fbpx
+389 74 608 117 +389 32 605 117 info@danitravel.mk danitravelmk@gmail.com
Travel Agency & Transportation Company
+389 74 608 117 +389 32 605 117 info@danitravel.mk danitravelmk@gmail.com
Travel Agency & Transportation Company

Дубаи за Велигден

  • Сместување:IBIS AL BARSHA 3*
  • Исхрана:Појадок
  • Превоз:Turkish Airlines од Скопје
  • Термин:21.04 - 27.04.2022
  • Плаќање на 6 рати
  • Патничко осигурување
Опис

Дубаи, во денешно време претставува синоним за луксузен живот и атрактивна туристичка дестинација – една од најпосетените во светот. Специфичен спој на комфор, помешан со традиционални обичаи и стил на живот. Дубаи е модерен град со преубави плажи, луксузни хотели, импресивнаа архитектура, високи згради, вештачки остров во облик на палма… Највисоката зграда на светот Burј Kalifа, единствениот хотел со 7 ѕвезди, 70 шопинг центри, покриен ски центар со 5 стази и многу други објекти го одземаат здивот со што посетата на Дубаи станува незаборавна.

Плажите се песочни и со разновидни активности а уживаењето е неизбежно. Најпозната е Jumeirah Beach Park, која плени со својот бел песок и тиркизно плава боја на водата. Една од најпосетените атракции во Дубаи е пустинскито сафари.

Проверете зашто Дубаи во последните години е туристички центар број 1 во светот.

21.04СКОПЈЕ – ИСТАНБУЛ - ДУБАИ

време за слободни активности или факултативни излети (со доплата на барање)

Хотел Услуга Тип на соба Цена
4 ноќи 6 ноќи
Novotel Dubai Al Barsha Hotel 4* Ноќевање со појадок Цена по лице во двокреветна соба 680 €  760 € 
Rose Rayhaan Dubai 4* (SZR) Ноќевање со појадок Цена по лице во двокреветна соба 690 €  770 € 
Mövenpick JLT 5* Ноќевање со појадок Цена по лице во двокреветна соба 740 €  840 € 

Програма на патувањето – авиокомпанија TURKISH AIRLINES од Скопје, со вклучен 20 кг чекиран багаж и 7 кг рачен и оброк согласно политика на авио компанија. Саатници на полетување и слетување се по локално време и согласно моменталнен ред на летање на TURKISH AIRLINES.

Прв ден – Полетување од СКОПЈЕ во 20.50. Слетување во Истанбул во 23.25 нареден ден. Полетување за Дубаи во 00.45 часот. Слетување во Дубаи во 06 часот. Трансфер до хотел. Пријавување – влез во соба е после 14 часот (доколку има слободна соба може да се чекира во хотелот и порано). Early check in на барање со доплата.  

Предпоследен ден – одјавување од хотелот во 11 часот и слободно време до трансфер во 23 часот (late check out на барање со доплата).

Последен ден – Полетување за Истанбул во 02.05 часот. Слетување во Истанбул во 05.40 часот и полетување за Скопје во 07.30 часот. Слетување во Скопје во 07.50 часот.

ДАТИ НА ПАТУВАЊЕ – опција за 4 ноќи и за 6 ноќи

ДАТА НА ПАТУВАЊЕ

4 НОЌИ

6 НОЌИ

TK1006 21APR SKPIST 2050 2325

TK 762  22APR ISTDXB 0045 0600

TK 761  27APR DXBIST 0205 0540

TK1003 27APR ISTSKP  0730 0750

TK1006 21APR  SKPIST  2050 2325

TK 762  22APR  ISTDXB  0045 0600

TK 761  29APR  DXBIST  0205 0540

TK1003 29APR  ISTSKP   0730 0750

4 НОЌИ

 

TK1006  24APR  SKPIST 2050 2325

TK 762   25APR  ISTDXB 0045 0600

TK 761   30APR  DXBIST 0205 0540

TK1003  30APR  ISTSKP 0730 0750

 

Цената на аранжманот вклучува

  • Повратен авионски билет на релација СКОПЈЕ – ИСТАНБУЛ – ДУБАИ – ИСТАНБУЛ – СКОПЈЕ
  • Трансфер аеродром – хотел – аеродром во Дубаи ;  
  • 4/6  ноќевања во избраниот хотел/ тип на соба/ на база ноќевање со појадок согласно наведена услуга (согласно саатници на check-in & check-out)
  • Организација и реализација на патувањето
  • локална асистенција во Дубаи (овластен претставник на српски јазик доколку се земат екскурзии пред поаѓање или за дополнителни екскурзии со уплата на лице место на барање)

Цената на аранжманот не вклучува

  • Влезна виза за  Дубаи   – 85ЕУР по лице (задолжително за сите лица)
  • Патничко здравствено осигурување кое покрива и КОВИД (ЗАДОЛЖИТЕЛНО)
  • Задолжително негативен ПЦР тест (72 часа изваден пред полетување – за влез во Дубаи) За деца до 12 години кои патуваат со родители – БЕЗ НЕГАТИВЕН PCR ТЕСТ (согласно моментални протоколи за влез во Дубаи)
  • брз антиген тест или ПЦР тест за лица над 18 години (за лица без сертификат за вакцинација) согласно нови протоколи за влез во Р Македонија
  • Останати индивидуални трошоци и индивидуални посети и факултативи
  • Туристичка такса која се плаќа директно во хотелот * туристичка такса само во Дубаи (TOURISM DIRHAM, по одлука на DTCM, а број D/000/152/1 87од 05.02.2014) која се плаќа од 31.03.2014 на рецепција во хотел на лице место при check in или при check out (2-4 EUR  по соба по ноќ согласно категоризација на хотелот и тип на соба). Во случај на апартман со повеќе соби таксата се плаќа за секоја соба според горе наведените критериуми.

ВИЗА ЗА ДУБАИ

За добивање на виза за ОАЕ потребно е при резервација да го донесете пасошот (валиден мимимум 6 месеци од датум на враќање на патување) и слика во боја или да ги доставите скенирани со висока резолуција во JPG формат скенирани првите две страни од пасошот на кои се наоѓаат податоците на патникот како и слика со димензија за пасош. Износот за трошоците за визирање не се враќа во случај на неодобрување на виза од страна на имиграционо одделение на ОАЕ. Постои можност имиграционото одделение да побара дополнителни документи во зависнот од поединечни случаеви.

НАПОМЕНА

  • Максимален број на лица во двокреветна соба се две лица. Дополнително возрасно лице или дете во соба со две возрасни лица – ЦЕНА НА БАРАЊЕ (без легло или на помошно легло се намалува комодитет на соба)
  • Check in во хотелите е после 14 ч, a check out најдоцна до 12 ч.  Секое користење на соба и услуга во хотелите надвор од наведеното време, е додатно плаќање кое се врши на рецепција од хотелот директно од страна на странката.
  • Сите оброци во хотелите се на база шведска маса (согласно нови КОВИД протоколи)
  • Организаторот на патувањето не е овластен и надлежен да ја процени исправноста и валидноста на патните и други лични исправи на патниците
  • Потребни документи за виза: скенирана фотографија и пасош и податоци за патникот (валиден минимум 6 месеци од дата на враќање од патување). За добивање на виза за ОАЕ  потребно е при резервација да го донесете пасошот (валиден мимимум 6 месеци од датум на враќање на патување) и слика во боја или да ги доставите скенирани со висока резолуција во JPG формат скенирани првите две страни од пасошот  на кои се наоѓаат податоците на патникот  како и слика со димензија за пасош (доколку ги доставувате скенирани пратете ги на маилот:  voyager@t-home.mk). Износот за трошоците за визирање не се враќа во случај на неодобрување на виза од страна на имиграционо одделение на ОАЕ. Постои можност  имиграционото одделение да  побара дополнителни документи во зависнот од поединечни случаеви.   
  • НАПОМЕНА – Поради промена на тарифите на авио билетите можна е промена на цената за пакет аранжман. Пред резервација ве молиме цената и условите на патување да ги проверите со вашиот агент. Агенцијата го задржува правото за промена на редоследот на програмата според вонредни околности врз кои неможе да влијае. Ве молиме внимателно да ги прочитате условите на патување кои се составен дел од овој програм.
Галерија
Напомени

ПРИГОВОРИ И ПОПЛАКИ
Во случај на неадекватно сместување или било кој друг проблем, се молат патниците за тоа веднаш да го известат одговорното лице на рецепцијата. Доколку проблемот не биде решен, веднаш треба за истиот да се извести ОРГАНИЗАТОРОТ НА ПАТУВАЊЕТО и уплатното место каде сте склучиле Договор за патување, за време на првиот ден од сместувањето и почетокот на овa програмa. Напоменуваме дека рекламации за кои агенцијата ќе дознае на последниот ден од престојот или по враќањето на патниците, истите нема да бидат земени во предвид или разгледани. Ве молиме во случај на било каков инцидент (кражба, тепачка, сообраќајна незгода….), да се обратите на надлежните инситуции во земјата на престојот. Организаторот на патувањето единствено е задолжен да Ви помогне при посредување меѓу вас и надлежните институции.
Составен дел од оваа програма се Општите услови на патување на организаторот на патувањето. За сите информации дадени усмено, агенцијата не сноси одговорност.