fbpx
+389 74 608 117 +389 32 605 117 info@danitravel.mk danitravelmk@gmail.com
Travel Agency & Transportation Company
+389 74 608 117 +389 32 605 117 info@danitravel.mk danitravelmk@gmail.com
Travel Agency & Transportation Company

Хотел Aqualina 4* – Охрид

Опис

Положба
Хотелот „Аквалина“ се наоѓа во туристичката населба Св.Стефан, оддалечен 6 км од центарот на Охрид на регионалниот патен правец Охрид- Св.Наум.  Комплексот на хотелот се наоѓа на самиот брег на Охридското езеро опкружен со пространство на бистра езерска вода. Ваквата местоположба Ви дава можност да поминете незаборавен одмор во стилот на модерното опкружување.
Сместување
Во својот сместувачки капацитет располага со вкупно 84 соби од кои, 1 Апартман со сауна, 6 соби со сауна и француски лежај, 7 соби со џакузи и француски лежај, 64 двокреветни соби, 6 трокреветни соби. Сите соби се опремени со ЛЦД ТВ, кабловска телевизија, телефон, WI-FI, купатило, фрижидер, услуга во соба.
Плажа
Хотелот „Аквалина“  располага со сопствена плажа. Во состав на плажата работи и бар со капацитет од 100 седишта, каде во секое време на денот може да се освежите со алкохолни и безалкохолни пијалоци со звуците на тивка и пријатна музика. Плажата е опремена со лежалки и чадори за сонце. Плажата во летниот период е комплетно покриена со професионални спасувачи на вода.
Базен
Дури и кога плажата Аквалина е оддалечена 50 метри од вратата на хотелот, гостите можат да уживаат во отворен базен со лежалки и бесплатна услуга за пешкири. А бар-услуга е достапна во двата базени со вкусни сендвичи, свежи салати, коктели и ладни пијалоци.

 Опис на соби:

  • Еднокреветна соба
  • Двокреветна соба
  • Апартман (2 ADL + 2 CHLD)

Цената вклучува:

  • ноќевање со појадок
  • туристичка такса
  • Бесплатно користење на базен, лежалки на базен, сопствена плажа, интернет, паркинг, спортски терени со закажување
  • лежалките на плажа се наплаќаат по 100 ден

 

Во цената не е вклучено:

  • Патничко осигурување
  • Доплата за соба со поглед – 5 евра по соба
  • Доплата за соба со сауна или џакузи + 10 евра на ден
  • Доплата за вечера – 10 евра по лице
  • Еднокреветна соба + 50%
НАПОМЕНИ:
Легенда

Цените се по лице во одбраната соба и услуга

Дете до 2 год. – бесплатно

Прво дете од 2 – 6 год со 2 родители – бесплатно

Второ дете од 2 – 6 год – 70% од сумата

Деца од 6 до 12 год имаат попуст од 40%

Во цената е вклучена туристичка такса

За уплата во денарска противвредност 1€ – 62мкд

Дополнителните попусти НЕ се комбинираат со EB попустот за рани резервации!


Хотелските соби може да варираат во големина и дизајн, па сместувањето во собите од сликите не е загарантирано. Хотелите имаат право да ја променат својата политика на обезбедените услуги (за дополнителни трошоци / бесплатно). Искрено се извинуваме за какви било несогласувања.

p/1pax – цена по лице по ден
p/2pax – цена за две лица по ден
p/3pax – цена за три лица по ден
p/4pax – цена за четири лица по ден
p/5pax – цена за пет лица по ден
p/6pax – цена за шест лица по ден
RO – Само сместување
BB – Ноќевања со појадок
HB – Појадок и вечера
FB – Појадок, ручек и вечера
AI – all incl Се Вклучено

DBL/TWIN - двокреветна соба (можен помошен кревет)
SGL - еднокреветна соба
APP - апартман
Family - фамилијарна соба
SUITE – суит
Mezonette – мезонет
Bungalow – бунгалов
PV/MV - поглед на парк
SV - поглед на море
Ценовник

Период

ВВ

01.04 – 10.06.2022

01.09 – 15.10.2022

28 €

11.06 – 31.08.2022

35 €

Цените се дадени по лице на ден.

Галерија