fbpx
+389 74 608 117 +389 32 605 117 info@danitravel.mk danitravelmk@gmail.com
Travel Agency & Transportation Company
+389 74 608 117 +389 32 605 117 info@danitravel.mk danitravelmk@gmail.com
Travel Agency & Transportation Company

Хотел Радика 5* – Маврово

Опис

Хотелот Радика е планинско одморалиште од прва класа лоцирано во Националниот парк Маврово, во Западна Македонија, на одлична локација веднаш над Мавровското Езеро опкружено со автентична шума.
Хотелот е комплетно реновиран во 2008 година и предизвикува зачудување на секој „новодојденец“. Одличната локација (1400м надморска височина), пространи соби, стилскиот дизајн и големиот Спа центар ќе придонесат за вашиот незаборавен престој.

Соржини
Хотелот нуди и затворен и отворен базен, сауни, парни бањи, масажи, џакузи со солена вода, спортски центри, забава, ски-лифт, ски опрема, снежни санки за возрасни и деца, планински велосипеди и многу други изненадувања што ќе го исполнат вашито време на интересен начин.

Спа центар
Спа ценатарот во себе вклучува: внатрешен базен, отворен базен, масажи, фински сауни, парни бањи, турски хамам, приватна кабина (базен) со солена вода од Мртвото море, 2 џакузи со топла вода.
Дел од Спа Центарот е фитнес центарот кој се состои од патека за трчање, разни фитнес-опрема и машини за кревање мала тежина и клупи.
Во летниот период забавата продолжува кон надворешниот полу-олимписки базен каде ќе бидете придружени со добра музика и модерен бар бар.
Поминувајќи ги границите на луксузот,  Спа центарот нуди на вашето тело медицинска превенција, релаксација и стимулација на сите телесни системи.

 

 

 Опис на соби:

Најлуксузни и најпространи хотелски соби во Македонија. Тие се дизајнирани во барокен и модерен стил со софистициран и елегантен мебел и детали. Имаме на располагање пет типа хотелски соби прилагодени за да ги задоволиме сите потреби. Собите имаат поглед на Мавровското Езеро и планинскиот предел.

  • Superior rooms – интернет,Max TV, фен, голем LCD телевизор, кралски кревет,клима уред, мини бар, сеф, одделна бања.
  • Junior suits – интернет,max TV, фен, голем LCD телевизор, кралскиот кревет, клима уред, мини бар, сеф, одделна бања, одделно џакузи
  • Apartments – интернет, мax TV, фен, голем LCD телевизор, кралски кревет, клима уред, мини бар, сеф, одделена бања, одделено џакузи, голема тераса
  • Duplex – интернет, мax TV, фен, голем LCD телевизор, кралски кревет, клима уред, мини бар, сеф, одделена бања
  • Presidential – интернет, мax TV, фен, голем LCD телевизор, кралски кревет, клима уред, мини бар, сеф, одделена бања, камин, кралско џакузи

 

НАПОМЕНИ:
Легенда

Цените се по лице во одбраната соба и услуга

За уплата во денарска противвредност 1€ – 62мкд


Хотелските соби може да варираат во големина и дизајн, па сместувањето во собите од сликите не е загарантирано. Хотелите имаат право да ја променат својата политика на обезбедените услуги (за дополнителни трошоци / бесплатно). Искрено се извинуваме за какви било несогласувања.

p/1pax – цена по лице по ден
p/2pax – цена за две лица по ден
p/3pax – цена за три лица по ден
p/4pax – цена за четири лица по ден
p/5pax – цена за пет лица по ден
p/6pax – цена за шест лица по ден
RO – Само сместување
BB – Ноќевања со појадок
HB – Појадок и вечера
FB – Појадок, ручек и вечера
AI – all incl Се Вклучено

DBL/TWIN - двокреветна соба (можен помошен кревет)
SGL - еднокреветна соба
APP - апартман
Family - фамилијарна соба
SUITE – суит
Mezonette – мезонет
Bungalow – бунгалов
PV/MV - поглед на парк
SV - поглед на море
Ценовник
Ценовник Зима 2020-2021
Ценовникот е валиден во периодот од 01 Декември 2020 до 01 Април 2021
*освен во периодот од 28 Декември 2020 до 24 Јануари 2021*

Во цената е вклучено:

  • Туристичка такса, осигурување, ДДВ
  • СПА: внатрешен базен, џакузи, сауни, парни бањи, приватна кабина со солена вода, фитнес центар
  • Спорт бар: 500 спортски канали, билијард, пикадо
  • Пинг понг, фудбалче, внатрешна детска игрална
  • Паркинг
  • Интернет WI-FI/ TV

 

Доплата и попусти:

  • Цените се однесуваат по лице по ноќевање со вклучен појадок.
  • Деца од 0-4 години сместени со родителите – гратис.
  • Деца од 4-12 години сместенио соп родителите – 930 мкд по дето по ноќевање.
  • Трето возрасно лице во соба – 1550 мкд по лице по ноќевање.
  • Ручек – 930 мкд по оброк по лице
  • Вечера – 930 мкд по оброк по лице

 

Ценовник Висока сезона Зима 2020-2021
Ценовникот е валиден во периодот од 28 Декември 2020 до 24 Јануари 2021

Во цената е вклучено:

  • Туристичка такса, осигурување, ДДВ
  • СПА: внатрешен базен, џакузи, сауни, парни бањи, приватна кабина со солена вода, фитнес центар
  • Спорт бар: 500 спортски канали, билијард, пикадо
  • Пинг понг, фудбалче, внатрешна детска игрална
  • Паркинг
  • Интернет WI-FI/ TV

 

Доплата и попусти:

  • Цените се однесуваат по лице по ноќевање со вклучен појадок.
  • Деца од 0-4 години сместени со родителите – гратис.
  • Деца од 4-12 години сместенио со родителите – 1.860 мкд по дете по ноќевање.
  • Трето возрасно лице во соба – 2.728 мкд по лице по ноќевање.
  • Ручек – 1.178 мкд по оброк по лице
  • Вечера – 1.178 мкд по оброк по лице

 

Ценовник Божиќ 2020
Ценовникот е валиден во периодот од 22 Декември 2020 до 27 Декември 2020

Во цената е  вклучено:

  • Цените во табелата се изразени во евра по лице, за 3 полупансиони – 3 ноќевања со појадок и вечера
  • Божиќна гала вечера со забава и музика во живо на 24-ти декември 2020 година.
  • Божиќната гала вечера на 24 декември 2020 година вклучува храна и пијалоци (локално пиво / вино / ракија / газирани пијалаци / безалкохолни пијалоци / вода)
  • Туристичка такса и ддв
  • Спа центар , фитнес центар , затворен и отворен базен , џакузи и парна бања
  • Спорт бар , со пинг понг зона , фудбалче , билјард и детска внатрешна игрална
  • Интернет WI-FI/ TV
  • “Welcome drink” на пријавување и одјавување од хотелот
  • Бесплатен превоз до скијачкиот центар ” Заре Лазаревски ”

 

Доплата и попусти:

  • Деца од 0 – 3,99 години сместени со родителите – гратис
  • Деца од 4 – 11,99 години сместени со родителите – 99 евра / 6.138 мкд по дете за 3 ноќевања со појадок и вечера
  • Трето возрасно лице во соба – 180 евра / 11.160 мкд по лице за 3 ноќевања со појадок и вечера.

 

 

 

 

 


 

Ценовник Нова Година
Ценовникот е валиден во периодот од 31 Декември 2020 до 02 Јануари 2021

Во цената е вклучено:

  • Цените во табелата се изразени во евра по лице, за 2 полупансиони – 2 ноќевања со појадок и вечера.
  • Гала вечер со програма – музика во живо на 31.12.2020 (Вечера и пијалоци: локално пиво/вино/ракија и не газирани пијалоци/безалкохолни пијалоци/вода)
  • Вечера со програма – музика во живо на 01.01.2021 (без пијалоци)
  • Туристичка такса, Осигурување, ДДВ
  • СПА Фитнес центар, Надворешен базен, Внатрешен базен, Џакузи, Сауна, Парни бања, Хамам, Фитнесс центар
  • Спорт Бар: 500 спортски канали, билијард, пикадо, Пинг ппнг , Фудбалче, Внатрешна детска игрална
  • Паркинг
  • Интернет WI-FI/ TV
  • “Welcome drink” – на пријавување и одјавување од хотелот
  • Трансфер до Ски центар Заре Лазаревски

 

Доплата и попусти:

  • Деца 0 – 3,99 год. сместени со две возрасни лица – гратис
  • Деца 4 – 11,99 год. сместени со две возрасни лица – 135€ (две ноќевања, полу пансион)
  • Трето возрасно лице 12+ год. – 238 € (две ноќевања, полу пансион)

 

 

 

 

 

 


 

Галерија