+389 74 608 117 +389 32 605 117 info@danitravel.mk danitravelmk@gmail.com
Travel Agency & Transportation Company
+389 74 608 117 +389 32 605 117 info@danitravel.mk danitravelmk@gmail.com
Travel Agency & Transportation Company

INTERHOTEL 4* Sandanski

Опис

Интерхотел Сандански е лоциран во југозападниот дел на Бугарија, регион кој е најпознат по лековитата клима и термалните извори. Хотелот е лоциран во самиот центар на Сандански, на само неколку чекори од живописниот градски парк, поголемите продавници и во близина на многу споменици и историски знаменитости. Интерхотел Сандански го нуди еден од најголемите медицински центри за лекување и рехабилитација на Балканскиот Полуостров. Хотелот има 285 удобни соби и суити, три ресторани, лоби бар и пул бар. Гостите може да користат три базени со минерална вода, од кои еден е со температура на водата 38 ° C.

Комплексот во својот состав има 5 новоизградени тениски терени, прикладни за организирање на професионални турнири. За семинари, настани, работилници и слично, хотелот има на располагање 4 конференциски сали со капацитет од 30 до 250 места, како и простор за изложби и презентации.

 Опис на соби:

  • DBL – двокреветна стандард: Брачен кревет или два единечни, софа на спуштање и можност за бебе креветче (1-4 кат)
    Максимален капацитет: 2 возрасни + 1 дете до 15,99 + 1 дете до 3,99
    *можност за connect соби (две соби поврзани со врата) во зависност од расположливоста во моментот
  • DBL – двокреветна лукс: Брачен кревет или два единечни, софа на спуштање и можност за бебе креветче (нов мебел, 5-7 кат)
    Максимален капацитет: 2 возрасни + 1 дете до 15,99 + 1 дете до 3,99
  • STD – студио стандард: Спална со еден брачен кревет, физички одделена  (без врата) дневна со кауч на спуштање и можност за бебе креветче (1-4 кат)
    Максимален капацитет: 3 возрасни + 1 дете до 11,99 год + 1 дете до 3,99 год
  • APP – апартман лукс: Спална со еден брачен кревет, физички одделена (со врата) дневна со кауч на спуштање и можност за бебе креветче, две купатила (5-7 кат)
    Максимален капацитет: 3 возрасни + 1 дете до 11,99 год + 1 дете до 3,99 год.

Цената вклучува:

  • Затворен базен со минерална вода од 33⁰С (полуолимписки размери)
  • Отворен базен со минерална вода од 33⁰С
  • Отворен термален базен со минерална вода 38⁰С
  • сауна / парна бања / фитнес
  • Лежалка и пешкир покрај базените
  • Wi-Fi интернет
  • Паркинг

Во цената не е вклучено:

  • Туристичка такса
  • Патничко осигурување
НАПОМЕНИ:
Легенда

Цените се дадени по лице од ден според избраниот вид на сместување.

Дополнителните попусти НЕ се комбинираат со EB попустот за рани резервации!

За уплата во денарска противвредност 1€ – 62мкд

Хотелските соби може да варираат во големина и дизајн, па сместувањето во собите од сликите не е загарантирано. Хотелите имаат право да ја променат својата политика на обезбедените услуги (за дополнителни трошоци / бесплатно). Искрено се извинуваме за какви било несогласувања.

p/1pax – цена по лице по ден
p/2pax – цена за две лица по ден
p/3pax – цена за три лица по ден
p/4pax – цена за четири лица по ден
p/5pax – цена за пет лица по ден
p/6pax – цена за шест лица по ден
RO – Само сместување
BB – Ноќевања со појадок
HB – Појадок и вечера
FB – Појадок, ручек и вечера
AI – all incl Се Вклучено

DBL/TWIN - двокреветна соба (можен помошен кревет)
SGL - еднокреветна соба
APP - апартман
Family - фамилијарна соба
SUITE – суит
Mezonette – мезонет
Bungalow – бунгалов
PV/MV - поглед на парк
SV - поглед на море
Ценовник
Локација
Галерија