+389 74 608 117 +389 32 605 117 info@danitravel.mk danitravelmk@gmail.com
Travel Agency & Transportation Company
+389 74 608 117 +389 32 605 117 info@danitravel.mk danitravelmk@gmail.com
Travel Agency & Transportation Company
Price
From899 €799 €
Име и презиме*
Email адреса*
Порака*
* I aggree with Terms of Service and Privacy Statement.
Please agree to all the terms and conditions before proceeding to the next step
Save To Wish List

Adding item to wishlist requires an account

2034

Зошто да патувате со нас?

  • Најдобри цени на пазарот
  • 24/7 подршка за нашите клиенти
  • Најголем избор на аранжмани
  • Сопствен возен парк

Имате прашања ?

Не двоумете се да не повикате. Ние сме стручен тим и ние сме среќни што ќе разговараме со вас.

+389 74 608 117

info@danitravel.mk

Санкт Петербург и Москва – 9 дена

  • Времетраење: 9 дена
  • Слободни места : ??
  • Термин: 31.03-09.04/2020
Опис

31. Март (Вторник) СКОПЈЕ - БЕЛГРАД - САНКТ ПЕТЕРБУРГ

Состанок на групата на аеродромот во Скопје во 13:45 часот. Полетување во 15:05 преку Белград и пристигнување во Санкт Петербург во 20:45 часот (локално време). Организиран трансфер до хотелот и сместување. Ноќевање.

01. Април (Среда) САНКТ ПЕТЕРБУРГ

Појадок. Панорамски разглед на културната престолнина на Русија: Булеварот Невски, Казанската црква, Дворскиот плоштад, Адмиралитетот, Василевскиот Остров, Ермитаж, Исакиевата Соборна црква, Бронзениот Коњаник, Смољни… Посета на Петропавловската тврдина, проектирана да ја заштити ново освоената територија, која го изгубила военото значење пред да биде завршена. Нејзините топови никогаш не извеле воена акција и биле употребувани само како сигнал за предупредување од поплави. Тврдината, речиси 200 години служела како политички затвор. Во центарот на тврдината се наоѓа Соборната црква Свети Петар и Павле. Прошетката продолжува до црквата Свети Исак изградена во чест на светецот заштитник на Петар Велики. Некогаш била главна црква во Русија и една од најголемите цркви со купола во светот, која може да прими до 10.000 посетители. Ноќевање.

02. Април (Четврток) САНКТ ПЕТЕРБУРГ - ПЕТЕРГОФ

Појадок. Факултативна прошетка до фантастичниот Петергоф, со величествениот Петродворец, најпознатата и најспектакуларна палата на Петар Велики, летната резиденција на најголемиот руски цар. Дворецот, познат како руски Версај, е опколен со романтични градини во рококо стил со водени каскади и фонтани сместени во центарот на паркот. Целиот комплекс, кој ги восхитува посетителите е ставен на листата на УНЕСКО како светското кулурно наследство. Враќање во хотелот во попладневните часови. Можност за крстарење со брод по реката Нева, со восхитувачки глетки кон архитектурата на градот. Ноќевање.

03. Април (Петок) САНКТ ПЕТЕРБУРГ - ЦАРСКО СЕЛО

Појадок. Препорачуваме прошетка до летната резиденција на Екатерина Велика во Царско Село, Пушкин. Посета на дворецот за чија декорација е употребено 100 килограми злато, ентериерот фасцинира со сјајот на уметничките предмети и портрети на династијата Романови. По повод 300 годишнината од основањето на градот, е завршена обновата на прочуената Килибарска соба, која на дворецот му го врати стариот сјај. Убавината е надополнета со преубавиот простран парк, исполнет со фонтани, канали, мостови и езера. Можност за посета на балетска или оперска претстава, во вечерните часови. Ноќевање.

04. Април (Сабота) САНКТ ПЕТЕРБУРГ – ЕРМИТАЖ - МОСКВА

Појадок. Препорачуваме посета на Ермитаж, еден од најголемите светски музеи на уметноста и културата. Во повеќе од 400 простории, во Зимскиот дворец и во неколку раскошни палати се прикажани околу 3 милиони уметнички предмети. Меѓу ремек делата најголемо внимание привлекуваат сликите на Леонардо Да Винчи, Тицијан, Ван Гог, Пикасо… Трансфер до железничката станица во Санкт Петербург и организиран превоз со модерен брз воз Сапсан до станицата Ленинградски вогзал во Москва (4 часа). Сместување во хотелот. Ноќевање

05. Април (Недела) МОСКВА

Појадок. Организиран панорамски разглед разглед на Москва: Црвениот плоштад, Кремљ, Твeрската улица, Големиот театар, Новодевичкиот манастир, Универзитетот Ломоносов, Мосфилмовската улица каде се наоѓаат повеќето амбасади, Мосфилм (рускиот Холивуд), со интересна приказна на локалниот водич за историјата и секојдневниот живот на Москва а потоа слободно време за индивидуални прошетки и посета на раскошниот трговски центар ГУМ на црвениот плоштад. Ноќевање.

06. Април (Понеделник) МОСКВА - КРЕМЉ

Појадок. Факултативна посета на Кремљ, историскиот центар на Москва, неповторлив по својата убавина. Комплексот е опкружен со реката Москва на југ, Црквата Свети Василиј Блажени и Црвениот плоштад на исток и Александровата градина на запад. Во прошетката се разгледуваат Успенската, Архангелската и Благовештенската Црква, Царскиот топ од 14 век, Царското ѕвоно и Претседателската палата. Кремљ претставува поранешна резиденција на руските цареви. Можност да се присуствува на ”промена на царската гарда”. Ноќевање.

07. Април (Вторник) МОСКВА – СЕРГИЕВ ПОСАД

Појадок. Можност за организирање на факултативен излет до Сергиевиот Посад (оддалечен 70 км од Москва), еден од најстарите и најголемите руски манастирски комлекси, центар на руското православие и поранешна резиденција на рускиот патријарх. Разгледување на Сергиевата Лавра, бисер на руската уметност и архитектура. Вечерната прошетка во Москва продолжува со обиколка на некоја од најубавите метро станици со богато декорирани столбови, мозаици и скуптури. Можност за факултативно крстарење по реката Москва на ексклузивниот брод ресторан Radisson. Ноќевање.

08. Април (Среда) МОСКВА – БЕЛГРАД - СКОПЈЕ

Појадок. Организиран трансфер до Аеродромот Шереметјево во Москва. Полетување за Скопје преку Белград во 11:00 часот (локално време). Прошетка во Белград со јавен превоз. Пристигнување во Скопје во 01:55 часот наредниот ден

Цената на аранжманот вклучува

  • Авионски превоз на релацијата Скопје – Белград – Санкт Петербург и Москва – Белград – Скопје со вклучени аеродромски такси
  • Рачен багаж (ташна и 1 торба/куфер со максимални димензии 40×23×55 см до 8 кг)
  • Трансфер во Санкт Петербург од аеродромот до хотелот
  • Превоз со брз воз од Санкт Петербург до Москва со организиран превоз до железничките станици
  • Трансфер во Москва од хотелот до аеродромот
  • Сместување во Хотел 4* во Санкт Петербург на база 4 ноќевања со појадок
  • Сместување во Хотел 4* во Москва на база 4 ноќевања со појадок
  • Организирани разгледи на Санкт Петербург и Москва
  • Туристичка виза на Руската Федерација
  • Професионална организација на аранжманот и придружник на патувањето

Цената на аранжманот не вклучува

  • Багаж за чекирање 1 куфер до 23 kg 2.550 денари
  • Факултативни излети (вклучени влезници, превоз и локален водич)

Кремљ 50 евра, Сергиев Посад 35 евра, Ермитаж 35 евра, Петропавловска Тврдина 10 евра, Петродворец Петергоф 45 евра, Царско Село Пушкин 50 евра, Крстарење со брод по реката Нева

  • Карти за театарска претстава и карти за локален превоз (метро)
  • Патничко-здравствено осигурување 550 денари

Дополнителни информации

Цените се дадени во евра, уплатата се врши во денарска противредност 1 евро=62 денари

Пасошот треба да важи минимум 6 месеци по завршувањето на патувањето.

За уплата до 31 Декември      799 евра (49.550 денари)

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ:          899 евра (55.750 денари)

За реализација на аранжманот, потребно е минимум 20 патници.

За овој аранжман важат Општите услови на патување на Дани Травел и СКТМ.

Галерија
Напомени
2 travellers are considering this tour right now!