Авионски лет: | Turkish Airlines (Скопје – Истанбул – Аман – Акаба – Истанбул – Скопје) |
Поаѓање: | 19.05.2022 во 20:20ч. (Скопје) |
Пристигнување: | 20.05.2022 во 03:55ч. (Аман) |
Услуга: | 7 ноќевања – 6HB + 1 BB |
Сместување (услуга) |
3 ноќи Аман 4* (Ноќевање со Појадок / Полупансион) во Harir Palace Hotel или сличен |
1 ноќ Петра 4* (Полупансион), во Petra Elite или сличен | |
1 ноќ Вади Рум 4* (Полупансион) во Al Sultana Camp или сличен | |
2 ноќи Акаба 4* (Полупансион), во La Costa Hotel – Aqaba или сличен | |
Друго вклучено: | Трансфери + вклучени разгледи според програма + претставник од Македонија |
Враќање во Скопје: | 27.05.2022 во 07:50ч. |
ЈОРДАН – древна земја со посебен шарм и неверојатна историја. Полна е со легенди и традиции, богато културно наследство и архитектонски атракции, прекрасни плажи на Црвеното Море и лековити води на Мртвото Море. Заслужено зазема посебно место во развојот на светските цивилизации и религии.
Петра – фасцинантна по својата убавина, привлекува милиони посетители, а целиот град е како уметничко дело насликано на платно од природен камен. Откриена е во 1812 година од швајцарскиот истражувач Јохан Буркхарт, Петра сè уште продолжува да не изненадува со своите тајни и убавини! Сместенa е на листата на УНЕСКО но и на листата на седумте светски чуда. Колку и да читате за неa, колку и да е добро и детално опишано, не може да се спореди со чувството и возбуда кога ќе ja ГЛЕДАТЕ ВО ЖИВО! Дали сте подготвени за оваа авантура?
Вади Рум или познат како „Долината на Месечината“,е арапска бајка која чека да биде откриена. Дом на номадските бедуински племиња. Некогаш населен со Набатејци од праисторијата, Вади Рум ви овозможува да се изгубите во големите пејсажи. Спокојството на пустината сигурно ќе ви го смири духот и ќе ви ги ослободи мислите.
Состанок на патниците нa Скопскиот Аеродром во вчерните часови според претходно договорено време. Полетување за
Истанбул во 20:50 часот со лет ТК1006. Пристигнување во Истанбул во 23:25 часот. Полетување за Аман на 20.0 во 02: 05
часот со лет TK814.
Пристигнување во Аман во 04.20 часот локално време. По завршување на пасошка и царинска контрола, пречек од страна на
локален партнер и трансфер до 4* хотел. Сместување во соби. По одморот и појадокот се упатуваме кон Џераш, градот кој
своето златно време на цивилизација го доживува за време на Римското царство, кога е познат и како Гераса, а денес
претставува официјално еден од најдобро зачуваните провинциски градови на Римската империја, сокриен со векови под
златните песоци на Јордан пред повторно да биде откриен и достапен на светската јавност. Потоа продолжуваме со разглед
на Аман, престолнината на Кралството Јордан… Ќе запознаеме со културата на Хашемитското кралство, со посета на
Цитаделата, Римскиот театар, старата џамија, но и со посета на новиот модерен дел на Аман. Враќање во хотел. Вечера.
Ноќевање.
По појадокот се упатуваме кон нови возбудливи дестинации. Посета на Мадаба, оддалечена 30 км од Аман, а која се протега
крај Кралскиот пат, стар 5000 години и претставува една од најзначајните локации во оваа Света Земја. Откако ќе одминеме
неколку меѓусебно поврзани градови, стигнуваме во Мадаба, позната како Градот на Мозаиците. Од таму го продолжуваме
нашето патување до Планината Небо, една од најзначајните локации за верниците од целиот свет, место каде пророкот
Мојсие е погребан. Од таму се упатуваме кон Мртвото море, најниската точка во светот каде што ќе имате можност да
уживате во благодетите на солената лековита вода. Враќање во хотел во Аман. Вечера. Ноќевање.
По појадокот, со спакуван багаж, се упатуваме кон „Розевиот Град“ Петра, најубавиот град некогаш изграден од човечка рака
на Набатејците, а целиот вдлабен во карпи. Посетата започнува со јавање на коњи околу 600 – 700м до Сик, најпознатиот
теснец во светот, овековечен и во голем број на филмови, влезот на Градот Петра кој нуди неверојатно искуство. Додека
шетате долж 1 км долгата патека, над вас бдеат карпите високи и повеќе од 80 м. Боите кои се прелеваат и убавината која
природата ја дарила на ова место, се едни и единствени. Кон крајот на Сик, пред нас ќе се појави најспектакуларната глетка,
Ал Казнеа (Трезорот) .Вечера и ноќевање во хотел во Петра
По појадокот се одјавуваме од хотелот и се уптатуваме на патување низ магичниот Вади Рум (Месечева Долина), која според
археолозите била населена во праисторискиот период. На пат кон Вади Рум посета на Седумте Столбови на Мудроста,
именувани од Лоренс од Арабија. Продолжуваме кон прекрасниот природен лавиринт од монолитски карпи, на некои места
високи и по 1750 м, идеални за планинарење и спортско качување. Гостите може да уживаат во мирните прошетки по
непрегледната долина на карпести формации, да ги откријат кањоните и цртежите во карпите стари и по 4000 години. 2
часовно возење со 4×4 џипови низ пустината. Вечера. Единствена можност за ноќевање во пустина и прекрасни погледи кон
звезденото небо.
По појадокот го продолжуваме патувањето кон Акаба.Панорамси разглед на Акаба. Сместување во хотел. Слободно време за
индивидуални активности, капење и сончање на брегот на Црвеното Море како и шопинг, од причина што Акаба се води како
безцаринска зона, и претставува единствениот град – фришоп центар во светот. Вечера. Ноќевање.
По појадокот слободно време за индивидуални активности. Можност за факулатина екскурзија – тричасовно крстарење по
Црвеното Море со вклучен ручек. За време на крстарењето можност за капење, сончање и површинско нуркање (snorkeling).
Ќе ги видите најубавите корални гребени и исклучително богат и разнолик подводен свет. Слободно време. Вечера.
Ноќевање
По појадокот, се одјавуваме од собите во хотел. Слободно време за индивидуални активности, до времето предвидено за
трансфер кон аеродром.
Полетување кон Истанбул со лет ТК 819 во 01:40. Слетување во Истанбул. Продолжување на летот кон Македонија со TK
1003 кон Сkопје во 07:50. Слетување во Скопје
ХОТЕЛ 4* |
ПЕРИОД НА ПАТУВАЊЕ | 19.05– 27.05.2022 |
ПЕРИОД НА ПРЕСТОЈ | 19.05 – 26.05.2022 | |
УСЛУГИ | 6 HB + 1 BB | |
НОЌЕВАЊА / ДЕНОВИ | 7Н / 9Д | |
Цена по лице во двокреветна соба | 1399 € / 86.738 мкд | |
Цена по лице во двокреветна соба за резервации до 30.Април | 1299 € / 80.538 мкд | |
Цена за дете од 2 до 11,99 години без дополнителен лежај | 595 € / 36.890 мкд | |
Цена за дете од 2 до 11,99 години со дополнителен лежај | 925 € / 57.350 мкд | |
Попуст за трето ворзрасно лице | -60 € / -3.720 мкд | |
Доплата за еднокреветна соба | 350 € / 21.700 мкд |
aur
Превоз: Авион од Скопје
Термин: 11ти Април 2022
Цена од: 1.600€ по лице
Превоз: Turkish Airlines од Скопје
Термин: 21.04 – 27.04.2022
ПРОМО Цена: 680€