fbpx
+389 74 608 117 +389 32 605 117 info@danitravel.mk danitravelmk@gmail.com
Travel Agency & Transportation Company
+389 74 608 117 +389 32 605 117 info@danitravel.mk danitravelmk@gmail.com
Travel Agency & Transportation Company

Кападокија за 8 Декември

  • Сместување:CAVE STONE HOTEL
  • Исхрана:Појадок
  • Превоз:Автобус (од Скопје)
  • Организација:Лиценциран пратител
  • Термин:07.12 - 12.12
  • Резервации:074 608 117
  • Плаќање на 6 рати
  • Патничко осигурување
Опис

Монументален компекс на чудесна убавина од 6 век п.н.е,  во бел камен и бел вулкански пепел познат како “туф”, кој цели милениуми со помош на водата и ветерот се менувал и станал тоа што е  денес – уникат и чудо на природата.

Христијаните, народ без војска, барајќи засолниште од римските прогони, го наоѓаат под камените сводови на Кападокија каде направиле  36 подземни градови и 600 цркви. Тие необични градби од камен ги нарекле “самовилски оџаци”, а името Кападокија на персиски значи “ земја на убави коњи”.

Регионот Кападокија со фрапантна убавина на местата и историските знаменитости, претставува еден од најубавите пејзажи во светот. Чудесните карпи со необични форми ќе Ве воодушеват на прв поглед. .. a самиот поглед на овие необични структури остава магичен и мистичен  впечаток… Во Кападокија живееле древни цивилизации – Хеленската, Римската, Христијанската и Исламската…

Доживејте ја магијата на Кападокија, земјата на самовили и убави коњи, пејзажи кои потсетуваат на површината на месечината… и бидете подготвени да видите “ Чуда невидени “.

 

ЗАБЕЛЕШКА Задолжителен сертификат за вакцинација, ПЦР  или Антиген тест за влез во Турција. Патуваме безбедно и по протокол. 

01 Ден 07.12.2021СКОПЈЕ

Состанок на групата на паркингот кај спортскиот центар Борис Трајковски во 09:30 часот. Поаѓање во 10:00 часот. Се патува преку гр.премин Деве Баир, Бугарија (Софија,Пловдив), Истанбул, Анкара, со попатни паузи за одмор и царински формалности.

02 Ден 08.12.2021СОЛЕНО ЕЗЕРО (TUZ GOLU) - ЃОРЕМЕ,КАПАДОКИЈА

Патуваме кон Кападокија со пауза кај големото солено езеро Туз Ѓолу, едно од најголемите солени езера во светот… долго 100 км, широко 50 км, длабоко 50 см, ( во зимскиот период достигнува длабочина и до 1.5 метар). Најголемиот дел од залихите на сол во Турција се црпат токму од ова езеро…
По одморот продолжуваме кон Ѓореме, Кападокија. Пристигнување во попладневните часови.
Сместување во одбран хотел и краток одмор.
Во зависност од слободното време, Ве водиме на разглед на Ѓореме: Општината, Римската кула, локалната џамија, брдото Bajrak Тepe(влезница 3 ТЛ), првите „самовилини оџаци„, улиците со сувенири и ресторани. Нашиот водич ќе ве упати каде да го испиете првото турско кафе со панорамски поглед на Ѓореме.
Вечера *. Ноќевање.

03 Ден 09.12.2021ЃОРЕМЕ,КАПАДОКИЈА : ЛЕТ СО БАЛОН – МИСТИЧНА КАПАДОКИЈА - “ATV SUNSET TOUR” – ТУРСКА ВЕЧЕР

ЛЕТ СО БАЛОН: од платото на хотел ТУРИСТ 4*! Рано наутро пред магичното изгрејсонце на Кападокија, можност за лет со балон над „самовилините оџаци„ на Кападокија. Оваа магична авантура никогаш нема да ја заборавите… уживајте во убавината и возбудата додека балонот нежно полетува. Слушајте го татнежот на печкаташто го загрева воздухот во балонот. Восхитувајте се на неверојатниот поглед на повеќе од 100 балониво лет, и секако… магичното изгрејсонце. Во еден момент балонот ве издига на 1000 метри, поглед од кој ви застанува здивот. На крај на летот добивате сертификат за летање со балонот.Враќање во хотел.
Секако и тие што нема да летаат, ќе имат возбудлива глетка на подготовка и полетување на балоните.
*Летот на балоните трае 1 час, и зависи од временските услови (ветер, дожд, магла)
Појадок. Слободно предпладне или препорачуваме полудневна тура:
МИСТИЧНА КАПАДОКИЈА: Во водиме во едно возбудливо минато, со траги и остатоци од многу цивилизации и запознавање со првите приказни за Кападокија. Почнуваме со посета на Долината на „Трите Убавици„ каде ќе ја слушнеме тажна легенда за нив. Потоа одиме кон Ургуп, најголемото место во Кападокија со траги од стари Грчки и Римски куќи, траги од Селџуците. Посета на Мустафапаша, некогашна Грчка населба Синасос, едно од најбогатите места во минатото. Место каде живее веќе трета генерација на жители кои се дојдени од Османлиска Егејска Македонија но сеуште го говорат автентичниот стар Македонски јазик со познатиот дијалект од Егејска Македонија. Со задоволство ќе Ви покажеме CAVE хотел, сопственост на Госпоѓа Суреја, која зборува Македонски јазик со Егејски дијалект. Посета на фамилијарна работилница и продавница за слатки и сушени овошни плодови. За крај Ве водиме во Ортахисар – средишна тврдина во превод, типично Кападокиско место, со тераса од која ќе имате пркрасен поглед на Ортахисар. Ручек во локален ресторан. Враќање во хотел.
Слободно време за индивидуална прошетка низ Ѓореме.
Во попладневните часови, ново возбудување
МАГИЧЕН ЗАЛЕЗ НА СОНЦЕТО : Препорачуваме 2 можности :
– “ATV SUNSET TOUR”: Во попладневните часови возбудливо, 2 часовно возење со ATV QUAD BIKES 4X4 покрај „самовилините оџаци„, преку вулканските дини, покрај старото место Чаушин. Посета на Долината на љубовта и Црвената долина од каде ќе уживате во прекрасниот залез на сонцето. Незаборавна авантура. (Дозвола не е потребна) или….
– “BUS SUNSET TOUR”: Посета на Долина на Љубовта долина каде што тајно се среќавале вљубените парови. Место каде што Вашите желби се исполнуваат. Потоа поминуваме покрај старото место Невшехир и го гледаме најубавиот залез на сонцето од Црвената Долина.
Враќање во хотел. Вечера *.
ТУРСКА ВЕЧЕР: Во вечерните часови ве водиме на Турска вечер со традиционални игри и стомачен танц, во автентичен, пештерски амбиент од Кападокијакако од времето на Хититите, старите жители на Кападокија. Богатото шоу го следиме со типично турско мезе, вкусна вечера по ваш избор и неограничена дегустација на локално вино, турска ракија, водка, пиво, сокови. Враќање во хотел. Ноќевање.

04 Ден 10.12.2021ЃОРЕМЕ, КАПАДОКИЈА – “КАПАДОКИЈА ГОЛЕМА ВОЗБУДЛИВА ТУРА”

Појадок. …. Денот е предвиден за 2 возбудливи доживувања:
КАПАДОКИЈА ГОЛЕМА ВОЗБУДЛИВА ТУРА: Почнуваме со панорамски поглед на замокот Учхисар,највисоката точка на Кападокија, со величенствен поглед на Ѓореме…
Долината на гулабите – Поглед на долина која е големо живеалиште на гулабите.
Ве водиме во фабрика за накит( производство на сребро излато) и накит од прочуениот камен Султанит. Единствена можност да купите реплика на прстен кој што Султан Сулејман Величанствениот го направил за Хурем Султан.
Потоа Ве водиме во подземниот град Кајмакли, издлабен во вулкански камен во 7 век п.н.е, еден од најголемите и најдобро сочувани подземни градови на Кападокија, откриени 4 ката под земјата, поврзан со подземниот град Деринкују со подземен тунел долг 9 км….
Продолжуваме кон долината Ихлара, долга 16 км, која од двете страни е опколена со цркви во карпите. Пријатна прошетка по дел од долината (3,5 км), по течението на реката Мелендиз, со пауза на пола пат за освежување во традиционална чајџилница на самата река. Можност да ја пробате највкусната Турска палачинка – Ѓозлеме, турско кафе, чај или сок, разладувајќи ги нозете во реката. Потоа одиме на Ручек во Анадолското село Белисирма покрај самата река…
По ручекот продолжуваме кон Манастирот Селиме, најголемиот и најмоќниот религиозен објект во Кападокија, издлабен во карпите во 8 или 9 век од христијанските монаси. Историските записи велат дека за изградба на овој манастир-црква со димензии на катедрала, биле потребни 200 години. Враќање во хотел. Вечера*.
ТАНЦ НА ДЕРВИШИТЕ: По вечерата можност да присуствувате на религиозна церемонија на танцот на Дервишите пропратен со ориентална музика на Дервишите, во автентичен амбиент на SARIHAN Керван Сарајот од 1259 година, сместен покрај некогашниот пат на свилата.
Доживејте ја магијата на единствената мистична изведба на Дервишите. Враќање во хотел.
Ноќевање *.

05 Ден 11.12.2021ЃОРЕМЕ, КАПАДОКИЈА: “СРЦЕТО НА КАПАДОКИЈА”

Појадок. Го оставаме багажот во автобус и Ве водиме во Срцето на Кападокија. Прошетката започнува со посета на “Ѓореме музејот на отворено”- огромен манастирски комплекс, познат по фреските од 10-12 ти век, на кои е опишан животот на монасите и Исус Христос. Сите цркви во Ѓореме датираат од 9 век, импозантни цркви вдлабени во карпите, со преубави фрески со бои кои до денес ја задржале својата свежина. Комплексот е под заштита на УНЕСКОод 1984 год.
Потоа се упатуваме кон старото место Аванос каде посетуваме работилница за грнчарство и можност да купите рачно изработен сувенир. Ручек во локален ресторан.
После ручекот следат посети и разгледувања на најубавите долини:
Дервент – долината на имагинации, преполна со природни камени форми со ликови на животни, фасцинантни облици од камен, варовник и туфови карпи наречени – волшебни самовилини оџаци.
Зелве – долина, музеј на отворено, каде старите народи живееле до 1952 г.
Пашаба – или долина на Пашата со најубаво зачувани „ Самовилини оџаци„. Дури и Полициската станица е сместена во еден од „самовилините оџаци„. Најсликано место во Кападокија, вистинска разгледница на Кападокија. Прошетка над, помеѓу и низ „самовилините оџаци„.
Ѓореме – слободно време за индивидуални прошетки и активности.
Полни со впечатоци, во попладневните часови поаѓаме кон Македонија, патувањето води покрај Истанбул, Едрене, гр. Премин Капикуле, Софија со попатни паузи за одмор.

06 Ден 12.12.2021СКОПЈЕ

Пристигнување во Скопје во попладневните часови.

Цената на аранжманот вклучува

  • Превоз со високотуристички автобус на наведената релација,
  • 3 Ноќевања со појадок (шведска маса) во хотел 4*во Ѓореме, срцето на Кападокија.

      или

  • 3 Ноќевања со појадок   во  CAVE / STONE хотели во Гореме, во срцето на Кападокија.. 
  • Посета на соленото езеро Туз Ѓолу,
  • Организација на патувањето,
  • Лиценциран, искусен туристички придружник на патувањето.

Цената на аранжманот не вклучува

  • Задолжително патничко осигурување 210 мкд,
  • * Факултативна доплата за  3 полупансиони во Ѓореме, по лице : (25€),
  • “Голема Тура Кападокија”, вклучен ручек, влезници,превоз, локален водич: (50€),
  • “Срцето на Кападокија”, вклучен ручек, влезници, превоз, локален водич: (45€),
  •  “Мистична Кападокија”, вклучен ручек, посета на  Ургуп и Мустафапаша, Ортахисар, превоз, локален водич : (25€),

ПАКЕТ ИЗЛЕТИ КАПАДОКИЈА

“Голема Тура Кападокија” + “Срцето на Кападокија” + “Мистична Кападокија” = 100€

 

  •  “ ATV SUNSET TOUR” , трансфери, водич, 2 часа возење, кацига: (15€) по лице (мин 2 лица)
  •  “Црвена Долина” со залез на сонцето, превоз, локален водич: (10€),
  • Турска вечер со шоу програма, мезе и пијалок, превоз, локален водич: (30€),
  • Танц на дервишите : церемонија , превоз, локален водич: (25€),
  • Лет со балон  – (од 100 €) . Ве молиме да се изјасните за желба за лет со балон при резервација.*Цената може да претрпи промени.
  • Туристичка такса 2 €  по лице на ден. ( се плаќа во агенција )
  • Доплата за еднокреветна соба :  Хотел 4* 4400 ден, Cave: 4700 ден 

Хотел  4* - ЃОРЕМЕ

3 Ноќевања со појадок во  Хотел 4* во Ѓореме
ПРОМО цена за резервации до 06.11.2021: 159 € / 9860 ден.
Редовна цена 179 € / 11 100 ден

CAVE / STONE – ПЕШТЕРСКИ ХОТЕЛИ во ЃОРЕМЕ

“OSMANBAY” Cave Stone Hotel, или слични … – Уникатно доживување, престој во реновирани пештерски куќи, луксузно опремени соби со ТВ, купатило и тоалет, клима/греење…
3 Ноќевања со појадок во Cаve stone пештерски хотели во Ѓореме
ПРОМО цена за резервации до 06.11.2021: 179 € / 11 100 ден
Редовна цена 199 € / 12 340 ден
За реализација на аранжманот, потребно е минимум 40 патници.
За овој аранжман важат Општите услови на патување на Туроператорот и СКТМ.

nhr

Галерија
Напомени

 * За реализација на ова патување, потребен е минимум од 40 патници.

* Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност според објавената денарска цена.

* За резервација на аранжманот задолжителна е аконтација од 30%, целосна уплата најдоцна 10 дена пред поаѓање

* Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најмалку 5 дена пред поаѓање.

* Агенцијата го задржува правото на промена на редослед на излетите и посетите.

* Седењето во автобус е според датумот на уплатата.

* Останатите услови на патување важат според годишниот програм на организаторот на патување