+389 74 608 117 +389 32 605 117 info@danitravel.mk danitravelmk@gmail.com
Travel Agency & Transportation Company
+389 74 608 117 +389 32 605 117 info@danitravel.mk danitravelmk@gmail.com
Travel Agency & Transportation Company
25/10/2020
From9 €7 €
The tour is not available yet.

Proceed Booking

Save To Wish List

Adding item to wishlist requires an account

2039

Зошто да патувате со нас?

  • Најдобри цени на пазарот
  • 24/7 подршка за нашите клиенти
  • Најголем избор на аранжмани
  • Сопствен возен парк

Имате прашања ?

Не двоумете се да не повикате. Ние сме стручен тим и ние сме среќни што ќе разговараме со вас.

+389 74 608 117

info@danitravel.mk

Осоговскиот Манастир, Куклица и Кратово

  • Времетраење: 10 саати
  • Слободни места : 24
  • Термин: Окт25'

Св. Јоаким Осоговски – се наоѓа во длабоката дабова шума на Осоговските планини, на само 3 километри од Крива Паланка. Датира од XI век, времето кога чудотворецот Јоаким Осоговски бил жив. Манастирот има своја богата историја и посебна убавина. Внатрешноста и тремовите се живописани од четворица македонски зографи. Најкарактеристична фреска е композицијата Евангелиска проповед на апостол Павле, каде кривопаланечката народна носија зрачи со својата убавина. Најстар објект е малата црква на “Рождеството на Пресвета Богорогдица”, градена во XIV век, врз темели од XI век, за која е карактеристичен византискиот стил. Го нарекуваат и ”Манастирски град” поради разиграноста и бројноста на придружните објекти како стариот конак, конак со висока фасада, владичкиот конак, конакот ”Плочница”, крстилница, мала меѓерница со трем, плевна со штала, казарница, лебарница, амбари за жито и ориз, писарница, новиот конак, конак на горно собориште, стар коначки комплекс “Бини”.

Куклица – Легендата вели дека многу одамна во селото Куклица се случила голема трагедија, кога сите свадбари се скамениле. Поради овие скаменети кукли, и местото го добило своето име – Куклица. Според научниците камените фигури се создале пред 10 милиони години, кога се уште немало луѓе на планетата. Вертикалната ерозија на вулканските карпи создала “кукли” повисоки од десет метри, кои и денес доминираат во питомата околина. Со тек на времето природата од нив извајала ретки ремек-дела. Како и да е, ваква “свадба” нема никаде на светот и ова место е заштитено од Агенцијата за природни реткости при Министерството за животна средина.

Цената на аранжманот вклучува

  • Превоз на наведената релација со високотуристички автобус или минибус
  • Организирани посети според програмата
  • Пратител од агенцијата

Цената на аранжманот не вклучува

  • Патничко осигурување - / / / мкд

Дополнителни информации

  • ---
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ:   400 ден.

За реализација на аранжманот, потребно е минимум 20 патници.

За овој аранжман важат Општите услови на патување на Дани Травел и СКТМ.

Опис

1 ДенШтип - Крива Паланка - Куклица - Кратово

Состанок на групата во 06:00 пред Нова Пошта во Штип и поаѓање кон Осоговскиот манастир. Пристигнување и разглед на Осоговскиот манастир, време за индивидуални активности. Потоа се упатуваме кон местото Куклица каде ќе може да ги видите “Камените Кукли” – местото ќе ве понесе да верувате во оваа легенда, дури и да си ги замислувате лицата на свадбарите и јасно да ги гледате зетот и невестата како стојат еден до друг во прегратка. Од таму се враќаме во Кратово, посета на Радин Мост и слободно време за кафе/ручек/прошетка. Заминување за Штип и пристигнување во вечерните часови.

Галерија
Напомени
  • Агенцијата организира превоз до место кое е најпогодно за застанување и паркирање на автобусот.
  • Агенцијата го задржува правото во случај на промена на цената на превозот, хотелот, недоволен број на пријавени патници и слично, да ја измени цената на аранжманот или пак да го откаже во целост аранжманот на 3 дена пред поаѓање.
  • Организаторот го задржува правото на промена на редоследот на активностите во програмата.
  • За време на разгледите на градовите наведени во програмата не се предвидени посети на внатрешноста на јавнитезгради, институции или културни споменици, освен ако тоа не е посебно нагласено во програмата.
  • Во случај на доцнење на автобусот поради временските услови , вондредни услови во сообраќајот, прекумерни задржувања на границите, расипување на истите или слично, организаторот на патувањето нема одговорност за евентуалните настанати задоцнувања.
2 travellers are considering this tour right now!