fbpx
+389 74 608 117 +389 32 605 117 info@danitravel.mk danitravelmk@gmail.com
Travel Agency & Transportation Company
+389 74 608 117 +389 32 605 117 info@danitravel.mk danitravelmk@gmail.com
Travel Agency & Transportation Company

Нова Година во Истанбул 2НП

  • Времетраење: 2 ноќевања, 4 дена
  • Слободни места : 16
  • Термин: 30.12.2020 - 02.01.2021
Опис

Одиме во еднинствениот град кој е на 2 континенти, град на спротивности и на извонредни традиционални вредности. Многумина го нарекуваат „Главниот град на светот“, други пак „Мостот помеѓу Европа и Азија“. Сепак, Истанбул е најголемиот град во Турција и еден од најголемите градови во светот, со население од околу 20 милиони жители. Истанбул зафаќа површина речиси колку државата Белгија, со речиси еднаков број население.Во Истанбул се наоѓа една од џамијата Света Софија или Аја Софија.

Прв ден - среда (30.12.2020)

Нашите водичи се добро обучени и искусни во спроведувањето на протоколот за безбедност при патувањето. Забавата започнува уште од паркингот на Вип Хотел. Поаѓањето е во 15:30ч. Агенцијата ги контактира патниците на два дена пред поаѓање за потврда на поаѓањето, но времете на поаѓање трпи промени. Седиштата во автобусот се нумерирани. Со самото потпишување на договорот на патниците им се доделуваат седишта според времето на уплата, доколку одредени патници имаат посебни барања за конкретно седиште истото го доплаќаат во агенција. Ноќно возење со попатни паузи, царински формалности, презентација на програма и информации околу тоа што ги очекува патниците во наредните три дена.

Втор ден - четврток (31.12.2020)

Пристигнувањето на групата во Истанбул. Групата се упатува кон хотелот заедно со својот багаж, каде истиот се остава во просторија предодредена за чување на багаж. Туристичкиот придружник е задолжен за комуникација со вработениот на рецепцијата во хотелот каде според список на уплати во канцелариите на агенцијата се делат клучевите од хотелските соби. Од досегашното работно искуство, нашата агенција вложила доста напори да им овозможи сместување на патниците пред законското време за Check in во хотелот. Патниците добиваат слободно време за пауза.
Остатокот од денот е предвиден за три часовно КРСТАРЕЊЕ ПО БОСФОРОТ.
Дневна журка по Босфор (Со многу изненадувања за кои ќе се погрижиме ние).
По Крстарењето групата се враќа назад во хотел и има слободно време за ручек и подготовка за најважната ноќ!
НОВОГОДИШЕН ДОЧЕК на 2021 година ќе ја дочекаме на еден од најдобрите Rooftop во Истанбул.
Дополнителни информаци за програмата ќе има наскоро доколку епидемиолошка слика ни дозволи реализација на самиот настан.

Трет ден - петок (01.11.2021)

ТРЕТИОТ ДЕН ВО ИСТАНБУЛ Е ПРЕДВИДЕН ЗА ПОСЕТА НА:
Истанбулски минијатурк e минијатурен парк сместен на северо-источниот брег на Златниот Рог во Истанбул, Турција. Отворен е на 2 мај 2003 година. Минијатурк зафаќа вкупна површина од 60.000 квадратни метри . Тој е еден од најголемите минијатурни паркови во светот со модел на површина од 15,000 м2 . Паркот содржи 122 модели во размер 1:25. Содржи структури од и околу Турција, како и толкувања на историски структури.
Облакодерот Сафир кула претставува облакодер кој што од 2016 година е прогласен за највисока градба во Истанбул лоцирана во централната деловна област Левент. По завршувањето на изградбата Сафир кулата била четврта по ред по височина кула во светот со вклупно 64 ката, 54 над земјата и 10 под земја. Она што е интересно е што овде се качуваме на најгорниот кат, 53 кат, каде ќе имаме прилика да влеземе во 4D кино и од сосема поинаков агол да ги погледнеме сите знаменитости во Истанбул. Иста така, можеме да излеземе на огромната стаклена тераса од која се гледа целиот Истанбул.
Emaar Squere Mall е нова атракција во Истанбул која се наоѓа во азискиот дел на градот и преставува една од најатрактивните места кои треба да се посетат. Овој трговски ценар е наменет за луѓето заљубени во шопингот, забавата и гастрономијата. Ова место нуди извонредно искуство за своите посетители од целиот свет. Emaar Square Mall е домаќин на луксузни брендови и продавници коишто не се достапни насекаде низ Турција. Патниците може да го искористат времето за шопинг, јадење, пиење до видео игри. Овој трговски центар годишно во просек го посетуваат 25 милиони посетители. Во склоп на самиот трговски центар се наоѓа и аквариум кој е еден од повеќето гигантски аквариуми во Турција. Вo аквариумот може да се видат тигар ајкулите како и над 10.000 други видови на морски суштества, вклучувајќи ги и тропски загрозените.
Watergarden oваa дестинација е на нашата листа, бидејќи нуди посебно доживување, особено кога ќе го посетиме, а тоа е навечер. Огромните фонтани, обоени од многуте светла, го прават овој трговски центар посебен. Овој трговски ценар го става Истанбул рамо до рамо со Дубаи. По завршувањето на овие посети, групата се враќа во хотел, ноќевање.
Плоштад Таксим главниот центар на градот, на кој се одржуваат главните митинзи и прослави! Покрај „Таксим“ поминува познатата Истикал улица на која се движи познатиот трамвај! На Истикал се наоѓаат познатите дискотеки и кафулиња, а ова значи дека групата има идеална можност за излегување во некоја од локалните дискотеки!По завршувањето на овие посети, групата се враќа во хотел, ноќевање.

Четврт ден - сабота (02.01.2021)

Појадок во хотелот, одјавување и се упатуваме кон фабирката Коска. По посета на фабриката Коска време е за шопинг во најдобриот трговски аутлет 212 во Истанубл. Нашата програма е создадена да одговара на потребите на секој патник. Од историја, култура, животен стил па се до шопин. Кој не би сакал шопинг?
Времетраењето на шопинг е до 15:00 часот кога групата се собира и упатува назад. Предвидено е пристигнување во раните утрински часови

Цената на аранжманот вклучува

  • Две ноќевања во хотел 3* во Аксарај (двокреветни и трокреветни соби)
  • Автобуски превоз
  • Лиценциран придружник
  • Лиценциран туристички водич
  • Шопинг во 212 центарот
  • Посета на фабриката КОСКА

Цената на аранжманот не вклучува

  • Патничко осигурување
  • Факултативни излети
  • Индивидуални трошоци

ВАЖНО:

  • Селекција на седиште во автобус! Според правилата на агенцијата, патниците се сместуваат според временската линија на уплати. Доколку имате барање за седиште, истото се доплаќа 15 евра за во два правци.
  • Задолжителна проверка на пасошот. Не треба да е на 6 месеци пред истекување од моментот на влез и излез од Р. Турција
  • За деца до 12 години се плаќа на 50% од износот.
ПОАЃАЊЕ: 30.12.2020 – ВРАЌАЊЕ: 02.01.2021
Хотел 3* во Аксарај
Промо Цена до 20.11.2020 – |79 евра|
Редовна цена на аранжманот |99 евра|

За реализација на аранжманот, потребно е минимум 30 патници.

За овој аранжман важат Општите услови на патување на туроператорот и СКТМ.

escp

Галерија
Напомени
ФАКУЛТАТИВНИ ИЗЛЕТИ
ТРИ ЧАСОВНО КРСТАРЕЊЕ ПО БОСФОРОТ

Три часовна дневна журка по Босфор, уживање,забава !

Моќната страна на отворениот простор е погледот од милион долари!

Бродот поминува под самиот мост на Босфор и се движи во близина на најлуксузните палати во градот! Музиката е селектирана за сечиј вкус!

Млади, cool и едуцирани водичи! Фотограф! И многу други изненадувања изненадувања за кои ќе се погрижиме ние.

ПАКЕТИ ЗА ФАКУЛТАТИВИ
ПАКЕТ 1: Миниатурк парк и Сафир 4Д Кула, Emaar Squere Mall, Watergarden и плоштадот Таксим - 40€

Минијатурк е минијатурен парк сместен на северо-источниот брег на Голден Рог во Истанбул, Турција. Отворен е на 2 мај 2003 година. Минијатурк зафаќа вкупна површина од 60.000 квадратни метри . Тој е еден од најголемите минијатурни паркови во светот со модел на површина од 15,000 м2 . Паркот содржи 122 модели во размер 1:25. Содржи структури од и околу Турција, како и толкувања на историски структури.

Сафир кула претставува облакодер кој што од 2016 година е прогласен за највисока градба во Истанбул лоцирана во централната деловна област Левент. По завршувањето на изградбата Сафир кулата била четврта по ред по височина кула во светот со вклупно 64 ката, 54 над земјата и 10 под земја. Она што е интересно е што овде се качуваме на најгорниот кат, 53 кат, каде ќе имаме прилика да влеземе во 4D кино и од сосема поинаков агол да ги погледнеме сите знаменитости во Истанбул. Иста така, можеме да излеземе на огромната стаклена тераса од која се гледа целиот Истанбул.

Emaar Square Mall е нова атракција во Истанбул која се наоѓа во азискиот дел на градот и преставува една од најатрактивните места кои треба да се посетат. Овој трговски ценар е наменет за луѓето заљубени во шопингот, забавата и гастрономијата. Ова место нуди извонредно искуство за своите посетители од целиот свет. Emaar Square Mall е домаќин на луксузни брендови и продавници коишто не се достапни насекаде низ Турција. Патниците може да го искористат времето за шопинг, јадење, пиење до видео игри. Овој трговски центар годишно во просек го посетуваат 25 милиони посетители. Во склоп на самиот трговски центар се наоѓа и аквариум кој е еден од повеќето гигантски аквариуми во Турција. Вo аквариумот може да се видат тигар ајкулите како и над 10.000 други видови на морски суштества, вклучувајќи ги и тропски загрозените.

Watergarden

Покрај Emaar Square, групата го посетува Watergarden. Ова дестинација е на нашата листа, бидејќи нуди посебно доживување, особено кога ќе го посетиме, а тоа е навечер. Огромните фонтани, обоени од многуте светла, го прават овој трговски центар посебен. Овој трговски ценар го става Истанбул рамо до рамо со Дубаи.

Плоштад ТАКСИМ

Денот завршува со плоштадот ТАКСИМ или главниот центар на градот, на кој се одржуваат главните митинзи и прослави! Покрај „Таксим“ поминува познатата Истикал улица на која се движи познатиот трамвај! На Истикал се наоѓаат познатите дискотеки и кафулиња, а ова значи дека групата има идеална можност за излегување во некоја од локалните дискотеки!По завршувањето на овие посети, групата се враќа во хотел, ноќевање.

2 travellers are considering this tour right now!