+389 74 608 117 +389 32 605 117 info@danitravel.mk danitravelmk@gmail.com
Travel Agency & Transportation Company
+389 74 608 117 +389 32 605 117 info@danitravel.mk danitravelmk@gmail.com
Travel Agency & Transportation Company
20/09/2020
From7 €
Booking Form
Enquiry Form
Име и презиме*
Email адреса*
Порака*
* I aggree with Terms of Service and Privacy Statement.
Please agree to all the terms and conditions before proceeding to the next step
The tour is not available yet.

Proceed Booking

Save To Wish List

Adding item to wishlist requires an account

2063

Зошто да патувате со нас?

  • Најдобри цени на пазарот
  • 24/7 подршка за нашите клиенти
  • Најголем избор на аранжмани
  • Сопствен возен парк

Имате прашања ?

Не двоумете се да не повикате. Ние сме стручен тим и ние сме среќни што ќе разговараме со вас.

+389 74 608 117

info@danitravel.mk

Природните убавини на Струмица

  • Времетраење: 12 саати
  • Слободни места : 28
  • Термин: Сеп20'

Посета на природните убавини на Струмица

Смоларски водопад — водопад сместен на северните падини на планината Беласица, по текот на реката Ломница, на надморска висина од 600 м во регионот на селото Смолари. Вкупната височина на вертикалниот отсек на Смоларскиот водопад изнесува 39,5 метри. Смоларскиот водопад е единствен постојан водопад во Македонија со пад на водата од 39,5 метри. Смоларе е како повеќето села во Македонија, мало село во кое живеат љубезни и гостопримливи луѓе. Но ова село има посебно богатство скриено во планината, Смоларски водопад.

Мокрински Извори — извори кои се наоѓаат во близина на селото Мокрино, се наоѓаат во подножјето на планината Беласица на надморска височина од 330 метри. Од трите Мокрински извори истекуваат 40 литри вода во секунда. Температурата на водата е секогаш иста, без оглед каква е надвор температурата. Потокот што потекува од изворот никогаш не замрзнал. Ова се должи веројатно на големата длабочина на изворот и силината на водата.

Колешински водопад — водопад сместен во северните падини на планината Беласица, во долниот тек на реката Баба, на надморска височина од 500 м. Се вбројува меѓу највисоките водопади во Македонија со височина од 19 м, со широчина на падот од околу 6 м. Според постанокот тој е тектонски водопад, создаден во гранитни камења. Спротиводно од Колешинскиот водопад, на оддалеченост од околу 100 метри се наоѓаат уште неколку помали водопади распоредени во низа, високи од 2 до 4 метри, кои припаѓаат на неговиот централен слив.

Цената на аранжманот вклучува

  • Превоз на наведената релација со високотуристички автобус или минибус
  • Организирани посети според програмата
  • Придружник од агенцијата

Цената на аранжманот не вклучува

  • Патничко осигурување - 100мкд

Дополнителни информации

  • ---
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ:  400 ден.

За реализација на аранжманот, потребно е минимум 20 патници.

За овој аранжман важат Општите услови на патување на Дани Травел и СКТМ.

Опис

1 ДенШтип - Струмица - Штип

Поаѓање во 07:00 часот од Нова Пошта во Штип. 08:30 пристигнување во Струмица, посета на Смоларските водопади со слободно време од 2 часа за уживање во убавините на природата и водопадот. Потоа се упатуваме кон Мокринските извори каде што се наоѓаат десетици извори на ладна планинска вода, четириесет литри вода, извираат од изворите на Мокрино секоја секунда. Од таму следи посета на Колешинските водопади, скриени во прегратките на планината Беласица, и чистата вода од реката Баба, која нежно се слива од ридот од височина од 19 метри. На враќање застануваме во центарот на Струмица и слободно време од 2 часа за прошетка/шопинг/ручек/индивидуални активности. Пристигнување во Штип во вечерните часови.

Галерија
Напомени
  • Агенцијата организира превоз до место кое е најпогодно за застанување и паркирање на автобусот.
  • Агенцијата го задржува правото во случај на промена на цената на превозот, хотелот, недоволен број на пријавени патници и слично, да ја измени цената на аранжманот или пак да го откаже во целост аранжманот на 7 дена пред поаѓање.
  • Организаторот го задржува правото на промена на редоследот на активностите во програмата.
  • За време на разгледите на градовите наведени во програмата не се предвидени посети на внатрешноста на јавнитезгради, институции или културни споменици, освен ако тоа не е посебно нагласено во програмата.
  • Во случај на доцнење на автобусот поради временските услови , вондредни услови во сообраќајот, прекумерни задржувања на границите, расипување на истите или слично, организаторот на патувањето нема одговорност за евентуалните настанати задоцнувања.
2 travellers are considering this tour right now!