Не двоумете се да не повикате. Ние сме стручен тим и ние сме среќни што ќе разговараме со вас.
+389 74 608 117
info@danitravel.mk
За чудата на Василиј Острошки: “Животот ми се промени откако преспав во манастирот. Издлабен во карпа, чиниш лебди, издигнат над рајска шума, на надморска височина од 900 метри е домот на големиот чудотворец, Василиј Острошки.”
За реализација на аранжманот, потребно е минимум 20 патници.
За овој аранжман важат Општите услови на патување на Дани Травел и СКТМ.
Состанок со групата и поаѓање во 22:00ч пред нова пошта во Штип. Се патува преку Косово, Албанија, Црна Гора со попатни паузи за одмор и царински формалности.
Пристигнување во утринските часови во Црна Гора. Прво застанување во Подгорица каде ќе имаме слободно време за шопинг/кафе во најголемиот шопинг центар Delta City. Од таму заминуваме за св.Василија Острошки каде и остануваме на спиење. Во манастирот има конаци за поголема група за спиење кои се бесплатни и лично се запишуваат, кој однапред не можат да се резервираат. Исто така може да се спие и во дворот на манастирот, од таму добивате душеци и ќебиња. Во близина на манастирот има и други конаци кој може да се резервираат и се плаќа по 5 евра.
Факултативно – во недела наутро присуство на Литургијата во Горниот манастир, која вообичаено се одржува од 06:00 до 07:30ч. По утринската литургија средба на целата група во 09:00ч и заминуваме за Будва, таму остануваме до 16:00 часот со слободно време за прошетка и разглед на Будва и стариот Град. Веднаш потоа заминуваме за Македонија со попатно панорамски разглед на Св.Стефан и кратка пауза за фотографирање.
на излезот од Берово, 5 км од езерото
Услуга: BB
Цена: Од 19€
Превоз: Автобус
Термин: 11.10.2020