fbpx
+389 74 608 117 +389 32 605 117 info@danitravel.mk danitravelmk@gmail.com
Travel Agency & Transportation Company
+389 74 608 117 +389 32 605 117 info@danitravel.mk danitravelmk@gmail.com
Travel Agency & Transportation Company

Сараево и Мостар

  • Сместување:Хотел 3*
  • Исхрана:Појадок
  • Превоз:Автобус
  • Организација:Лиценциран пратител
  • Термин:20.05 - 23.05 /2022
  • Резервации:074 608 117
  • Плаќање на 6 рати
  • Патничко осигурување
Опис

Екскурзија која ќе ви остане во сеќавање, прошетка низ убавините на Босна и Херцеговина. Нашите ноќевања се во „Ерусалимот на Балканот” поточно Сараево. Го посетуваме Мостар а новитет во програмата ни е местото каде што се мешат убавината на природата, архитектурата и историјата, ВРЕЛО БУНA. Последниот ден е резервиран за посета на Босанските пирамиди и градот на Емил Костурица, Дрвенград! Во продолжение програмата за Босна..

1. ДЕНПеток (20.05.2022)

Поаѓања се организирани од повеќе градови во Македонија. Поаѓањето од Скопје е околу 20:30ч но патниците за точно време на поаѓње се известуват на еден пред поаѓање. Се патува преку Србија со попатни вечерни паузи.

2. ДЕНСабота (21.05.2022)

Влегувањето во Босна и Херцеговина е во утринските часови. Упатување кон хотелот
Во договореното време групата продолжува во Сараево на разглед со локален водич. Разгледот започнува од “Vijecnica”па се продолжува до местото каде е извршен атентат врз Франц Фердинанд од страна на Гаврило Принцип, хотел Европа, австро-унгарскиот дел, плоштадот Маршал Тито, местото каде е формирана групата INDEXI, Бегова Џамија и Башчаршија. Разгледот се прави се со цел патниците подобро да се запознаат со градт. По разгледот групата има слободно време за индивидуални активности. Враќање во хотел околу 19:00ч.
Посета на Паб во австроунгарскиот дел во Сараево доколку има интерес од страна на група. Ноќевање.

3. ДЕННедела (22.05.2022)

Третиот ден започнува со појадок и во 08:30ч започнуваме со целодневна екскурзија 😊 Првото место за посета е Јабланица. која не пречекува со приказната за „Неретва“. Групата ќе има можност да го посети местото каде била Битката на Неретва 1943 год. позната како “Bitka za Ranjenike” која била 4-та непријателска офанзива на НОВЈ. Ито така овде е снимен познатиот филм „Битка за Неретва“ 1969 год.. Екскурзијата продолжува кон местото каде што се мешат убавината на природата, архитектурата и историјата oддалечено 12 од Мостар, ВРЕЛО БУНA, извор на реката Буна. Изворот на реката Буна е пример за карстна река и е eден од најголемите и поубавите извори ширум Европа. Водата тече низ пештера која е дел од карпа висока 200 метра a Буна е лева притока на реката Неретва. Место е фантастично, богато со ресторани и кафетерии покрај реката, а доколку барате мир дефинитивно овде ќе го најдете. Исто така ова место е омилено за сите фотографи 😊 Групата има слободно време за прошетка и останати активности. По посетата групата се упатува кон Мостар.
Се посетува стариот мост, каде што можете да направите фантастични фотографии . Голем дел од туристите доаѓаат во Мостар за да го видат мостот, но Мостар има многу повеќе за истражување. Безброј, продавници, сувенирници богати со бакарни предмети каде што можете да си купите сет за кафе или карактеристични локални сувенири или пак килими за вашиот дом, сето ова е лоцирано на Кујунџилук улицата. Ова е интересна улица (со калдрма) за прошетка, ако сте за шопинг можете да поминете часови овде. Слободно време околу 3 часа. Заминување кон Сараево, Ноќевање.

4. ДЕНПонеделник (23.05.2022)

По појадокот во хотел, групата се упатува кон Босанските пирамиди. Пред повеќе од 10 години, во Босна беше пронајдено големо откритие кое го шокираше светот , особено историчарите и археолозите. Босанските Пирамиди беа пронајдени од страна на Др.Семир Османгич и тие го дигнаа во врвот на неговата кариера. Босанските пирамиди се наоѓаат во близина на градот Високо, а според најновите истражувања датираат од предбиблиската историја. Најголемата пирамида е Пирамидата на Сонцето и е прва од тој вид во Европа, додека Пирамидата на Месечината и Пирамидата на Босанскиот Змеј, се значително помали. Под пирамидите се пронајдени три подземни одаи и мало сино езеро. Езерото содржи чиста, стерилна вода, без бактерии, алги, печурки, микроорганизми, животни, мов и кал. Ја нарекуваат жива вода, затоа што го прочистува телото. Тоа значи дека тие објекти всушност се „одаи за прочистување“ и тука телото побрзо се регенерира и болестите исчезнуваат. Покажано е дека просториите под пирамидите имаат лекувачки моќи поради големото ниво на јонизација. По посетата се враќаме во хотел. Патниците кои нема да ги посетат пирамидите имат слободно време во хотел со тоа што по враќање од пирамидите ќе бидат земени од хотел и се продолжува кон Вишеград. Прекрасен град каде туристите имаат можност да одат на крстарење по Дрина и да се запознаат со природните и историски убавини на градот, да ги слушнат легендата за близнаците Стоја и Остоја како и легендата за невестата Фата. Групата го посетува симболот на градот а тоа е познатиот мост кој е изграден по наредба на Мехмед Паша Соколовиќ и денес е под заштита на UNESCO, опишан во романот на Иво Андриќ „Мостот на Дрина“. Во Вишеград исто така ќе имате можност да го посетите Aндричград познат како и камен град кој инвеститор е познатиот тенисер Новак Џоковиќ. Како културен центар изграден е по иницијатива на Емир Кустурица а за туристи официјално е отворен во 2012 година. Слободно време за прошетка и ручек. Заминување кон Македонија. Пристигнување во Македонија после полноќ.

Цената на аранжманот вклучува

  • Автобуски превоз
  • 2 ноќевања со појадок во хотел 3*
  • Разглед на Сараево со локален водич
  • Туристички придружник за време на патувањето
  • Посета на Вишеград и Андричград

Цената на аранжманот не вклучува

  • Посета на Јабланица, Мостар и Врело Буне- 35 евра (се плаќа во автобус)
  • Посета на Босанските пирамиди (Тунел равно)- 25 евра (се плаќа во автобус)
  • Крстарење по Дрина- 5 евра од лице (Се плаќа во автобус)
  • Туристичка такса- 2 евра од лице за две ноќевања (Се плаќа задолжително во автобус)
  • Босански пакет (Посета на Јабланица, Мостар, Врело Буне и Босанските пирамиди) 55 евра од лице (Се плаќа во автобус)

ПРОМО ЦЕНА:

Промо цена: // 89€ | 5.520ден

за целосна уплата до 3ти Мај

РЕДОВНА ЦЕНА:

Редовна цена: // 99€ | 6.140ден

 

За реализација на аранжманот, потребно е минимум 35 патници.
За овој аранжман важат Општите услови на патување на Туроператорот и СКТМ.
ТА Дани Травел е посредник на патувањето.

esc

Галерија
Напомени
  • За реализација на овој аранжман, потребен е минимум од 40 патници, во спротивно, крајниот рок за известување околу евентуален отказ на аранжманот е најкасно 5 дена пред датумот на поаѓање.
  • Патниците при уплата се изјаснуват за користење на екскурзиите
  • За деца од 3 до неполни 12 години се плаќа 50% од сумата на аранжманот кога станува збор за двајца возрасни и дете до неполни 12 години. Кога станува збор за еден родител и дете од 3 до 12 неполни години, за детето се плаќа 70% од сумата на аранжманот
  • За деца со полни 12 години се плаќа цела сума
  • Организаторот на патувањето го задржува правото за измена на редоследот на поедини содржини во програмата
  • За ова патување потребно е да се приложи сертификат за вакцина или брз антиген тест
  • Патувањето може да биде со валидна лична карта или пасош
  • Доколку патувањето се реализира според планираното и нема никакви пречки за негова реализација, а дојде до откажување од страна на патникот, тогаш откажувањето ќе се реализира во согласност со општите услови за патување.
  • Распоредот на седишта се нумерира според уплатата. Доколку туристите имаат барање за седиште, истото се доплаќа 15 евра за два правци и право на избор на седиште.