fbpx
+389 74 608 117 +389 32 605 117 info@danitravel.mk danitravelmk@gmail.com
Travel Agency & Transportation Company
+389 74 608 117 +389 32 605 117 info@danitravel.mk danitravelmk@gmail.com
Travel Agency & Transportation Company
Нова програма - Автобус
From269 €
January 30, 2021
Избери хотел
  • Hotel Kirci Thermal 3*Ноќевање со појадокAvailable: 4 seats
  • Hotel Kirci Thermal 3*Ноќевање со појадок и вечераAvailable: 4 seats
  • Hotel Crowne Plaza 5*Ноќевање со појадокAvailable: 4 seats
  • Hotel Almira 5*Ноќевање со појадокAvailable: 4 seats
  • Hotel Almira 5*Ноќевање со појадок и вечераAvailable: 4 seats
  • Hotel Holiday Inn 4* Ноќевање со појадокAvailable: 4 seats
  • Hotel Holiday Inn 4*Ноќевање со појадокAvailable: 4 seats
  • Mercure Hotel 5*Ноќевање со појадокAvailable: 4 seats

Proceed Booking

Save To Wish List

Adding item to wishlist requires an account

2138

Зошто да патувате со нас?

  • Најдобри цени на пазарот
  • 24/7 подршка за нашите клиенти
  • Најголем избор на аранжмани
  • Сопствен возен парк

Имате прашања ?

Не двоумете се да не повикате. Ние сме стручен тим и ние сме среќни што ќе разговараме со вас.

+389 74 608 117

info@danitravel.mk

Скијање во Турција

  • Времетраење: 8 дена / 6 ноќи
  • Слободни места : 19
  • Термин: 30.01 - 07.02.2021
Опис

На само 36км јужно од Бурса се наоѓа еден од најпознатите зимски ски центри во Турција – Улудаг. Во минатото познат по Античкото име Olympos Misios, во митологијата познато како место каде што Боговите ја гледале Тројанската војна. Улудаг е највисоката планина во Западна Анадолија, со врвот Кара Тепа (2543m). Иделно за скијање и бордање со стази од 28км, со 16 ски лифтови.

Сместувањето е во хотели во Бурса каде што има жичара од која ве носи директно во планината

Сместување

  • Hotel Crowne Plaza Bursa 5* ( cpbursa.com ) на услуга ноќевање со појадок.
  • Almira Hotel 5* ( almira.com.tr ) на услуга ноќевање со појадок или полупансион.
  • Kirci Thermal Hotel 3* ( kircihotel.com ) на услуга ноќевање со појадок, полупансион или полн пансион.
  • Holoday Inn Bursa 4* ( hinnbursa.com ) на услуга само ноќевање или ноќевање со појадок.

Специјално изненадување ГРАТИС НОЌЕВАЊЕ ВО ИСТАНБУЛ

Информации

Патувањето ќе се одвива според протоколите за безбедноста на здравјето
Патувањето ќе се реализира преку Република Бугарија (дозволен транзит) до Турција

1 ден30.01.2021 (сабота)

Средба на групата на Дрводекор во пладневните часови и сместување на багажот. Поаѓање за Турција. Ноќно возење со транзит преку Бугарија, попатни паузи и царински формалности.

2 ден31.01.2021 (недела)

Планирано пристигнување во Бурса во утринските часови. По можност сместување во собите веднаш, доколку не, слободно време до check in во 14 часот. Слободно време за запознавање на околината и градот Бурса.

3-6 ден01.02.2021 (понеделник) – 04.02.2021 (четврток)

Слободно време за скијање, користење на спа центар (доколку самиот хотел нуди), индивидуални активности.

7 ден05.02.2021 (петок)

Појадок. По појадокот напуштање на собите и групата се упатува кон Истанбул. Пристигнување во Истанбул во пладневните часови. Сместување во соби. Слободно време за одмор и слободни активности. Во договореното време факултативна посета на бизнис делот на Истанбул каде се наоѓаат големите холдинзи, облакодери и високи згради, секоја со свое посебно светло. Се посетува една од највисоките згради во Европа (236м) Sapphire Seyir Terasi (панорамска тераса), можност преку четиридимензионалното небесно возење со хелихоптер над Истанбул да ги посетите најзначајните знаменитости: Галата Кула, Златниот Рог, Сината Џамија, Аја Софија, Топ Капи, Девојачката Кула. Прекрасно искуство на 64иот кат на зградата од која се гледа целиот Истанбул. Оттука, групата се упатува на плоштадот Таксим и најпознатата улица во Истанбул – Истиклал. Слободно време за вечера и шопинг. Во договореното време групата се враќа назад. Ноќевање.

8 ден06.02.2021 (сабота)

Појадок. По појадокот напуштање на собите и факултативно крстарење на Босфор. 60 минутно крстарење, незаборавно доживување, еден поинаков Истанбул, сите луксузни вили кои вредат милиони, каде се снимани и најпознатите сцени од популарните турски серии и знаменитостите одблизу. На самото пристаниште можете да пробате традиционален турски сендвич со риба, се продава од интересно украсени бродчиња, има мали дрвени масички и столчиња крај кои можете да седнете и уживате крај морето.
По оваа факултатива, веднаш се упатуваме кон Долмабахче палатата. Првата историска палата во османлиската империја, изградена во европски стил. Од нејзината изградба во 1853-та година до 1922 година (со прекин од 20 години) служела како главна резиденција на султанот. Тука живеел и починал Мустафа Кемал Ататурк, основачот на турската држава, наследена и отпратена во историјата во 19 и 20 век, претходна некогаш и главна (во 16 и 17 век) Отоманска империја.
По ова групата се упатува кон трговски центар каде ќе има слободно време отприлика 2 часа. Во договореното време групата тргнува кон Македонија. Пристигнување следниот ден. (07.02.2021)

Цената на аранжманот вклучува

  • превоз со високотуристички автобус
  • пратител од агенција
  • 5 ноќевања во избраниот хотел (напомена: сите хотели се на барање)
  • 1 ноќевање со појадок во Истанбул во хотел 3*
  • БЕСПЛАТЕН ТРАНСФЕР ОД БИТОЛА ПРИЛЕП И ВЕЛЕС

Цената на аранжманот не вклучува

  • патничко осигурување
  • индивидуални трошоци
  • факултативни разгледи во Истанбул
  • Сафир Сехир со Таксим – 20 евра
  • Крстарење по Босфор – 20 евра
  • Посета на Долмабахче – 25 евра

Дополнителни информации

  • За патувањето е потребно да поседувате валиден биометриски пасош, најмалку 6 месеци пред истек
  • За реализација на патувањето потребен е минимум од 30 патници
  • За време на патувањето во автобус задолжително е носење на заштитна маска со која се покрива устата и носот.
  • Патниците се должни за цело време траење на патувањето да внимаваат на својата безбедност и на безбедноста на цела група и да ги почитуваат правилата и препораките дадени од страна на водичот.
  • За резервација потребна е задолжителна уплата на депозит од најмалку 50% доплата најдоцна до 2 недели пред поаѓање.
  • Со потпишување на договорот на патниците им се доделуваат седишта според времето на уплата, доколку одредени патници имаат посебни барања за конкретно седиште истото го доплаќаат во агенција.
  • Цените се дадени по лице за сместување во двокреветни валидни за најмалку 2 лица во соба.
  • Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најдоцна до 5 дена пред поаѓање доколку не е исполнет бројот на пријавени лица предвидени по програмата за ова патување.
  • Важат општите услови за патување на тур операторот и СКТМ

Hotel Kirci Thermal 3* ( www.kircihotel.com/ )

269 евра со појадок

282 евра полупансион

294 евра полн пансион

Hotel Crowne Plaza 5* – ( www.cpbursa.com/eng/ )

379 евра со појадок

Mercure Hotel 5* – ( www.mercurebursatheplaza.com/

409 евра со појадок

Hotel Almira 5* – ( www.almira.com.tr/ )

379 евра со појадок

404 евра полупансион

Hotel Holiday Inn 4* – ( www.hinnbursa.com/ )

389 евра за наем

429 евра со појадок

jk

Галерија
Напомени

ПРИГОВОРИ И ПОПЛАКИ
Во случај на неадекватно сместување или било кој друг проблем, се молат патниците за тоа веднаш да го известат одговорното лице на рецепцијата. Доколку проблемот не биде решен, веднаш треба за истиот да се извести ОРГАНИЗАТОРОТ НА ПАТУВАЊЕТО и уплатното место каде сте склучиле Договор за патување, за време на првиот ден од сместувањето и почетокот на овa програмa. Напоменуваме дека рекламации за кои агенцијата ќе дознае на последниот ден од престојот или по враќањето на патниците, истите нема да бидат земени во предвид или разгледани. Ве молиме во случај на било каков инцидент (кражба, тепачка, сообраќајна незгода….), да се обратите на надлежните инситуции во земјата на престојот. Организаторот на патувањето единствено е задолжен да Ви помогне при посредување меѓу вас и надлежните институции.
Составен дел од оваа програма се Општите услови на патување на организаторот на патувањето. За сите информации дадени усмено, агенцијата не сноси одговорност.

3 travellers are considering this tour right now!