fbpx
+389 74 608 117 +389 32 605 117 info@danitravel.mk danitravelmk@gmail.com
Travel Agency & Transportation Company
+389 74 608 117 +389 32 605 117 info@danitravel.mk danitravelmk@gmail.com
Travel Agency & Transportation Company

Босна за 10ти Декември (Сараево и Мостар)

  • Сместување:Хотел 4*
  • Исхрана:Појадок
  • Превоз:Автобус
  • Организација:Лиценциран пратител
  • Термин:09.12 - 12.12.2021
  • Резервации:074 608 117
  • Плаќање на 6 рати
  • Патничко осигурување
Опис

Нашата нова дестинација „Сараево“ достапна и за 10ти  Декември. Ги покануваме сите оние кои се со позитивни мисли за уште едно бегство од реалноста.   Kаубојскиот град „Eл Пасо” во близина на Златибор и облакодерот Avaz Twist Tower новитети во нашата програма.

1. ДЕНЧетврток (09.12.2021)

Поаѓања се организирани од повеќе градови во Македонија. Поаѓањето од Скопје е околу 20:00ч но патниците за точно време на поаѓње се известуват на еден пред поаѓање. Се патува преку Србија со попатни вечерни паузи.

2. ДЕНПеток (10.12.2021)

Влегувањето во Босна и Херцеговина е во утринските часови. По влегувањето во Босна на околу 20 км пристигнуваме во Вишеград, прекрасен град каде туристите имаат можност да уплатат за крстарење по Дрина и да се запознаат со природните и историски убавини на градот, да ги слушнат легендата за близнаците Стоја и Остоја како и легендата за невестата Фата. Групата го посетува симболот на градот а тоа е познатиот мост кој е изграден од Мехмед Паша Соколовиќ,а кој е под заштита на UNESCO и опишан во романот на Иво Андриќ „Мостот на Дрина“. Во договореното време групата продолжува во Сараево на разглед со локален водич.По разгледот, слободно време за индивидуални активности. Враќање во хотел околу 19:00ч.
Ноќевање.

3. ДЕНСабота (11.12.2021)

Третиот ден започнува со појадок во хотелот, кој по појадокот се упатуваме на целодневен излет. Првото место за посета е Јабланица. која не пречекува со приказната за „Неретва“. Срушениот мост на Неретва, кое низ годините говори за страдањата на овој народ, е дел од нашата програма. Групата ќе има можност да го посети местото кадешто е снимен познатиот филм „Битка за Неретва“. Екскурзијата продолжува кон Мостар, каде се посетуват стариот мост и можете да ги направите најубавите фотографии, улицата Кујунџи на која се наоѓаатт занаетчиските дуќани, Отоманските резиденции од XVI-XIX век итн. Слободно време за индивидуални активности. Ве носиме во облакодерот Avaz Twist Tower, највисокиот објект во Босна висок 172 метра каде го имате Сараево на дланка, НОВО во нашата програма.Облакодерот нуди неверојатен панорамски поглед и се смета за место кое е најатрактивно за младите. Овој облакодер лесно се препознава, неговата виткава фасада е тоа што ги привлечква туристите да го посетат. Во 2009-та година германска компанија Schuco ја стави во топ 10-те најубави згради во Европа.
Ноќевање

4. ДЕННедела (12.12.2021)

По доручекот, во 09:00ч се упатуваме кон Тунел Спаса. Жителите на Сараево за време на војната не можеле да излезат од градот затоа што постоела опасност да бидат застрелани од снајперисти. Сепак тие сакале да најдат начин да стигнат до населбата Бутмир. Еден босански градежен инженер, Неџад Бранковиќ, ги подготвил плановите за тунелот што ќе ги поврзува двете предградија. Во тунелот се влегувало преку една обична куќа во близина на аеродромот, која му припаѓала на Бајро Колар, во Бутмир, а во Добриња влезот бил во една гаража во станбена зграда. Секојдневно меѓу три и четири илјади луѓе и триесет тони разна стока поминувале низ тунелот. Првично, набавките требало да се носат рачно или на грбот на војниците, додека не се поставила железничка пруга со вагони што ги туркале мажите. Враќње во хотел. Се зимат патниците кои нема да одат на екскурзија и се продолжува кон Каубојскиот град EЛ ПАСО во близина на Златибор, автентичен каубојски град, кој исто така вклучува и индијанска населба,НОВО во нашата програма. Секој што сака да ја искуси на момент атмосферата од каубојските филмови и автентичноста на индијанските населби, ова е местото што го препорачуваме. Овој парк е именуван по граничен град во САД. Исто како што Рио Гранде ја формира природната граница помеѓу САД и Мексико така и реката што тече низ овој парк ги дели тематските единици американски и српски. Тоа е место за средби на две култури: од едната страна на реката се наоѓа каубојски град и индиjaнско село, додека на другиот брег има српски дел со црква и типичен селце Златибор.Слободно време за прошетка и поаѓање кон граница. Пристигнување после полноќ на 13.12.2021

Цената на аранжманот вклучува

  • Две ноќи во хотел 4* со појадок
  • Автобуски превоз
  • Посета на Вишеград
  • Разглед на Сараево со локален водич

 

 

Цената на аранжманот не вклучува

  • Посета на Јабланица и Мостар – 30 евра – се плаќа во автобус
  • Посета на Тунел Спаса – 15 евра од лице- се плаќа во автобус
  • Туристичка такса (2 евра од лице за две ноќевања) – се плаќа во автобус (задолжително)
  • Крстарење во Вишеград – 5 евра од лице – се плаќа во автобус
  • Босански Пакет (Тунел Спаса, Јабланица и Мостар) – 40 евра  (Изјаснување од страна на патникот при уплата за користење на пакетот)5 евра заштеда
  •  Avaz Twist Tower – 5 евра (Превоз и резервација во кафетеријата)- Изјаснување од страна на патникот при уплата поради резервација во облакодерот)
  • Такса за Eл Пасо каубојскиот град – 3 евра од лице- се плаќа во автобус (задолжително)
  • Доплата за сингл соба доколку патувате сами – 25 евра од лице на аранжманот

Услови за деца:

  • За деца од 3 до неполни 12 години се плаќа 50% од сумата на аранжманот кога станува збор за двајца возрасни и дете до неполни 12 години.
  • Кога станува збор за еден родител и дете од 3 до 12 неполни години, за детето се плаќа 70% од сумата на аранжманот
  • За деца со полни 12 години се плаќа цела сума

ПРОМО ЦЕНА:

Промо цена: // 89€ 

Ограничени места!

РЕДОВНА ЦЕНА:

Редовна цена: // 99€ 

 

За реализација на аранжманот, потребно е минимум 40 патници.
За овој аранжман важат Општите услови на патување на Туроператорот и СКТМ.

esc

Галерија
Напомени
  • За реализација на овој аранжман, потребен е минимум од 35 патници, во спротивно, крајниот рок за известување околу евентуален отказ на аранжманот е најкасно 5 дена пред датумот на поаѓање.
  • Организаторот на патувањето го задржува правото за измена на редоследот на поедини содржини во програмата
  • За ова патување потребно е да се приложи сертификат за вакцина или брз антиген тест
  • Патувањето може да биде со валидна лична карта или пасош
  • Доколку дојде до непредвидена „виша сила“ за нереализирање на патувањето, поради новонастанати ситуации кои агенцијата не можела да ги предвиди, уплатените средства ќе бидат вратени на клиентот.
  • Доколку патувањето се реализира според планираното и нема никакви пречки за негова реализација, а дојде до откажување од страна на патникот, тогаш откажувањето ќе се реализира во согласност со општите услови за патување.
  • Распоредот на седишта се нумерира според уплатата. Доколку туристите имаат барање за седиште, истото се доплаќа 15 евра за два правци и право на избор на седиште.