fbpx
+389 74 608 117 +389 32 605 117 info@danitravel.mk danitravelmk@gmail.com
Travel Agency & Transportation Company
+389 74 608 117 +389 32 605 117 info@danitravel.mk danitravelmk@gmail.com
Travel Agency & Transportation Company

Атина НОВА ГОДИНА 2нп

  • Сместување:Хотел 3*
  • Исхрана:Вклучен појадок
  • Превоз:Автобус
  • Организација:Пратител од агенцијата
  • Термин:30.12 - 02.01.2022
  • Резервации:074 608 117
  • Плаќање на 6 рати
  • Патничко осигурување

Атина – Главен и најголем град во Грција, колевка на модерната цивилизација. Атина е космополитски град додека пак старогрчка Атина била моќен град држава родно место на Сократ, Перикле, Софокле. Атина е еден од најстарите светски градови, чија историја бележи преку 3.400г. Градот го добил името по божицата заштитничка Атина. Знаменитостите на Атина се пресудниот фактор зошто да ја одберете оваа дестинација за патување. Сунион, Акропол и Партенон ќе направат да се почуствувате како да патувате низ времето, а со самото тоа сигурно ќе ви го одземат здивот со својата големина.

Цената на аранжманот вклучува

  • Автобуски превоз на наведената релација
  • Сместување во хотел 3* во Атина на база 2 ноќевања со појадок
  • Панорамски разглед со водич
  • Организација на аранжманот и пратител на групата

Цената на аранжманот не вклучува

  • Задолжително патничко осигурување
  • Туристичка такса
  • Факултативни излети
  • Индивидуални трошоци

Дополнителни информации

  • Резервација се прави со авансна уплата од 30% од цената на аранжманот и копија од пасош, комплетна доплата 7 дена пред поаѓање
  • За Грција може да се патува со сертификат за вакцинација; негативен антиген (не постар од 48 часа) или ПЦР тест (не постар од 72 часа)
  • За влез во Македонија назад потребно е сертификат за вакцинација; негативен антиген (не постар од 48 часа); ПЦР тест (не постар од 72 часа); доказ за прележан ковид не постар од 45 дена.

Факултативни излети

  • Факултативна посета на Пелопонез (35 €)-не се вклучени влезниците за театарот во Епидариус и Микена
  • Посета на Пирејa и Сунион (25€)
  • Влезница за во Акропол со водич (10 еур)
  • Факултативна вечера во таверна

ЦЕНА:

Редовна цена: // 129€

ПРОМО ЦЕНА:

ПРОМО ЦЕНА: 119€
За реализација на аранжманот, потребно е минимум 30 патници.
За овој аранжман важат Општите услови на патување на Дани Травел и СКТМ.

esc

Опис

1 Ден30.12.2021 (Четврток) Скопје – Атина

Состанок на групата на паркингот пред Вип хотел во 18.00 часот. Поаѓање за Атина во 18.30 часот.Ноќно возење со попатни паузи поради одмор и царински формалности.

2 Ден31.12.2021 (Петок) Атина

Пристигнување во Атина во предпладневните часови. Панорамско разгледување на градот (Плоштадот Омониа, Плоштадот Синтагма каде се наоѓа Парламентот и стражата на Евзони, Олимпискиот стадион, Зевсовиот храм, Хадријановата врата, Бајроновиот споменик, Националната библиотека, универзитет…) Акропол (Пропилеј, Партенон, Ерџтејон…) што во превод значи град на рид. Старото население поради одбрана бирало земјиште најчесто на ридови со стрмни страни и на таквите места се правеле тврдини во многу делови на светот кој потоа станувале центар на големи градови кој што се развивале. Многубројните освојувачи на Акропол извршиле измени на ова место. Сместување во хотел. Слободно попладне. Вечерта Дочек на Нова Година на еден од плоштадите. Ноќевање.

3 Ден (01.01)01.01.2022 (Сабота) Атина – Пелопонез

Појадок. Факултативна посета на Пелопонез со водич.
Се поминува Коринтскиот канал, кој го соединува Саронскиот залив на Егејското море и Лахејскиот залив на Јонското море од каде се оди до островот Пелопонез. Ке имате можност да направите преубави фотографии од мостот над самиот канал.
Се посетува и Епидавр или Епидариус – родното место на Асклепии, бог – лечител од митологијата. Тука се наоѓа и најубавиот антички театар со неверојатна акустика.
Се продложува кон Нафплио – првата столица на новата Грчка држава познат и како градот на трите тврдини (средновековната тврдина Palamidi, древната тврдина Akronavplia, отоманската тврдина Bourtzi). Се посетува златниот град Микена – град на легендарниот цар Агамемнон, откриен од археологот Хајнрих Шлиман воедно претставува најважен археолошки објект во Грција. Ќе ја видите величестевната лавовска порта на влезот од микенската тврдина, руините од дворецот и царските гробници, како и гробницата на Агамемнон… Враќање во хотел. Вечерта факултативна вечера во таверна.

4 Ден (02.01)02.01.2022 (Недела) Атина – Пиреја – Сунион – Скопје

После појадокот се упатуваме на полудневен излет со посета на пристанишното место Пиреја и нејзините Марини. Патувањето продолжува долж Аполоновиот брег до Сунион-нај јужниот ‘рт на Медитеранот од каде се наоѓа Храмот на богот Посејдон. По посетата, патувањето продолжува кон Скопје, покрај Камена Вурла, кланецот Термопили каде се наоѓа споменикот на Кралот Леонидас, Лариса. Ноќно возење со попатни паузи.
Пристигнување во Скопје во раните утрински часови на 03.01 Понеделник.

Галерија
Напомени
  • За реализација на аранжманот потребен е минимум од 30 патници
  • Резервација се прави со авансна уплата од 30% од цената на аранжманот и копија од пасош, комплетна доплата 7 дена пред поаѓање
  • Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1€ = 62мкд
  • Пасошот треба да важи минимум 3 месеци по завршувањето на патувањето
  • За Грција може да се патува со сертификат за вакцинација; негативен антиген (не постар од 48 часа) или ПЦР тест (не постар од 72 часа)
  • За влез во Македонија назад потребно е сертификат за вакцинација; негативен антиген (не постар од 48 часа); ПЦР тест (не постар од 72 часа); доказ за прележан ковид не постар од 45 дена.