром
  • Сместување во избраниот хотел и услуга според концептот на истиот аранжман
  • Аеродромски такси во Скопје и Анталија
  • Организација и реализација на аранжманот
Цената не вклучува:
  • Факултативни излети
  • Задолжително патничко здравствено осигурување
Напомени:
  • Цените се изразени во евра, плаќањето е задолжително во денарска против вредност
    по курс 1 еур = 62 денари
  • За резервација задолжителна уплата на аванс од 30% од вкупниот износ
    (за резервации со рано букирање е потрена целосна уплата на аранжманот според времетраењето на понудата)
  • Целосна доплата на аранжманот 15 дена пред патувањето
  • За ова патување патникот е должен да поседува валиден биометриски пасош со важност во
    наредните 6 месеци
  • За овие аранжмани важат општите услови за патување на СКТМ

ТИП НА СОБИ

STANDARD  ROOM DBL

STANDARD ROOM POOL SIDE DBL

STANDARD ROOM SEA SIDE VIEW DBL

FAMILY (2 BEDROOM) TYP A DBL

Побарајте цена за овој хотел на +389 74 608 117

или испратете е-маил на: info@danitravel.mk
Локација
st
Галерија

Политика на хотелот

Хотелските соби може да варираат во големина и дизајн, па сместувањето во собите од сликите не е загарантирано. Хотелите имаат право да ја променат својата политика на обезбедените услуги (за дополнителни трошоци / бесплатно). Искрено се извинуваме за какви било несогласувања.