fbpx
+389 74 608 117 +389 32 605 117 info@danitravel.mk danitravelmk@gmail.com
Travel Agency & Transportation Company
+389 74 608 117 +389 32 605 117 info@danitravel.mk danitravelmk@gmail.com
Travel Agency & Transportation Company

Истанбул со Принцески Острови – 2НП – 8ми Март

  • Времетраење: 2 ноќевања, 4 дена
  • Слободни места : 16
  • Термин: 04.03.2021 - 08.03.2021
Опис

Со едниот дел длабоко навлезен во Азија, а со другиот дел во Европа, Истанбул е единствен град во светот на два континенти. Босфор, водите на Црно Море, Мраморно Море и Златниот Рог ги носи низ срцето на градот. Повеќе од 1500 години бил главен град на Римската, Византиската и Отоманската Империја. Низ вековите е  разубавуван со многу споменици од различни култури, нации, религии…  

Последните откритија докажуваат постоење на живеалишто од пред 400.000 год.. Но “Виолетовата” година почнува 330 год кога Императорот Константин го прогласува градот за главен град на Империјата. Кралската виолетова боја,  е боја на Византиската императорска фамилија. Се до 1453 год кога е освоен од Османлиите, Истанбул, тогаш Константинопол, бил разубавуван и збогатуван со бројни грандиозни дела на кои и денеска им се воодушевуваме. Прошетката низ Истанбул е прошетка низ вековите… 

Прв ден - четврток (04.03.2021)

Состанок на групата на спортски центар Борис Трајковски во 16:30 ч. Се патува преку граничниот премин Деве Баир и низ Бугарија. Ноќно возење со попатни паузи.

Втор ден - петок (05.03.2021)

Пристигнување во Истанбул во утринските часови.
Започнува магијата… Истанбул од 1001 ноќ…
САФИР – облакодер: Утринско запознавање со Истанбул. Највисоката зграда во Европа, 236 м. , со прекрасна тераса-видоковец, со спектакуларен поглед на Истанбул, градот на дланка. Единствена можност да се вклучите во SkyRide -4D неверојатно доживување на симулација на лет со хелихоптер над Истанбул.
КРСТАРЕЊЕ ПО БОСФОР: Заминуваме на прекрасно и возбудливо крстарење по БОСФОР со приватен брод и водич: тврдината Румели Хисар, “Beyler beyi” палатата… Ќе уживате во прекрасниот поглед на раскошните палати на светски познатите политичари и бизнисмени ( Тансу Чилер…), Kiskulesi (Моминската кула) , Султанската палата Чираган … палатите од Турските ТВ серии…
ПАНОРАМСКИ РАЗГЛЕД НА ЕВРОПСКИ ИСТАНБУЛ: Панорамско разгледување на градот со автобус: Аксарај, Лалели џамија, Универзитетот Бејазит, Римскиот Аквадукт, Бејоглу, Пера Палас хотелот (каде Агата Кристи го напишала светски познатиот роман Ориент Експрес), стадионот на ФК Бешикташ, Галата мостот, плоштадот Таксим. Сместување во хотел и кратка пауза за одмор.
“ISTANBUL BY NIGHT” – АЗИСКИ ИСТАНБУЛ
факултативна посета на Азискиот дел на Истанбул – Ускудар – Бејлербеј, поминувајќи преку подводниот тунел Мармарас (13.5 км за 4 минути, 60 метри под нивото на водите на Босфор…Европа – Азија). Ускудар: Прекрасно место за кафе со поглед кон блиското островче со „Девојачката кула“, и познатата џамија на Михримах Султан, ќерката на Сулејман Величенствен, градена од најдобриот Османлиски архитект Мимар Синан. Продлжуваме со автобус кон Бејлејбеји: монденско место покрај самиот Босфор, познато и од многу Тв серии. Можност да се вкуси прекрасна риба во некои од познатите ресторани на Белербеј. WATERGARDEN & EMAAR SQUARE MALL : Продолжуваме накај најновиот монденски трговски центар во срцето на Аташехир, дел од Истанбул , на Азиската страна, отворен во 2017 г.
Еден нов стил на животот сконцентриран околу прекрасниот базен со фонтани. Ексклузивна кореографија на играта на водата, светлоста, ласерот, музиката – огнено шоу. .. многу ресторани, кафетерии, забавни паркови, кина…
Враќање во хотел преку Босфорскиот мост, симболот на Истанбул – Ноќна панорама на Истанбул.
Ноќевање.

Трет ден - сабота (06.03.2021)

Појадок.
ДОЛМА БАXЧЕ ПАЛАТА: Посета на најбогатата, најубавата и последната султанска палата, на брегот на Босфор. Резиденција на Султаните од 1853 г. до 1922 г. Тука престојувал и починал основачот на денешна модерна Турција, Мустафа Кемал Ататурк. Го посетуваме Резиденционалниот дел од Палатата.
ПРИНЦЕСКИ ОСТРОВИ: Прекрасен и релаксиран излет, крстарење со брод низ Мраморното море кон Принчевите острови и посета на Buyuk ada (Големото острово). Овој архипелаг се состои од 9 острови и на нив е забранета употреба на моторни возила. Превозно средство: коњска кочија – Пајтон, со кој предлагаме да се возиме околу островот. Островот е многу пошумен, со убави плажи, прекрасни стари куќи од Отоманскиот период… остров на кој императорот Јустин 1ви, внук на Императорот Јустинијан и Теодора, изградил палата и манастир.
Враќање во хотел. Краток одмор.
Во вечерните часови Ве водиме на незаборавно ноќно крстарење по БОСФОР со вечера и шоу програма со ориентални танци. Враќање во хотел. Ноќевање.

Четврти ден - недела (07.03.2021)

Појадок. По појадокот го ставаме багажот во автобус. Магијата од 1001 ноќ продолжува.
ОТОМАНСКИ И ВИЗАНТИСКИ ИСТАНБУЛ: Ве водиме во славното и бурно минато на Османлиското царство: Ве водиме во најпознатата султанска палата во светот – Топ Капи Палатата која ги чува приказните за огромното богатство на султаните, опкружена со море од сите страни. Можност да се посети и Подземната византиска цистерна, 14 метри под нивото на земјата со 9.800м2 површина од каде градот бил снабдуван со вода за пиење. Ќе ја разгледаме познатата црква АЈА СОФИЈА ,. Потоа ќе се воодушевуваме на големината на Сината џамија, Султан Ахмед плоштадот и Византискиот хиподром. Пешки продолжуваме до Капали чаршија …
ФОРУМ: Напуштајќи го Истанбул го посетуваме големиот шопинг центар Форум. Во самиот центар се наоѓа и големиот Аквариум а во непосредна близина продавницата на Декатлон. Во попладневните часови заминуваме за Скопје. Ноќно возење преку Бугарија.

Петти ден - понеделник - (08.03.2021)

Пристигнување во Скопје во раните утрински часови.

Цената на аранжманот вклучува

  • Превоз со високотуристички автобус
  • на релација Скопје – Истанбул – Скопје
  • Сместување во хотел 3* – 2 НП
  • Отомански и Византиски Истанбул : пешачка тура со локален водич и разгледување на:

– Аја Софија – бесплатен влез

– Хиподром

– Сината Џамија

– Капали чаршија

– Професионален  локален туристички водич

  • Посета на Форум и Декатлон
  • Професионален туристички пратител на групата

Цената на аранжманот не вклучува

  • Патничко осигурување – 175 мкд
  • Факултативни излети
  • Индивидуални трошоци
  • Доплата за еднокреветна соба: 40/хотел 3*
  • Организирани трансфери од Битола, Прилеп, Кавадарци, Неготино, Велес: 10€

ВАЖНО:

  • Пасошот мора да биде со важност мин. 6 месеци од денот на враќањето.
  • Сместувањето во автобусот е според датумот на уплатата.
  • Протоколите пропишани за заштита од Covid-19 ќе бидат во целост применети, задолжителна дезинфекција на влез во автобус, задолжително носење на заштитна маска, одржување дистанца на патници кои не патуваат заедно.
  • Пополнетост на автобусот е максимум 50%, според моменталните протоколи за Ковид 19.
  • Според тековните Ковид-19 протоколи за влез во Турција е потребен негативен ПЦР тест. Одлуката е на сила до 01-ви Март 2021
  • Агенцијата го задржува правото за промена на излетите по денови и сатници
  • Агенцијата го задржува правото да го откаже патувањето 5 дена пред денот на поаѓање, во случај на недоволен бој на патници.

 Цена на аранжманот |79 евра| 4.900 ден.|

Плаќање во денарска противвредност 1 евро = 62 денари

За реализација на аранжманот, потребно е минимум 30 патници.

За овој аранжман важат Општите услови на патување на туроператорот и СКТМ.

nhr

Галерија
Напомени
ФАКУЛТАТИВНИ ИЗЛЕТИ
Панорамски разглед на европски Истанбул со автобус и локален водич – 10€
Посета на Азискиот дел Ускудар - Белербеј, низ подводниот тунел Мармара И Watergarden & Emaar square mall: 15€
Крстарење по Босфор – 20€
Посета на Долма Бахче сарајот со локален водич, превоз со автобус и влезница во палатата (Резиденционален дел) – 30€
Топ Капи Палата – 20€
Вечера на брод со крстарење по БОСФОР со ориентални танци – 40€
Сафир Тераса: превоз + лифт + 4Д: 20€
Посета на принцески острови: 15€
5 travellers are considering this tour right now!