fbpx
+389 74 608 117 +389 32 605 117 info@danitravel.mk danitravelmk@gmail.com
Travel Agency & Transportation Company
+389 74 608 117 +389 32 605 117 info@danitravel.mk danitravelmk@gmail.com
Travel Agency & Transportation Company

Санторини 3НП

  • Сместување:Хотел 3*
  • Исхрана:Вклучен појадок
  • Превоз:Автобус
  • Организација:Придружник на патувањето
  • Термин:20.05-24.05.2022
  • Резервации:074 608 117

САНТОРИНИ – супермодел на грчките острови, најпосебниот остров на Медитеранот, инспирацијата на Платон, рај за очите…  Санторини возбудува со разнобојните карпи кои се издигаат од морето, со препознатливите бели куќички специфични за кикладската архитектура, со спектакуларните  панорами, романтичните  залези на сонцето, вулканските  песочни плажи со бела, сива, црна и црвена боја,  со Калдерата која буди мечти и ги оживува возбудливите приказни за изгубениот град Атлантида, кој можеби се наоѓал токму тука… Санторини може да се опише и  со само еден збор – а тој збор е магија. Дел е од островската група Киклади, се наоѓа во Егејското море, на половина пат меѓу Атина и Крит. Пред 3.500 години, островот е погоден од разорна вулканска ерупција со титанска моќ, која предизвикала потонување на островот, оставајќи зад себе кратер со високи карпи, денес познатата Калдера,  заштитниот знак на Санторини.

Цената на аранжманот вклучува

  • Превоз со високотуристички автобус на релација Скопје – Пиреа – Скопје
  • Трансфер со брод на релација Пиреа – Санторини – Пиреа
  • Трансфер пристаниште – хотел – пристаниште
  • 3 ноќевања со појадок во хотел со 3* во Периса
  • Организација и придружник на патувањето

Цената на аранжманот не вклучува

  • Oia (Иа), залез на сонце – 15€
  • Full day Santorini – 40€ (превоз + водич)
  • Kaldera morning  -( крстарење со брод+водич) – 40€
  • осета на винарија со дегустација на 4 вина и вински музеј ( превоз+влезница за винарија+водич) – 20€
  •  Туристичка такса 3 еур за 3 ноќевања (се плаќа во агенција)
  •  Еднокреветна соба 3.200 денари
  •  Задолжително патничко осигурување 210 денари

Дополнителни информации

  • За ова патување е потребен негативен PCR-тест или доказ за вакцинација

ЦЕНА:

ЦЕНА НА АРАНЖМАН | 209€/ 12.960 ден.
За реализација на аранжманот, потребно е минимум 40 патници
За овој аранжман важат Општите услови на патување на организаторот и СКТМ
ТА Дани Травел е посредник на патувањето

nhr

Опис

1 ден 20.05.2022 (петок)СКОПЈЕ – ПИРЕА

Состанок на групата на паркингот спроти спортски центар Борис Трајковски во 15 00ч. Се патува преку гр. премин Богородица со попатни паузи.

2 ден 21.05.2022 (сабота)ПИРЕА – САНТОРИНИ

Пристигнување на пристаништето Пиреа во раните утрински часови. Качување во брод и испловување во 07:25 часот. Пристигнување на пристаништето во Санторини во 15:30/ часот. Трансфер од пристаниште до хотел со автобус. Сместување во хотел. Информативен состанок за презентација и пријавување интерес за факултативните излети. Предлагаме посета на Oia (Иа) од каде ќе го видите најубавото зајдисонце. Слободно време за прошетки низ теснните улички каде ќе ги видите белите црквички со сини куполи.Ноќевање.

3 ден 22.05.2022 (недела)САНТОРИНИ

Појадок. Целодневен факултативен излет – FULL DAY SANTORINI.Посета на селцето Акротири ,одиме кон црвената плажа каде што ќе има можност за фотографирање на импресивната плажа.
Продолжуваме кон автентичните живописни селца на островот, Мегалохори и Емпорио… Продолжуваме кон Имеровигли, балконот на Калдерата, највисокиот и најлуксузниот дел на градот Фира. Пешачка тура низ тесните улички меѓу пештерните куќи се до Фиростефани. Враќање во хотел во вечерните часови.Ноќевање

4 ден 23.05.2022 (понеделник)САНТОРИНИ

Појадок.Слободен ден или факултативно Kaldera morning – cruise. Ексурзијата започнува со мал традиционален брод кој Ве води по Калдерата до Nea Kameni – новиот вулкан (5€ влезница за вулканот, не е вклучена во цената) каде со локален водич се искачуваме до врвот на вулканот, каде што на врвот ќе го видиме и активниот кратер. Слободно време за фотографирање. Враќање на брод со кој се продолжува до Palia Kameni – стариот вулкан, каде што ќе имате можност да се капете во термалните води.
Враќање на старото пристаниште од каде што од бродот ќе ги видите двете стари пристаништа, пловидбата е долж сртот на Санторини. Ја продолжуваме екскурзијата со посета на главниот град Фира, до каде се искачуваме пеш или со жичара или со магариња (6€, не е вклучено во цената на екскурзијата)). Слободно време во Фира за индивидуални прошетки низ Фира и ручек во некоја од грчките таверни. Враќање во хотел во попладневните часови. Ноќевање.

5 ден 24.05.2022 (вторник)САНТОРИНИ - ПИРЕА - СКОПЈЕ

Појадок. Напуштање на собите. Предлагаме посета на винаријата со посета на музеј на традиционално производство на вино во последните 450 години, единствен музеј во Грција кој се наоѓа на 8 метри длабоко во вулканска пештера. Дегустација на 4 различни видови на вулкански вина.
Во 14 часот трансфер до пристаниште. Испловување на бродот во 15:30. Пристигнување во Пиреа во 23:30. Ноќно возење со попатни паузи.
Пристигнување во Скопје во утринските часови наредниот ден .

Галерија
Напомени

За реализација на ова патување, потребен е минимум од 40 патници.

За ова патување потребно е да имате посош со важност мин. 90 дена по завршување на патувањето.

За влез во Грција според моменталните Ковид протоколи, потребно е:

  • ЕУ дигителен вакцинален сертификат со примена втора доза не подоцна од 9 месеци од денот на влез, или
  • ЕУ дигителен вакцинален сертификат за бустер доза – неограничена важност, или
  • ЕУ дигитален сертификат  за прележан Ковид не постар од 6 месеци, или
  • Негативен Антиген или ПЦР тест
  • Деца со навршени 5 год – Негативен Антиген или ПЦР тес

Сместувањето во автобусот е според датумот на уплатата. За избор на седиште по желба (освен првиот ред), се доплаќа 10 евра (по седиште).

Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари

За резервација на аранжманот потребна е аконтација од 30%, целосна уплата најдоцна 14 дена пред поаѓање

Цените на посетите и факултативните излети може да претрпат промена во редоследот по сатници, денови и цена.

Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најмалку 5 дена пред поаѓање.