Не двоумете се да не повикате. Ние сме стручен тим и ние сме среќни што ќе разговараме со вас.
+389 74 608 117
info@danitravel.mk
Охрид — град во југозападниот дел на Македонија, на североисточното крајбрежје на Охридското Езеро, кое по градот го носи и своето име. Охрид и Охридското Езеро се едни од главните туристички места во Македонија.
Поради големиот број на цркви и манастири, градот е познат како Балкански и Европски Ерусалим. Охрид е познат и како „град на светлината“, што претставува буквален превод на неговото старо име, Лихнид. Охридскиот регион е вклучен во светското наследство на УНЕСКО.
За реализација на аранжманот, потребно е минимум 20 патници.
За овој аранжман важат Општите услови на патување на Дани Травел и СКТМ.
РАСПОРЕД НА ТУРАТА
• 06:30 Поаѓање од Штип пред нова пошта.
• 10:30 Планирано пристигнување во Охрид со попатни паузи.
• 10:35 Света Богородица Перивлепта – Фреските се дело на солунски сликари Михаил и Евтихиј. Црквата во народот е позната и како Свети Климент бидејќи моштите на Св. Климент биле пренесени во оваа црква по претворањето на катедралната црква Св. Софија во џамија (XV век).
• 11:00 Самуилова тврдина – Охридската тврдина, симболот на градот без кој не може да се замисли неговата урбанистичка физиономија и историја е една од најголемите средновековни фортификациски градби во Македонија.
• 11:50 Свети Јован Богослов Канео – Ако не сте биле на Канео, како да не сте го посетиле Охрид, ќе ви речат локалните туристички водичи.
• 13:00 Поаѓање за Свети Наум.
• 13:30 Музеј на вода – Залив на коските (попатно застанување).
• 14:40 Пристигнување во Свети Наум – манастир изграден на висока карпа, над самото Охридско Езеро, на неговата најјужна точка, во една месност со ретка природна убавина.
• 17:30 Поаѓање за Штип и пристигнување во вечерните часови.
Охрид
Услуга: НB
Цена: Од 1.340 денари
Спа центар со внатрешен базен и приватна кабина (базен) со солена вода од Мртвото море
Услуга: BB
Цена: Од 69€
Пелистер
Услуга: BB/HB/FB
Цена: Од 3.440 денари
Маврово
Услуга: RO
Цена: Од 550 денари