+389 74 608 117 +389 32 605 117 info@danitravel.mk danitravelmk@gmail.com
Travel Agency & Transportation Company
+389 74 608 117 +389 32 605 117 info@danitravel.mk danitravelmk@gmail.com
Travel Agency & Transportation Company

CLEOPATRA LUXURY RESORT MAKADI 5*

Опис

Cleopatra Luxury Resort Makadi Bay е простран и удобен ресорт кој се наоѓа покрај Црвеното Море, во близина на Хургада. Има 8 базени на отворено, нуркачки центар во рамките на објектот, продавници, супермаркет и базар.
Деликатната рамнотежа на луксуз и удобност го прави овој ресорт погоден како за фамилии, така и за парови и друштва. Cleopatra Luxury Resort Makadi Bay нуди по нешто за секого: подмладувачки спа третмани, возбудливи авантури, богати културни искуства и прекрасни плажи. Без разлика дали ќе уживате во спа третманите или во нуркањето низ живописното Црвено Море, овој ресорт ќе го направи вашиот престој незаборавно искуство.
На располагање на гостите има секојдневни активности како аква фитнес, аеробик, јога, фудбал на плажа, одбојка на плажа, а навечер има шоу во живо со бенд во ноќниот клуб на хотелот.
Сместување
Cleopatra Luxury Resort во Макади нуди 448 прекрасно опремени соби и апартмани од различна категорија кои ќе ги задоволат сите потреби на гостите. Сите соби се опремени со ТВ, телефон, сеф, клима, електричен бокал за вода, мини бар, бања со туш кабина, фен, козметичко огледало и балкон или тераса.
Услуга
Овде може да уживате во префинетиот вкус на интернационална кујна, големиот број барови и 2 ресторани. Секоја вечер се организира забавна програма за сите возрасти:

  •  Утринската програма започнува во 10:00 – 17:00 ч.
  • Ноќната програма започнува во 20:00 и трае до полноќ
  •  Дискотeката започнува во 21:30 – 03:00 ч.
    Во понудата е широк избор на услуги и содржини, вклучувајќи го и најновиот спа центар со сертифицирани професионалци кои ќе ви овозможат разновидни третмани и терапии за релаксирање.
    Заливот Макади е оддалечен 10 км од ресортот, марината во Хургада е оддалечена 35 км., а аеродромот во Хургада е на 30 км од објектот. Брза WiFi конекција е достапна во лобито и баровите покрај базенот. За сите гости има бесплатни 2GB по уред. Во рамките на објектот има и бесплатен паркинг.

ТИП НА СОБИ

STANDARD SEA VIEW ROOM DBL

FAMILY ROOM DBL

STANDARD BEACH FRONT ROOM DBL

PREMIUM DELUXE ROOM DBL

Ценовник

Побарајте цена за овој хотел на +389 74 608 117

или испратете е-маил на: info@danitravel.mk
Цената вклучува
Цената не вклучува
Напомени
  • 6 ноќевања со All inclusive или Ultra All Inclusive услуга
  • Авионски билет со чартер лет на релација Скопје – Хургада – Скопје
  • Аеродромски такси и административни такси
  • Трансфер аеродром – хотел – аеродром
  • Чекиран багаж од 20 кг по лице во авион
  • Организација на аранжманот
  • Египетска влезна виза за македонски државјани ( цената е 25 евра по лице, важи за возрасни и за деца, а се плаќа на лице место при пристигнување на аеродромот во Хургада. Задолжително е да поседувате македонски пасош со важност најмалку 6 месеци од датумот на завршување на вашиот престој во Хургада и ваучер за потврда на хотелска резервација. )
  • Факултативни екскурзии и индивидуални трошоци
  • Патничко осигурување
  • За правење резервација потребна е уплата од мин 30% од вкупната цена на аранжманот. Потврдува од хотелот за резервацијата се добива во рок од 24 до 48 работни часа. Кога Вашата резервација ќе биде потврдена ќе бидете известени.
  • Во случај да не биде потврден избраниот хотел, ќе ви биде предложен друг соодветен хотел. Доколку не ви одговара дадената алтернатива имате право на целосен повраток на уплатените средства. За сите дополнителни информации и прашања, ве молиме контактирајте не.
  • Цените се изразени во евра, плаќањето е во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари
  • За да се направи барање за резервација е потребна уплата од 30% од вкупната цена на аранжманот. Целосната доплата на аранжманот е до 20 дена пред денот на поаѓање.
  • Во случај на не придржување на правилата за плаќање значи дека резервацијата ќе биде откажана (сторнирана), при што следуваат и пенали од страна на хотелот.
Галерија