fbpx
+389 74 608 117 +389 32 605 117 info@danitravel.mk danitravelmk@gmail.com
Travel Agency & Transportation Company
+389 74 608 117 +389 32 605 117 info@danitravel.mk danitravelmk@gmail.com
Travel Agency & Transportation Company

Дубаи во Декември

  • Сместување:Хотел 4*
  • Исхрана:Појадок
  • Превоз:Turkish Airlines од Скопје
  • Термин:02.12 - 07.12.2021
  • Плаќање на 6 рати
  • Патничко осигурување
Опис

Дубаи, во денешно време претставува синоним за луксузен живот и атрактивна туристичка дестинација – една од најпосетените во светот. Специфичен спој на комфор, помешан со традиционални обичаи и стил на живот. Дубаи е модерен град со преубави плажи, луксузни хотели, импресивнаа архитектура, високи згради, вештачки остров во облик на палма… Највисоката зграда на светот Burј Kalifа, единствениот хотел со 7 ѕвезди, 70 шопинг центри, покриен ски центар со 5 стази и многу други објекти го одземаат здивот со што посетата на Дубаи станува незаборавна.

Плажите се песочни и со разновидни активности а уживаењето е неизбежно. Најпозната е Jumeirah Beach Park, која плени со својот бел песок и тиркизно плава боја на водата. Една од најпосетените атракции во Дубаи е пустинскито сафари.

Проверете зашто Дубаи во последните години е туристички центар број 1 во светот.

02.12-03.12 (Четврток/Петок) СКОПЈЕ – ИСТАНБУЛ - ДУБАИ

Состанок на групата на аеродромот во Скопје во 18.00ч. Полетување за Дубаи во 20.35 преку Истанбул со Turkish Airlines. Полетување од Истанбул во 01.30 и слетување во Дубаи 07.00ч. Трансфер до хотелот. Оставање на багажот во дежурна соба до времето за check in. Сместување. Полудневен разглед на Дубаи со лиценциран водич на српски јазик.
Идеална можност да се запознае градот! Разгледот започнува со посета на музеjот во Дубаи, а потоа следи пловење со стар брод до местото каде што е настанат Дубаи. По враќање во минатото каде што се тргувало со бисери и зачини, се доаѓа и до првиот сјај на Дубаи-златниот сук. Излетот продолжува со посета на најпознатата плажа Jumeira од каде што се пружа поглед на најфотографираното обележје, хотел Burj Al Arab. Краток одмор во Мадинат – комплекс хотели и ресторани изграден во арапски стил. Излетот завршува на палуостровот Палма пред хотел Атлантис.
Ноќевање.

04-06.12 (Сабота/Недела/Понеделник)ДУБАИ

Престој во хотел на база ноќевање со појадок. Време предвидено за одмор, индивидуални прошетки, факултативни излети: пустинско сафари, крстарење со брод по Дубаи марината, Burj Khalifa …

07.12-08.12 (Вторник/Среда)ДУБАИ - ИСТАНБУЛ - СКОПЈЕ

Појадок. Напуштање на хотелот во 12.00ч. Слободно време. Трансфер до аеродром во 23.30ч. Авионот од Дубаи за Истанбул полетува во 02.40 и слетува во 06.35ч. Авионот од Истанбул за Скопје полетува во 08.50 и слетува во 08.15ч. (локално време)

За уплати до 15 Ноември: 40.860 денари (659 евра) ограничен број на места
Цена на аранжманот: 43.340 денари (699 евра)

Цената на аранжманот вклучува

  • Авионска карта на релација Скопје – Истанбул – Дубаи – Истанбул – Скопје со Turkish Airlines
  • Рачен багаж до 7 кг. и багаж за чекирање до 30 кг.
  • Трансфер Аеродром – Хотел – Аеродром
  • Сместување во хотел “Signature 1 Hotel Tecom” 4*, на база 4 ноќевања со појадок
  • Разглед на Дубаи со водич на српски јазик
  • Водич на српски јазик на пристигнување и заминување

Цената на аранжманот не вклучува

  • Виза за Дубаи 85 евра
  • Аеродромски такси 85 евра
  • За влез во Дубаи потребно е негативен ПЦР тест не постар од 72 часа пред полетување. За деца до 12 години кои патуваат со родители не е потребен ПЦР тест
  • Патничко здравствено осигурување кое покрива COVID 19
  • Туристичка такса, се плаќа во хотелот, околу 3 евра по соба на ден
  • Early check in
  • Факултативни излети: Пустинско сафари 45 евра, Крстарење по Дубаи марина 45 евра, Burj Khalifa влезница 45 евра…
  • За влез во Македонија потребно е сертификат за вакцина/ или негатиен ПЦР или антиген тест за сите лица над 18 години/ или согласност за изолација 7 дена по враќањето во Македонија

ВИЗА ЗА ДУБАИ

За добивање на виза за ОАЕ потребно е при резервација да го донесете пасошот (валиден мимимум 6 месеци од датум на враќање на патување) и слика во боја или да ги доставите скенирани со висока резолуција во JPG формат скенирани првите две страни од пасошот на кои се наоѓаат податоците на патникот како и слика со димензија за пасош. Износот за трошоците за визирање не се враќа во случај на неодобрување на виза од страна на имиграционо одделение на ОАЕ. Постои можност имиграционото одделение да побара дополнителни документи во зависнот од поединечни случаеви.

НАПОМЕНА

  • Пасошот треба да важи минимум 6 месеци по завршувањето на патувањето
  • За резервација потребно е авансна уплата од миниму 60% од цената на аранжманот а остатокот 10 дена пред поаѓање (Поврат на сретства во случај на сторна резервација е според политиката на Turkish Airlines.)
  • Во случај на одбивање на барањето за виза од страна на имиграционо одделение на ОАЕ уплатата за визирање е неповратна
  • Потребни документи за виза: скениран пасош со висока резолуција и слика во JPG формат со бела позадина со големина како за пасош
  • За реализација на аранжманот потребен е минимум од 20 патници
  • Факултативните излети ги организира локална туристичка агенција, пријавување и плаќање на излетите се прави на лице место
  • За овој програм важат Опшите Услови на патување на Дани Травел и организаторот на патување
  • Цената на аражманот се плаќа исклучиво во денари во агенција по курс 1€ = 62,00 денари
  • Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на програмата (активностите по денови и датуми) за патување во случај на непредвидени објективни причини
  • Организаторот го задржува правото да го откаже во целост аранжманот на 7 дена пред поаѓање

mgl

Галерија
Напомени

ПРИГОВОРИ И ПОПЛАКИ
Во случај на неадекватно сместување или било кој друг проблем, се молат патниците за тоа веднаш да го известат одговорното лице на рецепцијата. Доколку проблемот не биде решен, веднаш треба за истиот да се извести ОРГАНИЗАТОРОТ НА ПАТУВАЊЕТО и уплатното место каде сте склучиле Договор за патување, за време на првиот ден од сместувањето и почетокот на овa програмa. Напоменуваме дека рекламации за кои агенцијата ќе дознае на последниот ден од престојот или по враќањето на патниците, истите нема да бидат земени во предвид или разгледани. Ве молиме во случај на било каков инцидент (кражба, тепачка, сообраќајна незгода….), да се обратите на надлежните инситуции во земјата на престојот. Организаторот на патувањето единствено е задолжен да Ви помогне при посредување меѓу вас и надлежните институции.
Составен дел од оваа програма се Општите услови на патување на организаторот на патувањето. За сите информации дадени усмено, агенцијата не сноси одговорност.