+389 74 608 117 +389 32 605 117 info@danitravel.mk danitravelmk@gmail.com
Travel Agency & Transportation Company
+389 74 608 117 +389 32 605 117 info@danitravel.mk danitravelmk@gmail.com
Travel Agency & Transportation Company

Хотел Манастир 4* – Берово

Опис

Хотел Манастир се наоѓа на излезот од Берово, до манастирот Св.Архангел Михаил, на 5 км одалеченост од езерото. Хотелот  располага со 31 соба,  ресторан со традиционална кујна, СПА содржини, две летни тераси, терен за тенис, терен за одбојка, фитнес сала, три комплетно опремени сали за состаноци, голем парк и бар покрај река, детско игралиште и секако надгледуван паркинг простор.

Хотелот нуди   сместување во автентична градба, традиционална кујна со многу локални специјалитети приготвени од малешевски еко-производи и производи со органско потекло, разни активности како: планинарење, велосипедизам по планински патеки, пикник излети, прошетки покрај езеро, посета на бачило, манастири, стари занаети и природни и културни знаменистости… се разбира, доколку дозволуваат временските услови, а и забави со музички бенд и караоке.

Содржини

Располага со 30 соби, СПА содржини(џакузи, финска суна, парна бања), две летни тераси, терен за тенис, терен за одбојка, фитнес сала, две комплетно опремени сали за состаноци, детско игралиште и пешачка патека.

 

 

Цената вклучува:

  • Ноќевање со избрана услуга
  • WiFi Интернет
  • Паркинг (до достапните места за паркирање)
  • Вклучена туристичката такса и ддв.

Во цената не е вклучено:

  • Патничко осигурување
НАПОМЕНИ:
Легенда

Цените се по лице во одбраната соба и услуга

  • Наведените цени се за соодветна соба и услуга ноќевање со појадок.
  • Едно дете до 6 год. – бесплатно
  • Едно дете од 6-12 години – 50% од цената на возрасен.
  • Две деца на возраст до 6 год. –  50% од цената за  возрасен.
  • Трето лице е по цена за трокреветна соба.

За уплата во денарска противвредност 1€ – 62мкд


Хотелските соби може да варираат во големина и дизајн, па сместувањето во собите од сликите не е загарантирано. Хотелите имаат право да ја променат својата политика на обезбедените услуги (за дополнителни трошоци / бесплатно). Искрено се извинуваме за какви било несогласувања.

p/1pax – цена по лице по ден
p/2pax – цена за две лица по ден
p/3pax – цена за три лица по ден
p/4pax – цена за четири лица по ден
p/5pax – цена за пет лица по ден
p/6pax – цена за шест лица по ден
RO – Само сместување
BB – Ноќевања со појадок
HB – Појадок и вечера
FB – Појадок, ручек и вечера
AI – all incl Се Вклучено

DBL/TWIN - двокреветна соба (можен помошен кревет)
SGL - еднокреветна соба
APP - апартман
Family - фамилијарна соба
SUITE – суит
Mezonette – мезонет
Bungalow – бунгалов
PV/MV - поглед на парк
SV - поглед на море
Ценовник
Галерија