fbpx
+389 74 608 117 +389 32 605 117 info@danitravel.mk danitravelmk@gmail.com
Travel Agency & Transportation Company
+389 74 608 117 +389 32 605 117 info@danitravel.mk danitravelmk@gmail.com
Travel Agency & Transportation Company

Сараево 2НП 23 Октомври

  • Сместување:Хотел 3*
  • Исхрана:Појадок
  • Превоз:Автобус
  • Организација:Лиценциран пратител
  • Термин:21.10 - 24.10.2021
  • Резервации:074 608 117
  • Плаќање на 6 рати
  • Патничко осигурување
Опис

Нашата нова дестинација „Сараево“ достапна и за 23-ти Октомври. YEAP. Ги покануваме сите оние кои се со позитивни мисли за уште едно бегство од реалноста. Сите велат дека Сараево е магично во Октомври, а ние веќе го тврдиме тоа и целиме кон реализирање на две тури во месец Октомври

1. ДЕНЧетврток (21.10.2021)

Поаѓања се организирани од повеќе градови во Македонија. Поаѓањето од Скопје е околу 20:00ч но патниците за точно време на поаѓње се известуват на еден пред поаѓање. Се патува преку Србија со попатни вечерни паузи.

2. ДЕНПеток ( 22.10.2021)

Влегувањето во Босна и Херцеговина е во утринските часови. По влегувањето во Босна на околу 20 км пристигнуваме во Вишеград, прекрасен град каде туристите имаат можност да уплатат за крстарење по Дрина и да се запознаат со природните и историски убавини на градот. Групата го посетува симболот на градот а тоа е познатиот мост кој е изграден од Мехмед Паша Соколовиќ,а кој е под заштита на UNESCO и опишан во романот на Иво Андриќ „Мостот на Дрина“.

По посетата на Вишеград, автобусот продолжува со возење до Сараево каде групата се сместува во хотел. Во хотелот во Сараево групата одмара од патувањето, а по паузата во програмата е предвидено да се посети „Тунел Спаса“. Жителите на Сараево за време на војната не можеле да излезат од градот затоа што постоела опасност да бидат застрелани од снајперисти. Сепак тие сакале да најдат начин да стигнат до населбата Бутмир. Еден босански градежен инженер, Неџад Бранковиќ, ги подготвил плановите за тунелот што ќе ги поврзува двете предградија. Во тунелот се влегувало преку една обична куќа во близина на аеродромот, која му припаѓала на Бајро Колар, во Бутмир, а во Добриња влезот бил во една гаража во станбена зграда. Секојдневно меѓу три и четири илјади луѓе и триесет тони разна стока поминувале низ тунелот. Првично, набавките требало да се носат рачно или на грбот на војниците, додека не се поставила железничка пруга со вагони што ги туркале мажите.

Патниците кои нема да се одлучат за факултативата, остануваат во хотел и во договореното време заедно со останатите кои ќе ја искористат факултативата продолжуваат во разглед на Сараево. Во Сараево следува разглед на градот со локален водич а по разгледот групата има слбодно време за индивудуални прошетки, по што во договореното време се враќа во хотелот.

Денот завршува со ноќевање во хотелот.

3. ДЕНСабота (23.10.2021)

Третиот ден започнува со појадок во хотелот, кој по појадокот се упатуваме на целодневен излетВо нашата програма за третиот ден се предвидени факултативни излети како:

Првото место за посета е “Бункерот на Тито„ во местото Коњиц. Овој бункер бил една од најстрого чуваните воени тајни воопшто во светот. До распадот на Југославија и по смртта на Тито само се нагаѓаше дека постојат подземни бункери и аеродроми на просторите на поранешната заедничка држава. Потоа, тие беа откриени, но никој не вложуваше во нив за да ги покаже на пошироката јавност. Во 2003 година почнаа првите поголеми активности за реновирање на подземните ходници и простории во Бункерот на Тито, и по десетина години интензивна работа, сега таму може да се видат сензационалистички откритија. Екскурзијата продолжува кон Јабланица која не пречекува со приказната за „Неретва“. Срушениот мостна Неретва, кое низ годините говори за страдањата на овој народ, е дел од нашата програма. Групата ќе има можност да го посети местото кадешто е снимен познатиот филм „Битка за Неретва“. Денот го завршуваме со посета на преубавиот Мостар. Се посетуват стариот мост каде можете да ги направите најубавите фотографии, улицата Кујунџи на која се наоѓаатт занаетчиските дуќани, Отоманските резиденции од XVI-XIX век итн. По целосно исцрпување на градот, следува слободно време за ручек во прекрасните традиционални кафеани каде што може да се најдат најдобрите босански кебапи.

По исцрпната тура, групата се враќа во Сараево, доколку има интерес може да се организира дружба или ноќно излегување.

Денот завршува со ноќевање во хотелот.

4. ДЕННедела (24.10.2021)

Четвртиот и последниот ден започнува со појадок во хотелот, по што следува одјавување од истиот и заминување кон граница. Првата пауза ќе ја направиме во Дрвенград (Србија) едно доста интересно и филмско градче во кое верувајте ќе уживате. Слободно време за ручек и продолжување кон Македонија. Пристигнување во раните утрински часови на 25.10.2021

Цената на аранжманот вклучува

  • Две ноќи во хотел со појадок
  • Автобуски превоз
  • Посета на Вишеград
  • Разглед на Сараево
  • Посета на Дрвенград

Цената на аранжманот не вклучува

  • Патничко осигурување
  • Босански пакет со факултативи (Посета на Тунел Спаса, Бункер Тито, Јабланица и Мостар)
  • Туристичка такса 2 евра oд лице (за две ноќевања во хотел) која се плаќа задолжително во автобус
  • Крстарење по Дрина во Вишеград од 5 евра по лице
  • Во врска со користењето на факултативите, патниците се должни да се изјаснат дали ќе го користат „Босанскиот пакет“ додека ја вршат уплатата во канцеларија. Ваквата политика се применува се со цел да може да се резервираат потребните влезници.
  • Доколку патувате сам/а се доплаќа плус 30 евра за сингл соба
  • Пцр или рапид тест за влез во Босна и Македонија доколку не сте вакцинирани

ФАКУЛТАТИВИ:

Босански пакет

45€

Босанскиот пакет го формиравме се со цел да Ве запознаеме со Босна и Херцеговина во најдобро светло. Пакетот вклучува:

  1. Тунел Спаса
  2. Бункерот на Тито
  3. Јабланица
  4. Мостар

ПРОМО ЦЕНА:

ЗА УПЛАТА ДО 10.10 // 89€ 

ЦЕНА:

Редовна цена: // 99€ 
За реализација на аранжманот, потребно е минимум 40 патници.
За овој аранжман важат Општите услови на патување на Туроператорот и СКТМ.

esc

Галерија
Напомени
  • За реализација на овој аранжман, потребен е минимум од 40 патници, во спротивно, крајниот рок за известување околу евентуален отказ на аранжманот е најкасно 5 дена пред датумот на поаѓање. Организаторот на патувањето го задржува правото за измена на редоследот на поедини содржини во програмата
  • За ова патување потребно е да се приложи сертификат за вакцина или брз антиген тест
  • Патувањето може да биде со валидна лична карта или пасош
  • Доколку дојде до непредвидена „виша сила“ за нереализирање на патувањето, поради новонастанати ситуации кои агенцијата не можела да ги предвиди, уплатените средства ќе бидат вратени на клиентот.
  • Доколку патувањето се реализира според планираното и нема никакви пречки за негова реализација, а дојде до откажување од страна на патникот, тогаш откажувањето ќе се реализира во согласност со општите услови за патување.
  • Распоредот на седишта се нумерира според уплатата. Доколку туристите имаат барање за седиште, истото се доплаќа 15 евра за два правци и право на избор на седиште.
  • Во врска со користењето на факултативите, патниците се должни да се изјаснат дали ќе го користат „Босанскиот пакет“ додека ја вршат уплатата во канцеларија. Ваквата политика се применува се со цел да може да се резервираат потребните влезници.