fbpx
+389 74 608 117 +389 32 605 117 info@danitravel.mk danitravelmk@gmail.com
Travel Agency & Transportation Company
+389 74 608 117 +389 32 605 117 info@danitravel.mk danitravelmk@gmail.com
Travel Agency & Transportation Company

Св.Јован Бигорски, Рајчица и Вруток

  • Времетраење: 12 саати
  • Слободни места : 14
  • Термин: Окт11'

Манастирот Свети Јован Бигорски – се наоѓа  на надморска височина од 740 метри, во непосредна близина на селото Ростуше.  Манастирот е положен во варовните карпи на кањонската долина на реката Радика, во бујните шуми на северозападните падини на планината Бистра. Можност да се видат сите убавини на Бигорска Обител  со своите импозантни конаци, возвишени кули, живописни чардаци и традиционални одаи, прекрасни споменици на византиската архитектура. За големина, угледот и богатството на манастирот, зборува и една од најголемите во регионот колекции на свети реликвии.

Свети Ѓорѓи Победоносец – Манастирот и црква посветена на Св.Ѓорѓи Победоносец,  се наоѓа во селото Рајчица, во непосредна близина на градот Дебар, односно во неговото предградие на само 2 км од центарот. Во овој женски манастир од 11 век, се чуваат едно парче од крстот на Исус и мал дел од раката на Св. Ѓорѓи. Св.Ѓорѓи Победоносец е метох на познатиот и најбогатиот македонски манастир Свети Јован Бигорски.

Вруток – изворот на Вардар и кралството на пастрмката
Кога температурите се толку високи што животот во градот ќе ви го направат неподнослив, секој од нас прво посакува да е некаде во природа, покрај шума, вода и вкусна храна. Дозволете си одмор за душата и очите, задоволство за непцата. Тоа ќе го најдете во Вруток, село во северозападна Македонија, на падините на Шар Планина, во близина на Гостивар. Вруток е една од најголемите природни убавини во овој регион, но и една од најубавите во Македонија.

Цената на аранжманот вклучува

  • Превоз на наведената релација со високотуристички автобус или минибус
  • Водство и организација со пратител од агенцијата.

Цената на аранжманот не вклучува

  • Патничко осигурување - //мкд
  • Влезници во музеи - //мкд

Дополнителни информации

  • ---
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ:  800 ден.

За реализација на аранжманот, потребно е минимум 20 патници.

За овој аранжман важат Општите услови на патување на Дани Травел и СКТМ.

Опис

1 ДенШтип - Св. Јован Бигорски - Рајчица - Вруток

Поаѓање во 06:00 часот од Нова Пошта во Штип. Пристигнување во 09:00 часот Св.Јован Бигорски и разглед на манастирскиот комплекс и црквата каде се наоѓа уникатниот иконостас. По разгледот на Бигорскиот манастир се упатуваме кон манастирот Свети Ѓорѓи Победоносец, кој се наоѓа во селото Рајчица, во непосредна близина на градот Дебар, односно во неговото предградие на само 2 км од центарот. Свети Ѓорѓи Победоносец е женски манастир и е метох на познатиот и најбогатиот македонски манастир Свети Јован Бигорски. По разглед на манастирот заминување кон Штип со попатно застанување за ручек во селото Вруток – Гостивар. Пристигнување во вечерните часови.

Галерија
Напомени
  • Агенцијата организира превоз до место кое е најпогодно за застанување и паркирање на автобусот.
  • Агенцијата го задржува правото во случај на промена на цената на превозот, хотелот, недоволен број на пријавени патници и слично, да ја измени цената на аранжманот или пак да го откаже во целост аранжманот на 5 дена пред поаѓање.
  • Организаторот го задржува правото на промена на редоследот на активностите во програмата.
  • За време на разгледите на градовите наведени во програмата не се предвидени посети на внатрешноста на јавнитезгради, институции или културни споменици, освен ако тоа не е посебно нагласено во програмата.
  • Во случај на доцнење на автобусот поради временските услови , вондредни услови во сообраќајот, прекумерни задржувања на границите, расипување на истите или слично, организаторот на патувањето нема одговорност за евентуалните настанати задоцнувања.
5 travellers are considering this tour right now!