fbpx
+389 74 608 117 +389 32 605 117 info@danitravel.mk danitravelmk@gmail.com
Travel Agency & Transportation Company
+389 74 608 117 +389 32 605 117 info@danitravel.mk danitravelmk@gmail.com
Travel Agency & Transportation Company

BOSPHORUS SORGUN HOTEL 5*

Опис
  • Директен чартер летСкопје - Анталија - Скопје
  • Се вклученоШведска маса + пијалоци
  • надворешен/внатрешен базенинфинити базен + аква парк
  • Приватна плажаЧадори/лежалки - бесплатно

Положба

Хотелот се наоѓа во областа Sorgun, 5 км од Сиде и Манавгат и 64 км од аеродромот во Анталија.


Сместување

Вкупен број на соби 455 лоцитани во главна зграда. Стандардни соби (33m², една спална соба и едно купатило, макс. 2+1 лице, макс. 2+1 лице), Суит соби (55m², две спални соби одвоени со врата, едно купатило, макс. 4 лица). Сите соби се модерно декорирани, со купатило со туш кабина, фен, посебен клима уред, телефон, ламинат на подот, мини бар (се дополнува секој ден со вода), електричен бокал, сет за кафе и чај, сеф, сеф, ТВ, балкон. WI- FI интернет конекција – бесплатна.


Услуга

All inclusive – шведска маса за појадок, доцен појадок, ужина во претпладневните часови, ручек, попладне кафе, чај, колачи, вечера, доцна ужина, сите локални и некои увозни алкохолни и безалкохолни пијалоци, шведска маса за деца, свежо цедени сокови само за појадок, A’la Carte ресторани: рибен, Мексикански, Турски и Италијански со претходна резервација еднаш за време на престојот, дел за деца во ресторанот, диетална шведска маса. Не е вклучено: луксузни увозни пијалоци, ексклузивни вина, флаширани пијалоци, свежо цедени сокови, пијалоци по 22:00 часот, пијалоци во Диско клуб.


Содржини

Главен ресторан со шведска маса, A’la Carte ресторани – Pasabahce (Италијанска и & Мексиканска кујна), Sariyer (рибен ресторан), Dolmabahce (Турска кујна) со претходна резервација еднаш за време на престојот. Барови околу хотелскиот комплекс во кои се служи храна и пијалоци. Доктор, бебиситер, услуги за перење и пеглање, телефон, факс, интернет, компјутерски игри, рент а кар дополнително се наплатуваат. WI-FI интернет конекција е бесплатна.


Плажа

Хотелска приватна плажа оддалечена 250 метри од хотелот, песочна со камчиња, со лежалки, чадори и пешкири кои се бесплатни. Бесплатен превоз на релација хотел – плажа – хотел.


Спорт и забава

Внатрешни и надворешни базени за возрасни и деца, аква парк со лизгалки на вода, фитнес центар, Турска бања, сауна, парна бања, одбојка на плажа, пинг понг. Со доплата: Масажа, SPA& Wellness центар, билјард, куглање, спортови на вода. Забавни програми во текот на денот и шоу програми во вечерните часови. Мини клуб за деца од 04-12 години, мини Диско и различни активности за деца.


 

Ценовник
Цената вклучува:
  • Авио билет на релација Скопје – Анталија – Скопје
  • Трансфер аеродром – хотел – аеродром
  • Сместување во избраниот хотел и услуга според концептот на истиот аранжман
  • Аеродромски такси во Скопје и Анталија
  • Организација и реализација на аранжманот
Цената не вклучува:
  • Факултативни излети
  • Задолжително патничко здравствено осигурување
Напомени:
  • Цените се изразени во евра, плаќањето е задолжително во денарска против вредност
    по курс 1 еур = 62 денари
  • За резервација задолжителна уплата на аванс од 30% од вкупниот износ
    (за резервации со рано букирање е потрена целосна уплата на аранжманот според времетраењето на понудата)
  • Целосна доплата на аранжманот 15 дена пред патувањето
  • За ова патување патникот е должен да поседува валиден биометриски пасош со важност во
    наредните 6 месеци
  • За овие аранжмани важат општите услови за патување на СКТМ

ТИП НА СОБИ

STANDARD ROOM DBL

Побарајте цена за овој хотел на +389 74 608 117

или испратете е-маил на: info@danitravel.mk
Локација
st
Галерија

Политика на хотелот

Хотелските соби може да варираат во големина и дизајн, па сместувањето во собите од сликите не е загарантирано. Хотелите имаат право да ја променат својата политика на обезбедените услуги (за дополнителни трошоци / бесплатно). Искрено се извинуваме за какви било несогласувања.