fbpx
+389 74 608 117 +389 32 605 117 info@danitravel.mk danitravelmk@gmail.com
Travel Agency & Transportation Company
+389 74 608 117 +389 32 605 117 info@danitravel.mk danitravelmk@gmail.com
Travel Agency & Transportation Company

ALAN XAFIRA DELUXE RESORT 5*

Опис
  • Директен чартер летСкопје - Анталија - Скопје
  • Ултра Се вклученоШведска маса + пијалоци
  • Надворешен / внатрешен базен+ лизгалки
  • Приватна плажаЧадори/лежалки - бесплатно

Положба

Хотелот се наоѓа во областа Turkler, 15 км од Аланија и 100 км од аеродромот во Анталија.


Сместување

Вкупен број на соби 804. Супериор стандарни соби 634 (37м², една спална, едно купатило макс.3+1 лица), фамилијарни соби 126 (50м², две спални одвоени со лизгачка врата, едно купатило, макс. 4 лица), 8 соби за хендикепирани лица, Garden фамилијарни соби 16 (53м², една спална, една дневна соба, едно купатило, директен пристап до базен, макс.3+1 лица), Vip Villas (120м², лоцирани околу приватен базенот, три спални соби, дневна соба, два туша и едно купатило со џакузи, три балкони, макс 4+1 лица). Сите соби се со купатило со туш, фен, централна клима, телефон, мини бар (вода и минерална вода секојдневно се надополнуваат), сеф, сателитска ТВ и музички канали, ламинат на под, балкон.


Услуга

Ултра Се вклучено-шведска маса за појадок, доцен појадок, ручек, попладневна ужина, доцна вечерна ужина, вечера, локални и стандардни увозни алкохолни и безалкохолни пијалоци, сладолед во одредени часови, A‘la Carte ресторани со претходна резервација и само еднаш за време на престојот, храна и пијалоци во барот со ужина на плажа од 10.00 до 18.00 часови. Премиум увозни пијалоци, флаширани пијалоци, услуга во соба, увозен шампањ, свежо цедени сокови, специјални вина дополнително се наплатуваат.


Содржини

Главен ресторан со шведска маса, A‘la Carte ресторани-Турска кујна, Италијанска кујна, ресторан со морска храна, барови низ целиот хотелски комплекс. Доктор, фризер, продавници, телефон, факс, интернет дел, rent a car, чување деца, перална дополнително се наплатуваат. Wi-Fi конекција е бесплатна во лобито.


Плажа

Хотелска плажа на 550м од хотелот, песочна и со ситни камчиња. Лежалки, чадори за сонце, пешкири за на плажа се бесплатни. Има бесплатен шатл превоз на секои 15 минути до плажа.


Спорт и забава

Отворени и затворени базени за деца и возрасни, лизгалици на вода, фитнес центар, сауна, Турска бања, одбојка на плажа, пинг понг. Cпортови на вода, билијард, СПА & центар за убавина, масажа дополнително се наплатуваат. Забавни програми во текот на денот, натпревари покрај базенот и на плажа, вечерни шоу програми. Мини клуб за деца 04-13 години.


 

Ценовник
Цената вклучува:
  • Авио билет на релација Скопје – Анталија – Скопје
  • Трансфер аеродром – хотел – аеродром
  • Сместување во избраниот хотел и услуга според концептот на истиот аранжман
  • Аеродромски такси во Скопје и Анталија
  • Организација и реализација на аранжманот
Цената не вклучува:
  • Факултативни излети
  • Задолжително патничко здравствено осигурување
Напомени:
  • Цените се изразени во евра, плаќањето е задолжително во денарска против вредност
    по курс 1 еур = 62 денари
  • За резервација задолжителна уплата на аванс од 30% од вкупниот износ
    (за резервации со рано букирање е потрена целосна уплата на аранжманот според времетраењето на понудата)
  • Целосна доплата на аранжманот 15 дена пред патувањето
  • За ова патување патникот е должен да поседува валиден биометриски пасош со важност во
    наредните 6 месеци
  • За овие аранжмани важат општите услови за патување на СКТМ

ТИП НА СОБИ

STANDARD ROOM LAND VIEW DBL

STANDARD ROOM POOL VIEW DBL

Побарајте цена за овој хотел на +389 74 608 117

или испратете е-маил на: info@danitravel.mk
Галерија

Политика на хотелот

Хотелските соби може да варираат во големина и дизајн, па сместувањето во собите од сликите не е загарантирано. Хотелите имаат право да ја променат својата политика на обезбедените услуги (за дополнителни трошоци / бесплатно). Искрено се извинуваме за какви било несогласувања.