Најголемиот и главниот град на Србија – Белград, носи во себе еден посебен шарм на град кој се има преродено од сопствената пепел. Удобно лоциран на местото каде се вкрстуваат реките Дунав и Сава, овој град лесно ќе се вреже во меморијата и душата на секој патник. Иако целосно и припаѓа на Источна Европа, Белград дише западен воздух, предизвикувајќи го она посебно чувство, создадено во некое од неговите скриени катчиња, исто како кај француските градови. Голем број на туристи веќе ги имаат откриено убавините и богатствата на овој град, кои беа непознати до неодамна. Љубителите на културата тука ќе може да уживаат во архитектурата и музеите, додека вљубениците на лудата забава, неуморно ќе можат да го истражуваат незапирливиот, белградски, ноќен живот.
Белград е на врвот на листата на градови со најдобар ноќен живот. Главниот српски град го зазеде првото место поради богатата понуда на ресторани, барови и клубови на улицата Скадарлија и на дунавските и савските сплавови, но и поради локалното население, кое со својот ентузијазам придонесува за добрата забава.
Состанок на групата кај спортскиот центар Борис Трајковски во 00:30 ч. Поаѓање за Белград во 01:00 ч. Се патува преку граничниот премин Табановце, со попатни паузи за одмор. Пристигнување во Белград во утринските часови. Со помош на Белградскиот водич ќе се запознаеме со богатото минато на градот, ве водиме на панорамско разгледување на градот со автобус: Титовиот музеј, стадионите на Партизан и Црвена Звезда, плоштадот Славија, храмот на Свети Сава, Парламентот, Стариот и новиот дворец, Теразије, плоштадот Република, споменикот на Кнезот Михајло Обреновиќ, Народниот театар, Народниот музеј, студентскиот плоштад. Продолжуваме со пешачката програма на откривање на убавините на Белград: Калемегдан: Најубавиот и најголем Белградски парк но и најзначаен културно историски комплекс во кој доминира Белградската тврдина над устието на реките Сава и Дунав. Ќе го посетиме споменикот на Победата, дело на познатиот Иван Мештровиќ, симбол на победата на српската војска над Отоманската и Австроунгарската Империја во војните од 1912-1918. Шетајќи низ најстариот дел од градот познат како Дорчол, ќе дојдеме до Бајракли џамијата, градена од Отоманската Имеперија во 1575 г., единствено сочувана од 273 џамии од времето на Отоманската Империја. Кнез Михајлова-познатата пешачка улица на Белград, Соборната црква Свети Архангел Михаил, Конакот на Кнегињата Љубица, граден како државна резиденција од страна на Принцот Милош Обреновик во 1831. Сместување во хотел. Слободно попладне за индивидуални активности. Ние ви препорачуваме прекрасно крстарење со брод по Сава и Дунав. Единствена прилика да го запознаеме Белград од една поинаква перспектива. Ќе се восхитуваме на моќниот Калемегдан, познатите клубови и кафеани сместени на сплавови на реката Сава, новиот градежен проект “Белград на вода“. Секако нашиот љубезен водич ќе не запознае и со приказните за современиот Белград.
ПРЕЧЕК НА НОВАТА ГОДИНА*
Појадок. Ве водиме на целодневен прекрасен излет, испреплетен со богата историја. Возејќи се низ Фрушка гора, ќе посетиме една од многуте познати винарии, Винаријата Ковачевиќ каде ќе имаме можност да дегустираме но и купиме одлично вино од тој крај. Потоа ќе го посетиме Манастирот Ново Хопово кој според својата архитектонска вредност преставува најзначајна сакрална градба во својата епоха на овие простори. Граден во 1451 г. Продолжуваме до Сремски Карловци, место познато уште во времето на Римјаните. Отоманскиот војсководител Бали Бег, во време на Сулејман Величенствени, во 1521 го освојува градот и цели 170 години е под Отоманската Империја. Потоа потпаѓа под Австроунгарија а од 1918 е во состав на Кралството на Срби Хрвати и Словенци (СХС). Град со прекрасни добро сочувани стари градби: Соборната црква Св.Никола, Палатата на Патријаршијата во барокна и неоренесансна архитектура, Римокатоличката црква на Светото Тројство од 1735 г. Карловачката гимназија од 18 век со најбогата школска библиотека во Србија со 18.000 книги. Тука учел и еден од најголемите Српски поети Бранко Радичевиќ. На самиот плоштад се наоѓа и фонтаната
“4 Лава“ од 1799 г. Ќе ја посетиме и Капелата на мирот, каде во 1699 год е потпишан мир помеѓу Отоманската Империја и Светата лига ( Австрија, Полска и Млетачката Република). Ексклузивно ќе ја посетиме и куќата каде живел како ученик поетот Бранко Радичевиќ, претворена во музеј.
Продолжуваме кон Петроварадинската тврдина:
“Капија светова и раскрсница путева. Чувар царства и царског оружја. Прекретница хрисќанског света. Тамница мрачна и гробница незнана. Сва загонетна, славом и клетвом опевана. Велика уметничка инспирација – Петроварадинска тврџава. Барокна лепотица, колосална творевина. Вековна људска цивилизациска одредница“-Синиша Јокиќ.
Изградена над десниот тек на реката Дунав, во населбата Петроварадин, денес составен дел на Нови Сад. Изградена од Австријците кои тука владееле од 1692-1780, во непосредна близина на границата на Отоманската Имерија. Местото го нарекуваат и Гибралтар на Дунав.
Пристигнуваме во Нови Сад, град прогласен за Младинска престолнина на Европа за 1919 г., Европска престолнина на културата за 2021 год. Градот е подигнат во 1694 год. Долго време бил центар на српската култура, и затоа го нарекле градот Српска Атина. Денес Нови Сад е голем финансиски и индустриски центар на српската економија, голем универзитетски град, школски центар, културен, научен, здравствен и политички центар на Автономната Покраина Војводина. Пешачка програма низ центарот на градот: Римокатоличката црква, Палатата на Владиката, Соборната православна црква, Градската куќа. Време е за кафе во познатото кафуле “Безец“.Слободно време за индивидуални прошетки. Враќање во Белград и нашиот хотел во вечерните часови. Ноќевање.
Појадок. Одјавување од хотел.
Се упатуваме кон омиленото излетничко место на Белграѓани, планината Авала, висока 511 м.
Римјаните подигаат утврдување, за да во средниот век се изгради тврдината Жрнов. Османлиите ја прошириле и појачале за нивните потреби за напад на Белград. Остатоците на тврдината се срушени 1934 за да на тоа место се изгради Мавзолеј – споменик на Непознатиот јунак од страна на големиот вајар Иван Мештровиќ. Секако ја посетуваме и Кулата на Авала, симбол на градот срушен во Нато бомбардирањата во 1999 год и комплетно обновена во 2009. Има ресторан на 102 м висина и тераса со прекрасен панорамски поглед на 122 м. височина. Потоа ве водиме во новотворениот трговски центар во Београд “БЕО“. Слободно време за шопинг. Во попладневните часови поаѓаме кон Скопје со попатна посета на шопинг центарот “ИКЕА“.
СКОПЈЕ: Пристигнување во полноќните /после полноќни часови, следниот ден.
За реализација на аранжманот, потребно е минимум 35 патници.
За овој аранжман важат Општите услови на патување на туроператорот и СКТМ.
нхр
ПАКЕТ ЦЕНА ЗА СИТЕ ФАКУЛТАТИВНИ ЕКСКУРЗИИ: 50€
,,,,,,,,,,,,,,,,,,,,,,,,,,,,,,,,,,,,,,,,,,,,,,,,
Превоз: Автобус
Ноќевање со појадок во Белград
Термин: 06-07/03/2021