fbpx
+389 74 608 117 +389 32 605 117 info@danitravel.mk danitravelmk@gmail.com
Travel Agency & Transportation Company
+389 74 608 117 +389 32 605 117 info@danitravel.mk danitravelmk@gmail.com
Travel Agency & Transportation Company

Хотел Сириус 4* – Струмица

Опис

Положба

Хотел Сириус Спа и Велнес-Струмица е лоциран во Југоисточниот регион на Република Македонија, во мирна и тивка средина, на само 1,5 км од центарот на градот, 160 км од главниот град Скопје, 30 км од макодонско-грчката граница и 20 км од македонско-бугарската граница. Опкружен со природна убавина, хотелот нуди пријатен престој, одмор, забава и рекреација преку целата година.

Содржини

На гостите им е достапен бесплатен приватен паркинг, перална и собна услуга. Хотелските соби имаат тераси со спектакуларен поглед на прекрасно уредениот парк околу хотелот. Хотелот располага и со Spa & Wellness центар на површина од 1500м2. Овој мал рај во кој ќе заборавите на сите грижи и ќе си го посветите заслуженото време, ги нуди следниве содржини: затворен базен, џакузи, парна бања, турска бања, солена бања, финска бања, инфраред сауна, фитнес, 6 соби за масажа, 2 соби за луксузни ритуали и третмани.

 Опис на соби:

Хотелот располага со 116 соби од кои 7 апартмани, 45 еднокреветни, 56 двокреветни, 5 трокреветни и 3 соби за лица со специјални потреби. Сите соби се опремени со кабловска телевизија, директна телефонска линија, безжичен интернет, мини бар, фен за коса, централен систем за ладење и греење.

Цената вклучува:

  • Ноќевање со појадок
  • Користење на надворешен базен
  • Бањарка и папучи

Во цената не е вклучено:

  • Оброк (ручек или вечера) салата, главно јадење со прилог и десерт – 550 ден по лице
  • Дополнителна доплата за масажи и третмани (цената е во зависност од масажата/третманот) и е потребно претходна резервација
  • Користењето на Спа центарот за гости од хотелот се наплаќа по 300 ден од лице целодневна карта
  • Користењето на Спа центарот за надворешни гости се наплаќа по 500 ден по лице целодневна карта

Услови за деца

• Деца до 3 год – бесплатно
• Деца од 3 до 7 год – 30% од сумата по лице
• Деца од 8 до 12 год – 50% од сумата по лице
• Деца од 13 до 15 год – 70% од сумата по лице
• Деца над 15 год – 100% од сумата по лице

Задолжителни доплати

/////

Напомени

• Користење на надворешен базен – бесплатно
• Користење на услугите од спа и велнес вклучува: базен, џакузи, солено џакузи, теретана, турска бања, парна бања, инфра-ред сауна, финска сауна.
• Работно време на Спа и велнес центарот е секој ден од 10:00 до 21:00 часот
• Пријавување после 14:00 часот, Одјава до 12:00 часот

Ценовник
  • RO: Ноќевање
  • BB: Ноќевање со појадок
  • HB: Ноќевање со појадок и вечера
  • FB: Ноќевање со појадок, ручек и вечера
  • AI (All Inclusive): Ноќевање со појадок, ручек, вечера + екстра пакет согласно програмата

Хотел Сириус * * * *

Струмица

www.hotel-sirius.com.mk

Цената во табелата е дадена по лице

Соба

Капацитет

Услуга

Цена

Еднокреветна – (француски лежај)

1+1

ВВ

2.040 ден

Еднокреветна – (два разделни кревети)

1+1

ВВ

1.540 ден

Двокреветна – (француски лежај)

2+1

ВВ

1.540 ден

Двокреветна – (два разделни кревети)

2+1

ВВ

1.290 ден

Трокреветна – (три разделни кревети)

3+1

ВВ

1.240 ден

Апартман

4+1

ВВ

1.010 ден


Сириус пакет – 4.200 ден (за 2 лица)

Пакет аранжманот се однесува за две особи во една соба за едно ноќевање. Аранжманот е на база полупансион (ноќевање, појадок, вечера) и користење на услугите од Спа центарот: базен, џакузи, солено џакузи, теретана, турска бања, парна бања, инфра-ред сауна, финска сауна


 

Галерија

Политика на хотелот

Хотелските соби може да варираат во големина и дизајн, па сместувањето во собите од сликите не е загарантирано. Хотелите имаат право да ја променат својата политика на обезбедените услуги (за дополнителни трошоци / бесплатно). Искрено се извинуваме за какви било несогласувања.