+389 74 608 117 +389 32 605 117 info@danitravel.mk danitravelmk@gmail.com
Travel Agency & Transportation Company
+389 74 608 117 +389 32 605 117 info@danitravel.mk danitravelmk@gmail.com
Travel Agency & Transportation Company
11/10/2020
From7 €5 €
The tour is not available yet.

Proceed Booking

Save To Wish List

Adding item to wishlist requires an account

2156

Зошто да патувате со нас?

  • Најдобри цени на пазарот
  • 24/7 подршка за нашите клиенти
  • Најголем избор на аранжмани
  • Сопствен возен парк

Имате прашања ?

Не двоумете се да не повикате. Ние сме стручен тим и ние сме среќни што ќе разговараме со вас.

+389 74 608 117

info@danitravel.mk

Камени Кукли / Кратово & Лесновски Манастир

  • Времетраење: 10 саати
  • Слободни места : 17
  • Термин: Окт11'

Свети Гаврил Лесновски или Лесновски Манастир – се наоѓа во с. Лесново, на надморска височина од 870 м, на југозападните падини на планината Осогово. Цркавата се вбројува во редот на крстообразни цркви и кога ќе влезете во нејзината внатрешност ќе ве пречекаат високиот и раскошен иконостас и богат фрескоживопис кој е добро зачуван. Главната црква е посветена на Светите Архангели Михаил и Гаврил.
Пред самиот влез на селото, се наоѓа карпестиот рид полн со пештери кој плени поглед на секој посетител , каде се вадел воденичарскиот камен. Прошетката по еко патеките кои водат кон овие пештери претставува несекојдневно доживување. Вкупната должина е 600 метри, со скали и два моста од кои едниот ги поврзува пештерите од двете страни на Лесновска река со пештерската црква св. Богородица и другиот кој го поврзува манастирскиот комплекс.

Куклица – Легендата вели дека многу одамна во селото Куклица се случила голема трагедија, кога сите свадбари се скамениле. Поради овие скаменети кукли, и местото го добило своето име – Куклица. Според научниците камените фигури се создале пред 10 милиони години, кога се уште немало луѓе на планетата. Вертикалната ерозија на вулканските карпи создала “кукли” повисоки од десет метри, кои и денес доминираат во питомата околина. Со тек на времето природата од нив извајала ретки ремек-дела. Како и да е, ваква “свадба” нема никаде на светот и ова место е заштитено од Агенцијата за природни реткости при Министерството за животна средина.

Цената на аранжманот вклучува

  • Превоз на наведената релација со високотуристички автобус или минибус
  • Организирани посети според програмата
  • Водство и организација со лиценциран придружник.

Цената на аранжманот не вклучува

  • Патничко осигурување - ---мкд

Дополнителни информации

  • ---
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ:  300 ден.

За реализација на аранжманот, потребно е минимум 20 патници.

За овој аранжман важат Општите услови на патување на Дани Травел и СКТМ.

Опис

1 ДенШтип - Лесновски Манастир - Камени Кукли - Кратово

Поаѓање во 07:00 пред Нова Пошта во Штип. Во 08:00 часот пристигнуваме во Лесновски Манастир (започнува утринската литургија), по завршување на литургијата можност за доручек во манастирот, слободно време за разглед на манастирот и индивидуални активности, и можност за посета на прекрасните пештери. Од таму се упатуваме кон местото Куклица каде ќе може да ги видите “Камените Кукли” – местото ќе ве понесе да верувате во оваа легенда, дури и да си ги замислувате лицата на свадбарите и јасно да ги гледате зетот и невестата како стојат еден до друг во прегратка. Од таму се враќаме во Кратово, посета на Радин Мост и слободно време за кафе/ручек/прошетка. Заминување за Штип и пристигнување во вечерните часови.

Галерија
Напомени
  • Агенцијата организира превоз до место кое е најпогодно за застанување и паркирање на автобусот.
  • Агенцијата го задржува правото во случај на промена на цената на превозот, хотелот, недоволен број на пријавени патници и слично, да ја измени цената на аранжманот или пак да го откаже во целост аранжманот на 7 дена пред поаѓање.
  • Организаторот го задржува правото на промена на редоследот на активностите во програмата.
  • За време на разгледите на градовите наведени во програмата не се предвидени посети на внатрешноста на јавнитезгради, институции или културни споменици, освен ако тоа не е посебно нагласено во програмата.
  • Во случај на доцнење на автобусот поради временските услови , вондредни услови во сообраќајот, прекумерни задржувања на границите, расипување на истите или слично, организаторот на патувањето нема одговорност за евентуалните настанати задоцнувања.
2 travellers are considering this tour right now!