fbpx
+389 74 608 117 +389 32 605 117 info@danitravel.mk danitravelmk@gmail.com
Travel Agency & Transportation Company
+389 74 608 117 +389 32 605 117 info@danitravel.mk danitravelmk@gmail.com
Travel Agency & Transportation Company

Комплекс Минами – Охрид

Опис

Вила Минами  е гостинска кука и се наоѓа во селото Коњско во националниот парк Галичица на 1100 м.н.в.
Вилата од центарот на Охрид е оддалечена 11 км или 3км од најблиската плажа. Се наоѓа на прекрасна местоположба помеѓу планината, големите распространи ливади, збогатена со единствен прекрасен поглед на целото езеро. Уживајќи во мирот, тишината и звукот на птиците, тука можете да вкусите се од традиционалната домашна кујна и да се напиете чаша добро домашно вино, ракија или сок.

Содржини
Вилата располага со: паркинг простор (приватен паркинг за кој не е потребна претходна резервација), Wi-Fi конекција, можност за изнајмување на возило, двор кој е опремен со простор за пикник, надворешен простор за јадење, тераса, платформа за сончање, простор за подготвување на скара. Исто така сместувачкиот капацитет е опремен со дневна соба во која има терпезарија и простор за седење. Додека собите располагаат со греење и сеф, брачен кревет или единечни кревети, сопствено купатило опремено со када, основен прибор за хигиена, фен за коса. Комплексот „Минами“ во својот состав има и кафуле и снек бар.

Спорт и забава
Со свеж планински воздух и одлична локација од која може да се види целото Охридско езеро, комплексот „Манами“ е најдоброто место за одмор и релаксација, каде може да се ужива во планинските предизвици (планинарење, возење велосипеди и сл.).
Тука можат да се изнајмат и ATV и Buggy возила и да се искусат турите низ Националниот парк Галичица со еден од професионалните водичи.

Сместување
Во склоп на комплексот се наоѓаат 4 дрвени куќи и една камена куќа. Тоа се вкупно 7 студија и еден апартман – 4 студија на прв спрат и 3 студија на втор спрат. Објектот располага и со традиционален ресторан со капацитет од 100 места, каде може да се пробаат домашни традиционални македонски јадења и да се ужива во прекрасен поглед кон Охридското езеро. Аеродромот во Охрид е оддалечен само 15 км. од Вила „Минами“.

 Опис на сместување:

Апартман

  • 3 спални соби со по 1 брачен кревет
  • 1 дневна соба, 1 тоалет, мини кујна и фрижидер
  • 2 големи тераси на прв и втор спрат и 4 мали тераси на втор спрат
  • целосна квадратура за прв и втор спрат заедно со тераси е 110 m2
  • макс 6 лица./ мин. 4 лица + 1 помошен кревет

Студио

  • 1 брачен кревет и 1 кревет на два спрата
  • 1 тоалет
  • целосна квадратура 22 m2
  • Достапна една соба со тоалет
  • макс. 4 лица/ мин. 2 лица
  • 1 студио (24 m2) со можност за додавање на помошен кревет за 5то лице.

 

 

Цената вклучува:

  • Ноќевање во одбраната соба и тип услуга.

Во цената не е вклучено:

  • Патничко осигурување

Напомени:

  • Кај полупансион и полн пансион за време на ручек и вечера пијалокот не е вклучен во цената.
  • За деца до 5 години – бесплатно.
  • За деца од 5 – 12 години – се плаќа 50% од цената.
Ценовник
Апартман

Ноќевање со појадок – ВВ

1000 ден

Полупансион – НВ

1300 ден

Полн Пансион – FB

1600 ден

  • Во HB и FB пијалокот не е вклучен во цената
  • макс 6 лица./ мин. 4 лица + 1 помошен кревет
Студио

Ноќевање со појадок – ВВ

1000 ден

Полупансион – НВ

1300 ден

Полн Пансион – FB

1600 ден

  • Во HB и FB пијалокот не е вклучен во цената
  • макс. 4 лица/ мин. 2 лица
Локација
Галерија