Не двоумете се да не повикате. Ние сме стручен тим и ние сме среќни што ќе разговараме со вас.
+389 74 608 117
info@danitravel.mk
Занзибар се наоѓа на Индискиот океан на источниот дел на Африка, која е составен дел од Танзанија. Тоа е архипелаг кој Занзибар го чини остров ( локално го нарекуваат Унгуја), Пемба и 51 помали острови. Најголем град на островот е истоимениот Занзибар, и се наоѓа во западниот дел од островот. Островот е долг околу 90 km, а широк околу 30 km. Името потекнува од арапските зборови “зењ” што значи црн и “бар” земја, древен назив му е “земја на црнците”. Ston Town е историски центар на градот Занзибар, 2000 год. И е под заштита на UNESCO. Ова е град со голема историска и уметничка важност во источна Африка. Неговата архитектура, воглавно датира од 19 век, и мешавина од Swahili културата и арапската, персиската, маварската и индијската култура со елементи и од европската. Од важните работи кои треба да се видат се: старата тврдина, палатата/музеј, куќата на чудата, куќата Livingston…. Островот Prison- затвор (популарно наречен Changuu), западно од главниот град, некогаш бил посед на имотните арапски поседници и во 1893 година бил продаден на британски генерал. Тогаш тука бил изграден затвор, по кој островот го добил името. Тука биле заробени непослушните робови. Просториите на затворот се сочувани до ден денес, а денеска островот служи како место за обука на нуркачи. Исто така тука се наоѓаат и големи колонии на џиновските желки. Овие огромни рептили се пренесени од Алдабра од Сејшели. За некои од нив се смета дека се и до 120 години стари, но и понатаму уживаат во листовите зелка кои им ги подаваат туристите.
** Долунаведените програми се креирани со пример датуми на патување и престој од 6 ноќи / 9 дена, со сместување во хотели по препорака; достапен е поголем избор на хотели и тип на пансион **
Февруари 2021
9 дена / 6 ноќи
Детали од лет
TK1004 03FEB SKPIST 0905 1240
TK 603 03FEB ISTDAR 1935 0255+1
PW 430 04FEB DARZNZ 0600 0630
PW 712 10FEB ZNZDAR 2110 2140
TK 604 11FEB DARIST 0355 1125
TK1005 11FEB ISTSKP 2020 1945
Zanzibar Beach Resort 3*
Double room / Breakfast – 1 390 ЕУР
Zanzibar Magic Boutique Hotel 4*
Standard room / Breakfast – 1 420 ЕУР
Nungwi Dreams 5*
Double standard room / Breakfast – 1 470 ЕУР
Март 2021
9 дена / 6 ноќи
Детали од лет
TK1004 29MAR SKPIST 0855 1130
TK 567 29MAR ISTZNZ 1945 0305+1
TK 567 06APR ZNZIST 0400 1255
TK1005 06APR ISTSKP 1925 2000
Indigo Beach Zanzibar 3*
Double garden view / Breakfast – 1 210 eur
Smiles Beach Hotel 4*
Double Or Twin Superior / Breakfast – 1 250 eur
Royal Zanzibar Beach Resort 5*
Double standard / All inclusive – 1 710 eur
** Наведените програми се креирани со пример датуми на патување и престој од 6 ноќи / 9 дена, со сместување во хотели по препорака; достапен е поголем избор на хотели и тип на пансион**
Составен дел од оваа програма се Општите услови на патување на организаторот на патувањето.
vygr
ПРИГОВОРИ И ПОПЛАКИ
Во случај на неадекватно сместување или било кој друг проблем, се молат патниците за тоа веднаш да го известат одговорното лице на рецепцијата. Доколку проблемот не биде решен, веднаш треба за истиот да се извести ОРГАНИЗАТОРОТ НА ПАТУВАЊЕТО и уплатното место каде сте склучиле Договор за патување, за време на првиот ден од сместувањето и почетокот на овa програмa. Напоменуваме дека рекламации за кои агенцијата ќе дознае на последниот ден од престојот или по враќањето на патниците, истите нема да бидат земени во предвид или разгледани. Ве молиме во случај на било каков инцидент (кражба, тепачка, сообраќајна незгода….), да се обратите на надлежните инситуции во земјата на престојот. Организаторот на патувањето единствено е задолжен да Ви помогне при посредување меѓу вас и надлежните институции.
Составен дел од оваа програма се Општите услови на патување на организаторот на патувањето. За сите информации дадени усмено, агенцијата не сноси одговорност.