+389 74 608 117 +389 32 605 117 info@danitravel.mk danitravelmk@gmail.com
Travel Agency & Transportation Company
+389 74 608 117 +389 32 605 117 info@danitravel.mk danitravelmk@gmail.com
Travel Agency & Transportation Company

CORAL BEACH TIRAN SSH 4 *

Опис

Простран ресорт сместен во областа Ras Nasrana, во регионот на Shark’S Bay. Прекрасната плажа се наоѓа во преубавиот и живописен корален гребен кој се вбројува меѓу петте најдоби локации за нуркање. Оддалечен од аеродромот 8 км, а од центарот на Nama Bay 7 км. 
Хотелот располага со 367 соби. Сите соби имаат купатило, фен, ТВ, телефон, клима уред, сеф, мини бар, балкон или тераса. 
Покрај главниот ресторан хотелот има 2 a la carte ресторани, неколку барови, продавници, салон за убавина, менувачница, бесплатен wi-fi во лобито на хотелот и сервис за перење и пеглање. 
На гостите на располагање им се 3 надворешни базени, спа центар, фитнес, 2 тениски терени, пинг понг, теретана, центар за нуркање и спортови на вода. Користењето на лежалки, чадори и пешкири се бесплатни. На плажа се препорачува носење на соодветни гумени обувки за капење. 

ТИП НА СОБИ

STANDARD ROOM

STANDARD SEA VIEW ROOM

 

 

Ценовник

Побарајте цена за овој хотел на +389 74 608 117

или испратете е-маил на: info@danitravel.mk
Цената вклучува
Цената не вклучува
Напомени
  • 6 ноќевања на услуга All inclusive 
  • Аеродромски такси
  • Авионски билет со чартер лет на релација Скопје – Шарм Ел Шеик – Скопје 
  • дозволени 20 кг чекиран багаж по лице 
  • Трансфер  аеродром – хотел – аеродром 
  • Организација на аранжманот 
  • Египетска влезна виза (25 еур – се плаќа на лице место) за македонски државјани се добива на аеродром при пристигнување во Шарм Ел Шеик. 
  • Потребно е да имате пасош со важност најмалку 6 месеци од датумот на завршување на Вашиот престој во Шарм Ел Шеик и потврда за хотелска резервација 
  • Факултативни екскурзии и индивидуални трошоци 
  • Патничко осигурување

Цените се изразени во евра, плаќањето е задолжително во денарска против вредност по курс 1еуро = 62ден 
За резервација задолжителна уплата на аванс од 30% од вкупниот износ 
Целосна доплата на аранжманот 21 ден пред патувањето 
За резервација со РАНА РЕЗЕРВАЦИЈА задолжителна уплата на аванс од 50% од вкупниот износ 
Задолжително патничко осигурување ,со важност на ваучерот 
За ова патување патникот е должен да поседува валиден биометриски пасош кој треба да има важност 6 месеци од денот на патување.Исполнувањето на овој услов и последиците настанати од неговото непочитување е под одговорност на патникот 
Важат општите услови на патување на тур операторот и СКТМ

 

Пријавување на гости: 14:00 часот

Одјавување на гости: 10:00 часот

Локација
at
Галерија