fbpx
+389 74 608 117 +389 32 605 117 info@danitravel.mk danitravelmk@gmail.com
Travel Agency & Transportation Company
+389 74 608 117 +389 32 605 117 info@danitravel.mk danitravelmk@gmail.com
Travel Agency & Transportation Company

Златибор – Нова Година

  • Сместување:https://trkzlatibor.rs/
  • Исхрана:Појадок & Вечера
  • Превоз:Автобус
  • Организација:Лиценциран пратител
  • Термин:30.12.2021 - 03.01.2022
  • Резервации:074 608 117
  • Плаќање на 6 рати
  • Патничко осигурување
Опис
(Со посета на Сирогојно, Ел Пасо, Дрвенград,Врњачка Бања)

Златибор, една од најубавите планини во Србија… Доколку копнеете по неверојатно убави пејзажи и чист планински воздух, тогаш Златибор е вистинскиот избор… Престолонаследникот Ѓорѓе Караѓорѓевиќ уште во 1905-та година за ова планинско место запишал:

„По својата романтичност, Златибор со право може да се нарече Швајцарија без езера“.

Прв ден: 30.12.2021Четврток

Тргнување на групата во 21:00 часот од Кавадарци, 22:30 од Скопје и 23:00 часот од Куманово кон Златибор со попатни паузи за царински формалности и одмори.

Втор ден: 31.12.2021Петок

Пристигнување во Златибор во утринските часови и заминување на групата кон етно село Сирогојно. Посета на музејот на отворено и специјалната продавница за џемпери, по кои Сирогојно е познато во светот. Во пладневните часови сместување во Туристичко Рекреативен Комплекс Златибор https://trkzlatibor.rs/ (ex SRC Wai Tai), кој се наоѓа на одлична локација во центарот на Златибор. Слободно време за одмор, подготовка за дочек на Нова Година и можност за индивидуална прошетка низ центарот на Златибор. Вечера. Дочек на Нова Година на Кралскиот плоштад во Златибор со Весна Змијанац и Ален Исламовиќ, а точно на полноќ и трубачкиот оркестар на Дејан Јевдиќ или пак дочек по сопствен избор во некој од многуте ресторани или кафе-барови. Ноќевање.

Трет ден: 01.01.2022Сабота

Појадок. Време за одмор и индивидуални активности. Околу пладне факултативно заминување на групата кон Дрвенград, дело на Емир Костурица кој го направил овој “град” за потребите на својот филм “Животот е чудо”. Овде може да ги пробате познатите слатки и природните сокови кои носат име на познати светски личности, како што се Новак Ѓоковиќ, Диего Марадона, Џони Деп итн. Потоа посета на изворот ’Бела Вода’ и познатата железница ’Шарганска Осмица’. Во попладневните часови враќање во Златибор. Слободно време за прошетка низ центарот на Златибор и посета на пазарот за сувенири и познатата златиборска пршута и кајмак. Вечера. Организирана посета на Кралскиот плоштад и забава со Сенида Хајдарпашиќ, словенечка пејачка позната под уметничкото име Сенидах. Ноќевање.

Четврти ден: 02.01.2022Недела

Појадок. Посета на каубојскиот град Ел Пасо. Овде ќе се вратите во времето на Дивиот Запад…Ел Пасо претставува реплика на типичен град на Дивиот Запад. Името го добива по истоимениот град во САД и реката која што тече низ самиот град и го дели на два дела односно од едната страна ќе се запознаете со каубојската и индијанската култура, додека од другата страна со српската култура од далечната 1865 год. Следува прошетка низ индијанското село, посета на каубојски Салун и прошетка до црквата која се наоѓа на српската страна на местото. Враќање во Златибор и слободно време за индивидуална прошетка и шопинг низ градот. Вечера. Организирана посета на Кралскиот плоштад и забава со легендарните Парни Ваљак. Ноќевање.

Петти ден: 03.01.2022Понеделник

Појадок. Одјавување од хотелот и заминување кон Македонија со попатна посета на Врњачка Бања. Прошетка по познатата Променада со можност за индивидуален ручек и шопинг во многуте продавници во местото. Пристигнување во Македонија во вечерните часови.

Цената на аранжманот вклучува

  • Превоз со високо туристички автобус на наведената релација (пополнетост на автобусот по протокол)
  • Три ноќевања со појадок и вечера во Туристичко рекреативен комплекс Златибор во центарот на Златибор https://trkzlatibor.rs/ (ex SRC Wai Tai)
  • Посета на етно село Сирогојно со локален туристички водич
  • Посета на Ел Пасо со локален туристички водич
  • Посета на Врњачка Бања
  • Организација и реализација на патувањето со лиценциран придружник на патувањето

Цената на аранжманот не вклучува

  • Влезница во музејот во Сирогојно – 150 динари ( околу 80 денари)
  • Влезница во каубојскиот град Ел Пасо – 300 динари ( околу 150 денари)
  • Посета на Дрвенград, Бела Вода и Шарганска осмица со вклучена влезница и локачен водич – 10 евра
  • Задолжително патничко-здравствено осигурување (15oден)
  • Туристичка такса 200 денари по лице за 3 ноќи (се плаќа во агенција)

Дополнителни информации

  • Деца до 2 години бесплатно (не користи седиште во автобус во случај на организиран превоз)
  • Деца од 2–7 години бесплатно за аранжман со сопствен превоз, доплата 2.790 денари за пакет аранжман со организиран превоз (со сопствено седиште во автобус)
  • Деца од 7-12 плаќаат 50% од цената на аранжманот

РЕДОВНА ЦЕНА:

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ……..12.350 ден
За реализација на аранжманот, потребно е минимум 40 патници.
За овој аранжман важат Општите услови на патување на Туроператорот и СКТМ.

sanset

Галерија
Напомени

Агенцијата организира превоз до место кое е најпогодно за застанување и паркирање на автобусот.

– Агенцијата го задржува правото во случај на промена на цената на превозот, хотелот, недоволен број на пријавени патници и слично, да ја измени цената на аранжманот или пак да го откаже во целост аранжманот на 5 дена пред поаѓање.

– Организаторот го задржува правото за промена на редоследот на активности во програмата.

– За време на разгледите на градовите наведени во програмата не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици, освен ако тоа не е посебно нагласено во програмата.

– Во случај на доцнење на автобусот поради временските услови, вонредни услови во сообраќајот, прекумерни задржувања на границите, расипување на истите или слично, организаторот на патувањето нема одговорност за евентуалните настанати задоцнувања.

– Пасошот треба да важи минимум 3 месеци пред истек на неговата валидност од планираниот датум на враќање.

– За ова патување е потребен PCR тест или Вакцина, за време на патувањето ќе бидат запазени сите протоколи, задолжителна дезинфекција при влез во автобус, одржување на дистанца на патници кои не патуваат заедно.

– При влез во автобус задолжително мерење на телесна температура на секој од патниците, во случај на покачена телесна температура лицето нема да може да патува, согласно протоколите и препораките за меѓународен сообраќај, а уплатениот износ нема да биде рефундиран.

– За време на патувањето во автобус задолжително е носење на заштитна маска со која се покрива устата и носот.

– Патниците се должни за цело време траење на патувањето да внимаваат на својата безбедност и на безбедноста на цела група и да ги почитуваат правилата и препораките дадени од страна на водичот.

– За резервација потребна е задолжителна уплата на депозит од најмалку 50%, доплата најдоцна до 2 недели пред поаѓање.