Не двоумете се да не повикате. Ние сме стручен тим и ние сме среќни што ќе разговараме со вас.
+389 74 608 117
info@danitravel.mk
Пролом Бања се наоѓа во Јужна Србија, на падините на планината Радан. Позната е, пред сè, по својата лековита Пролом вода, која припаѓа на ретката група води со високи балнеолошки вредности: високоалкална, нискоминерализирана, бикарбонатна.
Ефектот на лекувањето се зголемува со примена на балнеолошки и физикални третмани, со престој на чист и свеж воздух и прошетки во недопрената природа на Пролом Бања. За подобрување на општата здравствена состојба придонесуваат надморската височина (550-668 м) и умерено континенталната клима со голем број сончеви денови во годината.
Благодарејќи на единствените карактеристики на Пролом водата, балнеолошките сознанија и медицинските истражувања, утврдени се следните индикации за лекување во Пролом Бања: болести на бубрезите и мочните патишта, заболување на органите за варење, заболувања на кожата, ревматизам.
За реализација на аранжманот, потребно е минимум 20 патници.
За овој аранжман важат Општите услови на патување на Дани Травел и СКТМ.
Тргнување во 05:00ч пред нова пошта во Штип. Предвидено време за пристигнување 10:00 часот. Слободно време за користење на базените и Wellness центарот во Хотел Радан (доплата на лице место). Враќање во 17:00 часот по локално време.
Wellness центар – лековита Пролом вода
Услуга: Полн Пансион
Цена: Од 43€