fbpx
+389 74 608 117 +389 32 605 117 info@danitravel.mk danitravelmk@gmail.com
Travel Agency & Transportation Company
+389 74 608 117 +389 32 605 117 info@danitravel.mk danitravelmk@gmail.com
Travel Agency & Transportation Company

Вила “EVI 1” – Неа Каликратија

Опис

Првото туристичко место кое ќе Ве сретне на патот кон Касандра е Неа Каликратија, оддалечено само 40 километри од Солун. Градот кој живее цела година изобилува со ресторани, таверни, амбуланта, аптеки, маркети, слаткарници, продавници (Lidl, Masutis, Marinopoulos).…Во центарот се наоѓа голем парк со забавни игри за децата и уредена песочна плажа во должина од 800 метри. На само 5 километри од градот се наоѓа познатата плажа Sahara, надградена со Сино знаме за чистота која нуди одлична забава за младите.

Вилата Evi I е лоцирана во самиот центар во Неа Каликратија, на само 120 метри метри од морето. Вилата е поставена на самата улица која води дирекно кон плажата меѓу изобилство продавници, маркети и пекари, гиро и ресторани. Во оваа вила располагаме со простран апартман што се наоѓа на вториот спрат. Опремен е со кујна телевизор и клима уред чие користење е вклучено во цената. Во апартманот има постелнина и крпи кои се менуваат еднаш во текот на десет дена. Затоплувањето на водата е со сопствен бојлер, а вилата е покриена со безжичен интернет. Агенцијата како организатор на патувањето не може да влијае на капацитетот и периодите со топла вода во вилата, ниту да биде одговорна за квалитетот на интернет конекцијата.

1/5 Дуплекс апартман

1/5 дуплекс апартман на прв спрат. Апартманот има три простории. Во првата соба има еден кауч (на кој може да спие едно возрасно лице или две деца на возраст до 6 години), телевизор и клима уред. Во истата просторија има комплетно опремена кујна во која има мини шпорет, асприратор, голем фрижидер со одделна комора и комплет садови за готвење и јадење. Од оваа просторија се влегува во мало купатило со сопствен бојлер, како и две посебни спални соби издвоени со врати. Во секоја спална соба има по два единечни кревети со нормални димензии и мебел. Апартманот има и пространа тераса опремена со пластична маса и столчиња. 

Ценовник
  • RO: Ноќевање
  • BB: Ноќевање со појадок
  • HB: Ноќевање со појадок и вечера
  • FB: Ноќевање со појадок, ручек и вечера
  • AI (All Inclusive): Ноќевање со појадок, ручек, вечера + екстра пакет согласно програмата

Вила Evi 1 – Неа Каликратија

Термин

Ноќевања

1/5 апп

22.05 – 01.06.2022

10

300 €

01.06 – 11.06.2022

10

380 €

11.06 – 21.06.2022

10

460 €

21.06 – 01.07.2022

10

560 €

01.07 – 11.07.2022

10

620 €

11.07 – 21.07.2022

10

720 €

21.07 – 31.07.2022

10

720 €

31.07 – 10.08.2022

10

720 €

10.08 – 20.08.2022

10

720 €

20.08 – 30.08.2022

10

620 €

30.08 – 09.09.2022

10

520 €

09.09 – 19.09.2022

10

420 €

19.09 – 29.09.2022

10

320 €

Цените се дадени за наем на цел апартман за 10 ноќевања без вклучен превоз.

НАПОМЕНИ:

  • Сместувачките капацитети немаат пространа површина и заради ограничениот простор во собите не се препорачува да се сместуваат повеќе лица од веќе предвидените кревети за спиење
  • Цените во табелата се однесуваат за наем на цел апартман за 10 ноќевања без вклучен превоз
  • Во апп е дозволено сместување на лица согласно предвидениот капацитет, односно број на кревети
  • Сместувањето првиот ден е после 14 часот по локално време, а собите се напуштаат во 09:00 часот по локално време
  • Доплата за туристичка такса во Грција – 0,50 евра по соба од ден (се плаќа во агенцијата)
  • Плаќањето на аранжманите е исклучиво во денарска противредност по курс од 62 ден
  • Организиран превоз од Скопје – Кавадарци – Неа Флогита
  • Тргнување од Скопје во 04:00 часот и од Кавадарци во 05:30 часот
  • Цена на повратен билет – 40 евра, деца до 2 год – бесплатно (без седиште), деца од 2 до 12 год – 35 евра
Галерија