fbpx
+389 74 608 117 +389 32 605 117 info@danitravel.mk danitravelmk@gmail.com
Travel Agency & Transportation Company
+389 74 608 117 +389 32 605 117 info@danitravel.mk danitravelmk@gmail.com
Travel Agency & Transportation Company

AMELIA BEACH RESORT & SPA 5*

Опис
  • Директен чартер летСкопје - Анталија - Скопје
  • Се вклученоШведска маса + пијалоци
  • надворешен/внатрешен базен
  • Приватна плажаЧадори/лежалки - бесплатно

Положба

Хотелот се наоѓа во областа Kizilot, оддалечен 80км од аеродромот во Анталија и 15км од Сиде.


Сместување

Вкупен број на соби 479 во главна зграда.  Стандардни соби (36m², една спална соба, едно купатило, макс. 2+1 лица). Фамилијарни соби со кревети на спрат (36– 39m², една спална соба со брачен кревет и кревети на спрат, едно купатило, макс. 2+2 лица). Фамилијарни соби (43m², две спални соби одвоени со врата, едно купатило, макс. 4 лица).  Сите соби се со купатило со када, фен, централна клима која работи според временските услови, телефон, мини бар (се дополнува секој ден со безалкохолни пијалоци), сеф (со доплата), сателитска ТВ, балкон.


Услуга

All inclusive – шведска маса за појадок, доцен појадок, ручек, попладне трти, чај, кафе, вечера, полноќна супа, A’la Carte ресторани со претходна резервација еднаш за време на престојот, сладолед во попладневните часови, бар на плажа од 10:00 – 17:00 часот, сите локални алкохолни и безалкохолни пијалоци до 24.00 часот.

НЕ Е ВКЛУЧЕНО: сите увозни пијалоци, пијалоци по 24.00 часот, свежо цедени сокови, сите флаширани пијалоци, послуга во соба, сите пијалоци во Диско клуб и Витамин бар.


Содржини

Главен ресторан Acacia со шведска маса, A’la Carte ресторани: Tulip (Турска кујна), Olive (Италијанска кујна), Bonsai (Кинеска храна) и Oleander (рибен ресторан) со претходна резервација, лоби бар, бар покрај базенот и на плажа, Диско клуб. Доктор, услуги за перење и пеглање, бебиситер, фризер, телефон, факс, интернет, компјутерски игри, продавници, рент а кар дополнително се наплатуваат. WI-FI интернет конекција до 50Mb во Лоби е бесплатна.


Плажа

Хотелска приватна плажа, песочна со камчиња, се преминува преку пат до плажата преку тунел, лежалки, чадори и пешкири на плажа се бесплатни.


Спорт и забава

Надворешни и внатрешни базени за возрасни и деца, лизгалки на вода, Турска бања, сауна, фитнес центар, тениски терени, пинг понг, терен за кошарка, одбојка се бесплатни. Масажа, спортови на вода, куглање, билјард, осветлување за тениски терени и опрема, Wellness центар и салон за убавина дополнително се наплатуваат. Забавни програми во текот на денот и вечерта. Мини клуб за деца од 04-12 години и Teeny Club за деца од 11 – 15 години. Luna Park дополнително се наплаќа.


 

Ценовник
Цената вклучува:
  • Авио билет на релација Скопје – Анталија – Скопје
  • Трансфер аеродром – хотел – аеродром
  • Сместување во избраниот хотел и услуга според концептот на истиот аранжман
  • Аеродромски такси во Скопје и Анталија
  • Организација и реализација на аранжманот
Цената не вклучува:
  • Факултативни излети
  • Задолжително патничко здравствено осигурување
Напомени:
  • Цените се изразени во евра, плаќањето е задолжително во денарска против вредност
    по курс 1 еур = 62 денари
  • За резервација задолжителна уплата на аванс од 30% од вкупниот износ
    (за резервации со рано букирање е потрена целосна уплата на аранжманот според времетраењето на понудата)
  • Целосна доплата на аранжманот 15 дена пред патувањето
  • За ова патување патникот е должен да поседува валиден биометриски пасош со важност во
    наредните 6 месеци
  • За овие аранжмани важат општите услови за патување на СКТМ

ТИП НА СОБИ

ECONOMY ROOM DBL

STANDARD ROOM LAND VIEW DBL

STANDARD ROOM SEA VIEW DBL

Побарајте цена за овој хотел на +389 74 608 117

или испратете е-маил на: info@danitravel.mk
Локација
st
Галерија

Политика на хотелот

Хотелските соби може да варираат во големина и дизајн, па сместувањето во собите од сликите не е загарантирано. Хотелите имаат право да ја променат својата политика на обезбедените услуги (за дополнителни трошоци / бесплатно). Искрено се извинуваме за какви било несогласувања.