Воден e град во Егејска Македонија, кој се наоѓа северозападно од Солун, или поточно во округот Постол. Во непосредна близина на градот се наоѓаат неколку природни езера и Воденските водопади на реката Вода (Воденка), кои се најголеми водопади во Грција но и голема туристичка атракција. Воедно, поради неговата околина се претпоставува дека го добил името Воден. Најголемиот водопад познат како Керанос паѓа од 70 метри висина.
Лутраки е најстарата и најпознатата термална бања во Грција. Се наоѓа во северо-западниот дел на Грција е лоциран на надморска висина од 420 метри во планинскиот венец на меѓу планините Кожув и Кајмакчелан. Лутраки е мало туристичко место со околу 2000 жители се наоѓа на само 130km од граничниот премин Богородица. Местото со своите минерални лековити извори е познато уште од времето на Александар Македонски.
За реализација на аранжманот, потребно е минимум 18 патници.
За овој аранжман важат Општите услови на патување на Дани Травел и СКТМ.
ТА Дани Травел е организатор на патувањето.
Тргнување во 05:00 часот од Нова Пошта во Штип, 05:30 на бензинска Лукоил во Радовиш, 06:00 на бензинска Макпетрол во Струмица.. Патуваме преку граничен премин Богородица со попатни паузи. Пристигнување во Воден. Пауза за посета на природните убавини на градот, препознатлив по изобилството на водата и живописните водопади кои даваат посебна убавина на градот. Поаѓање кон Лутраки (се патува околу 45 мин). Индивидуално посета и користење на минералните топли води на отворено. Заминување за Штип во попладневните часови со кратка пауза во Free Shop.