fbpx
+389 74 608 117 +389 32 605 117 info@danitravel.mk danitravelmk@gmail.com
Travel Agency & Transportation Company
+389 74 608 117 +389 32 605 117 info@danitravel.mk danitravelmk@gmail.com
Travel Agency & Transportation Company

Hotel Ozon 3* – Brzece

Опис

Хотел ,,Ozon” 3* е удобен хотел сместен во центарот на Брзече, на само 350 метри од Гондолата Брзече-Мали Караман која Ве води директно на ски патеките на Копаоник

Опис на сместување:

Категоризиран како хотел со 3 ѕвезди, “Ozon” им нуди на своите гости идеален одмор, на идеална локација за идеална цена. Локацијата на хотелот е одлично позиционирана во туристичкото место Брзече кое се наоѓа на надморска височина од 1100 метри,на 18 километри од ски центарот Копаоник и во непосредна близина на гондолата која директно го поврзува со Копаоник , комбинирана со квалитетот на сместувањето е пријатно и добро место за идеален зимски одмор во сместувачки капацитети со врвен квалитет. Со акцент на срдечност, удобност, хигиена и квалитет, персоналот на хотелот е достапен 24 часа на ден за сите потреби на гостите. Во рамките на хотелот има ресторан и кафе-бар, интернет, паркинг со видео надзор, ски гардеробер,фитнес центар со сауна,џакузи-базен,теретана.Нашата агенција располага  со следниве типови на соби:

Двокреветни соби со два одвоени кревети

Двокреветни соби со француски(брачен) кревет

Трокреветни соби со три единечни кревети

Четирикреветни апартмани со еден брачен кревет во едната соба  и дневна соба со софа на развлекување

Петтокреветни поткровни соби со брачен кревет и три одвоени легла

Сите соби и апартмани имаат сопствена бања со туш кабина, фен, мини фрижидер,ТВ, бесплатен wi-fi и тераса(дел од собите).

Појадокот и вечерата во хотелот се на база на шведска маса.

Ценовник

Цени во евра по соба за полупансион ( доручек и вечера )

ТЕРМИН УСЛУГА 1/2 1/3 1/2 + 2 1/5

22.12.-26.12.21

26.12.-30.12.21

4 H/B 336 454 538 672
02.01.-06.01.22 4 H/B 368 496 588 736

06.01-11.01.22

11.01.-16.01.22

16.01.-21.01.22

5 H/B 470 635 752 940

21.01.-26.01.22

26.01.-31.01.22

31.01.-05.02.22

05.02.-10.02.22

5 H/B 435 587 696 870

10.02.-15.02.22

15.02.-20.02.22

5 H/B 480 648 768 960

20.02.-25.02.22

25.02.-02.03.22

5 H/B 435 587 696 870
02.03.-06.03.22 4 H/B 348 470 557 696

Напомена: Во 1/4 Апп 4то лице максимум 12 години возраст; Во 1/5 Апп 4то и 5то лице максимум 12 години возраст


Цена на НОВОГОДИШЕН АРАНЖМАН:
14.900 ден

Превоз со високо туристички автобус.
Придружник-пратител на групата за време на патувањето
Автобуски превоз до Копаоник на 31.12 и 01.01.2021
Организиран дочек на Новата Година со вклучена свечена вечера на 31.12.2021 и реприза на вечерата на 01.01.2021 (богато мени од српската кујна и неограничено пиење)
Организација и водство на патувањето.


 

НОВОГОДИШНА Агенда

30.12.2021 (четврток) Скопје – Брзече

Состанок на групата  во 07:00 часот. Поаѓање кон Брзече со попатни паузи. Се патува преку граничен премин Табановце. Пристигнување во Брзече, сместување во хотел ,,ОЗОН,,. Слободно време за индивидуални активности. Вечера. Ноќевање.

31.12.2021 (петок) Брзече-Копаоник

Појадок. По појадокот организирана посета на Копаоник каде ќе имате можност да уживате во  прекрасните ски терени како и да ја почувствувате предновогодишната атмосфера во некое од многуте кафулиња и ресторани. Во договорено време, враќање во хотел. Краток одмор. Подготовки за дочек на Новата Година во хотелот.Организирана свечена вечера со богато мени, музика и забава според протоколи. Ноќевање

01.01.2022 (сабота) Брзече

Појадок. По појадокот, Слободно време за индивидуални активности или повторно  можност за  посета на Копаоник и уживање во убавините на Копаоник. Враќање во хотел.  Слободно време. Реприза на свечена вечерa. Ноќевање

02.01.2022 (недела) Брзече – Скопје

Појадок. По појадокот одјавување од хотел и заминување за Скопје со попатни паузи за одмор и царински формалности. Пристигнување во Скопје во вечерните часови

ВАЖНИ НАПОМЕНИ:

  • Цените во табелите се дадени по соба за 4/5 полупансиони (доручек и вечера)
  • Туристичка такса 1€ по лице на ден ( се плаќа во хотел); Деца 7-15 години 0,60€ по лице на ден; Деца до 6,99 години ГРАТИС
  • Автобуски превоз се доплаќа 40 евра по лице повратен билет.
  • Автобускиот превоз се врши со високо туристички автобуси на фирмата ББ Бус Турс и истите можете да ги погледнете на bbbustours.mk.
  • За време на патувањето треба да бидат запазени сите протоколи како: задолжителна дезинфекција при влез во автобус и одржување на дистанца за патници кои не патуваат зедно,задолжително носење на маска која ке ги покрива устата и носот.
  • Пополнетоста на патници во автобусот ке биде согласно моменталните протоколи за патување.
  • Во текот на целото патување во автобусот ке има и придружник од агенцијата.
  • Цените во табелите се дадени во евра,плаќањето се врши  исклучиво во денарска противредност по курс  1 евро (62мкд).
  • Во цената на аранжманот не е вклучено патничко-здравствено осигурување,препорачуваме Халк осигурување кое може да го извадите во нашата агенција со вклучено КОВИД -19 покритие.
  • За ова патување важат Општите услови за Патување на СКТМ и Туроператорот

drho

Локација
Галерија