Со едниот дел длабоко навлезен во Азија, а со другиот дел во Европа, Истанбул е единствен град во светот на два континенти. Босфор, водите на Црно Море, Мраморно Море и Златниот Рог ги носи низ срцето на градот. Повеќе од 1500 години бил главен град на Римската, Византиската и Отоманската Империја. Низ вековите е разубавуван со многу споменици од различни култури, нации, религии… .
Последните откритија докажуваат постоење на живеалишто од пред 400.000 год.. Но “Виолетовата” година почнува 330 год кога Императорот Константин го прогласува градот за главен град на Империјата. Кралската виолетова боја, е боја на Византиската императорска фамилија. Се до 1453 год кога е освоен од Османлиите, Истанбул, тогаш Константинопол, бил разубавуван и збогатуван со бројни грандиозни дела на кои и денеска им се воодушевуваме. Прошетката низ Истанбул е прошетка низ вековите…
Состанок на групата на спортски центар Борис Трајковски во 16:30 ч. Поаѓање за Истанбул во 17:00 h. Се патува преку граничниот премин Деве Баир и низ Бугарија. Ноќно возење со попатни паузи.
Пристигнување во Истанбул во утринските часови. Можност за сместување во хотел и краток одмор ( доколку собите се слободни) или сместување после првиот излет.
Започнува магијата… Истанбул од 1001 ноќ…
ОТОМАНСКИ И ВИЗАНТИСКИ ИСТАНБУЛ: Ве водиме во славното и бурно минато на Османлиското царство: со локален водич ќе ја разгледаме познатата црква АЈА СОФИЈА , ќе влеземе во најпознатата султанска палата во светот – Топ Капи Палатата и ќе го видиме Султанскиот Харем . Потоа ќе се воодушевуваме на големината на Сината џамија, Султан Ахмед плоштадот и Византискиот хиподром. Можност да се посети и Подземната византиска од каде градот бил снабдуван со вода за пиење. Пешки продолжуваме до Капали чаршија … Враќање во хотел. Краток одмор.
WATERGARDEN & EMAAR SQUARE MALL : Во вечерните часови ве водиме во најновиот монденски трговски центар во срцето на Аташехир, дел од Истанбул , на Азиската страна, отворен во 2017 г.
Еден нов стил на животот сконцентриран околу прекрасниот базен со фонтани. Ексклузивна кореографија на играта на водата, светлоста, ласерот, музиката – огнено шоу. .. многу ресторани, кафетерии, забавни паркови, кина… Враќање во хотел. Ноќевање
Појадок. Продолжуваме со 4 нови приказни за Истанбул од 1001 ноќ:
ДОЛМА БАXЧЕ ПАЛАТА: Посета на најбогатата, најубавата и последната султанска палата, на обалата на Босфор. Резиденција на Султаните од 1853 г. до 1922 г. Тука престојувал и починал основачот на денешна модерна Турција, Мустафа Кемал Ататурк. Го посетуваме Резиденционалниот дел од Палатата.
ЕВРОПСКИ И АЗИСКИ ИСТАНБУЛ: Панорамско разгледување на градот со автобус: Римскиот Аквадукт, Бејоглу, Пера Палас хотелот (каде Агата Кристи го напишала светски познатиот роман Ориент Експрес), стадионот на ФК Бешикташ, Галата мостот. Ќе го видите најголемиот и најпознат мост во Истанбул, над Босфор, граден по пример на Голден Гејт мостот во Сан Франциско, кој не води во Азија. Го посетуваме најубавиот дел дел од градот – Бејлербеи каде ќе имате можност да се прошетате и да пиете кафе покрај Босфор. Потоа ве водиме во местото Ускудар за да ја видите познатата џамија на Михримах Султан.
САФИР – облакодер: Највисоката зграда во Европа, 236 м. , со прекрасна тераса-видоковец, со спектакуларен поглед на Истанбул. Единствена можност да се вклучите во SkyRide – 4D неверојатно доживување на симулација на лет со хелихоптер над Истанбул.
Појадок. Предлагаме прекрасен и релаксиран излет, крстарење со брод низ Мраморното море кон Принчевите острови и посета на Buyuk ada (Големото острово). Овој архипелаг се состои од 9 острови и на нив е забранета употреба на моторни возила. Превозно средство: коњска кочија – Пајтон, со кој предлагаме да се возиме околу островот. Островот е многу пошумен, со убави плажи, прекрасни стари куќи од Отоманскиот период… остров на кој императорот Јустин 1ви, внук на Императорот Јустинијан и Теодора, изградил палата и манастир. Препорачуваме ручек во еден од многуте рибни ресторани. На враќање одиме да ја посетиме Галата кулата ( влезница се плаќа на лице место).
ОРИЕНТАЛНА НОЌНА ПРОГРАМА: Прекрасна можност да уживаме во Ориенталните народни игри и песни, секако и на стомачниот танц. Шоуто го проследуваме со вечера и пијалок. Ноќевање.
Појадок. По појадокот го ставаме багажот во автобус.. Магијата од 1001 ноќ продолжува.
КРСТАРЕЊЕ ПО БОСФОР: Заминуваме на прекрасно и возбудливо крстарење по БОСФОР со приватен брод и водич: тврдината Румели Хисар, “Beyler beyi” палатата… Ќе уживате во прекрасниот поглед на раскошните палати на светски познатите политичари и бизнисмени ( Тансу Чилер…), Kiskulesi (Моминската кула) , Султанската палата Чираган … палатите од Турските ТВ серии…
ТАКСИМ: Слободно време за шопинг на Таксим плоштадот каде се наоѓа познатата пешачка улица Истиклал низ која поминува црвениот носталгичен транвај.
ФОРУМ: Напуштајќи го Истанбул го посетуваме големиот шопинг центар Форум. Во самиот центар се наоѓа и големиот Аквариум а во непосредна близина продавницата на Декатлон. Во попладневните /вечерните часови заминуваме за Скопје. Ноќно возење преку Бугарија.
Пристигнување во Скопје во попладневните часови.
Плаќање во денарска противвредност 1 евро = 62 денари
За реализација на аранжманот, потребно е минимум 30 патници.
За овој аранжман важат Општите услови на патување на туроператорот и СКТМ.
nhr
Превоз: Автобус
Термин: 04.03.2021 – 08.03.2021
Цена: 79€