fbpx
+389 74 608 117 +389 32 605 117 info@danitravel.mk danitravelmk@gmail.com
Travel Agency & Transportation Company
+389 74 608 117 +389 32 605 117 info@danitravel.mk danitravelmk@gmail.com
Travel Agency & Transportation Company

Истанбул 2НП 23 Октомври

  • Времетраење: 2 ноќевања, 4 дена
  • Слободни места : 16
  • Термин: 21.10 - 24.10.2021
  • Плаќање на 6 рати
  • Патничко осигурување
Опис

Главниот град на 3 империи ќе ве освои бидејќи е многу повеке од само име од историјата. Ова е еднинствениот град кој поврзува 2 континенти, град на спротивности и на извонредни традиционални вредности. Многумина го нарекуваат „Главниот град на светот“, други пак „Мостот помеѓу Европа и Азија“. Сепак, Истанбул е најголемиот град во Турција и еден од најголемите градови во светот, со население од околу 20 милиони жители.

Прв денЧетврток (21.10.2021)

Турата стартува од паркингот на Вип Хотел во 15:00 часот. Тргнување во 15:30. Ноќно возење со попатни паузи, царински формалности, презентација на програма и информации околу тоа што ги очекува патниците во наредните три денови. Агенцијата ги контактира патниците на два дена пред поаѓање, во врска со точното време и место на поаѓање. Седиштата во автобусот се нумерирани. Со самото потпишување на договорот на патниците им се доделуваат седишта според времето на уплата, доколку одредени патници имаат посебни барања за конкретно седиште истото го доплаќаат во агенција.

Втор денПеток (22.10.2021)

Пристигнувањето на групата во Истанбул. Групата се упатува кон хотелот заедно со својот багаж, каде истиот се остава во просторија предодредена за чување на багаж. Туристичкиот придружник е задолжен за комуникација со вработениот на рецепцијата во хотелот каде според список на уплати во канцелариите на агенцијата се делат клучевите од хотелските соби. Од досегашното работно искуство, нашата агенција вложила доста напори да им овозможи сместување на патниците пред законското време за Check in во хотелот. Патниците добиваат слободно време за пауза, а остатокот од денот предвиден за истражување на најголемиот град во Европа, градот Истанбул. Започнуваме со пешачката тура која што започнува од хотелите, се движиме кој Капали Чаршија каде што ќе имате можност да прошетате со локален водич. После Капали Чаршија се упатуваме кој Хиподром и Сината Џамија. Слободно време за фотографирање и прошетка околу Хиподром. Последна посета од пешачката тура е Аја Софија, поранешна црква и музеј која што денес е претворена во џамија.
Факултативни излети после пешачката тура:
Toп Капи
Истанбулски минијатурк
Облакодерот Сафир
Плоштадот Таксим

Трет денСабота (23.10.2021)

ПОСЕТА НА ДОЛМАБАХЧЕ
Долмабахче Сарај е палата што се наоѓа во областа Бешикташ во Истанбул, на европската страна од протокот Босфор. Комплексот служел како резиденција на Отоманските султани и главен административен центар, од 1856 година, до падот на Империјата во 1922 година. Денес, Долмабахче Сарај претставува туристичка атракција од неколку причини. Сарајот е познат уште и по тоа што таткото на модерната Турција, Мустафа Кемал Ататурк, ги поминал своите последни денови во една од одаите, каде што и починал на 10 ноември, 1938 година.
КРСТАРЕЊЕ ПО БОСФОР.
Ова е 90 минутно крстарење, незаборавно доживување, еден поинаков Истанбул, сите луксузни вили кои вредат милиони, знаменитостите и сите познати вили од играните серии ќе можете да ги погледнете одблизу.
УСКУДАР (Uskudar)
Ускудар е место на азиската страна на Истанбул и е една од најважните турски населби во Истанбул, која била сведок на голема развојна активност за време на османлискиот период. На Ускудар ќе ги сретнеме традиционалните отворени кафетерии каде ќе може да го вкусите кафето ,чајот и познатата алва во боја, ќе имаме прилика да седнеме на турските килими и да го гледаме босфорот, едноставно ќе се чуствувате исто како на филм.
Emaar Square Mall
Emaar Square Mall е нова атракција во Истанбул која се наоѓа во азискиот дел на градот и преставува една од најатрактивните места кои треба да се посетат.Овој трговски центар годишно во просек го посетуваат 25 милиони посетители. Во склоп на самиот трговски центар се наоѓа и аквариум кој е еден од повеќето гигантски аквариуми во Турција. Вo аквариумот може да се видат тигар ајкулите како и над 10.000 други видови на морски суштества, вклучувајќи ги и тропски загрозените.
Покрај Emaar Square, групата го посетува и Watergarden. Ова дестинација е на нашата листа, бидејќи нуди посебно доживување, особено кога ќе го посетиме, а тоа е навечер. Огромните фонтани, обоени од многуте светла, го прават овој трговски центар посебен. Овој трговски ценар го става Истанбул рамо до рамо со Дубаи.

Четврти денНедела (24.10.2021)

Појадок во хотелот, одјавување и посета на продавницата КОСКА доколку сакате да купите локум, баклава или традиционално слатко за дома. Од Коска следува време за шопинг во Аутлет 212 во Истанубл. Нашата програма е создадена да одговара на потребите на секој патник. Од историја, култура, животен стил па се до шопинг. Кој не би сакал шопинг?
Времетраењето на шопинг е до 15:00 часот кога групата се собира и упатува назад кон Македонија. Предвидено е пристигнување во раните утрински часови.

Цената на аранжманот вклучува

  • Две ноќевања во хотел со 3* со појадок
  • Автобуски превоз
  • Лиценциран придружник
  • Лиценциран туристички водич
  • Тура низ стариот град на Истанбул со посета на Капали Чаршија
  • Tуристичка такса
  • Посета на турската продавница „Коска“
  • Шопинг во 212 центарот
  • PCR тест за враќање (За патниците без вакцина)

Цената на аранжманот не вклучува

  • Патничко осигурување
  • Факултативи излети
  • Индивидуални трошоци
  • ПЦР тест за поаѓање (се вадат индивидуално)

 Факултативни излети

  • Топ Капи Сарај – 20€
  • Пакет 1 (Екскурзиите од овој пакет не се купуваат одделно) – Минијатурк, Сафир Кула, Плоштадот Таксим – 30€
  • Пакет 2 (Екскурзиите од овој пакет не се купуваат одделно) – Крстарење по Босфор, Ускудар, Ноќен Истанбул (Emmar Square Mall, Watergarden) – 50€
  • Посета на палатата Долмабахче – 25€
  • Пакет 3 (Екскурзиите од овој пакет не се купуваат одделно) – Крстарење по Босфор, Ускудар, Ноќен Истанбул (Emmar Square Mall & Watergarden), Miniaturk Park, Сафир Кула, Посета на плоштад Таксим – 80€
  • Вип Пакет – Ги вклучува сите факултативни излети – 125€

ВАЖНО:

  • Задолжителна проверка на пасошот. Не треба да е на 6 месеци пред истекување од моментот на влез и излез од Р. Турцијa
  • -MОЖНОСТ ЗА КОРИСТЕЊЕ НА ВРЕДНОСНИТЕ ВАУЧЕРИ ЗА ОТКАЖАНИТЕ АРАНЖМАНИ
  • Цените се изразени во евра, а курсот на еврото се пресметува 62 денари
  • За сингл соба се доплатуваат 25 евра дополнително од аранжманот поради вториот кревет
  • Деца од 0 – 3 години бесплатно (спијат во кревет со родител)
  • Деца од 3 до 12 години плаќаат 50% од износот на аранжманот доколку се придружувани со двајца возрасни
  • Дете до 12 години придружувано со едно возрасно лице плаќа 100% од сумата на аранжманот.
  • Хотелот одредува на лице место во зависност од моменталната состојба каков тип на соба ќе добиете. Резервации за одреден кат или страна не е можна.
  • Селекција на седиште во автобус! Според правилата на агенцијата, патниците се сместуваат според временската линија на уплати. Доколку имате барање за седиште, истото се доплаќа 15 евра за во два правци.
  • Патувањето ќе се одвива според протоколите за безбедноста на здравјето.
  • Патувањето ќе се реализира преку Република Бугарија (дозволен транзит) до Турција

 Цена на аранжманот |89 евра|

ПРОМО ЦЕНА:

|79 EUR|

Плаќање во денарска противвредност 1 евро = 62 денари

esc

Галерија
Напомени
  • За реализација на програмата потребни се минимум 40 лица
  • Плаќање во денарска противвредност 1 евро = 62 денари
  • Агенцијата го задржува правото да го откаже патувањето 5 дена пред денот на поаѓање, во случај на недоволен бој на патници.
  • Пасошот мора да биде со важност мин. 6 месеци од денот на враќањето.
  • Селекција на седиште во автобус! Според правилата на агенцијата, патниците се сместуваат според временската линија на уплати. Доколку имате барање за седиште, истото се доплаќа 15 евра за во два правци.
  • Патувањето ќе се одвива според протоколите за безбедноста на здравјето.
  • Патувањето ќе се реализира преку Република Бугарија (дозволен транзит) до Турција
  • Агенцијата го задржува правото за промена на излетите по денови и сатници
  • За патувањето важат општите услови на организаторот на патување