Првото туристичко место кое ќе Ве сретне на патот кон Касандра е Неа Каликратија, оддалечено само 40 километри од Солун. Градот кој живее цела година изобилува со ресторани, таверни, амбуланта, аптеки, маркети, слаткарници, продавници (Lidl, Masutis, Marinopoulos).…Во центарот се наоѓа голем парк со забавни игри за децата и уредена песочна плажа во должина од 800 метри. На само 5 километри од градот се наоѓа познатата плажа „Sahara“, надградена со Сино знаме за чистота која нуди одлична забава за младите.
Вилата „Evi II“ е лоцирана во самиот центар во Неа Каликратија, на само 120 метри метри од морето. Вилата е поставена на самата улица која води дирекно кон плажата меѓу изобилство продавници, маркети и пекари, гиро и ресторани. Располага со пространи студија и апартмани кои се наоѓаат на прв и на втор спрат. Сите сместувачки капацитети имаат сопствено купатило и се опремени со кујни (електрични шпорети со рерни или електрично решо, фрижидери и основни садови за готвење и јадење), телевизор и клима уред чие користење е вклучено во цената. Апартманите имаат постелнина и крпи кои се менуваат еднаш во текот на десет дена. Затоплувањето на водата во најголем дел од сместувачките капацитети е со сопствен бојлер, а вилата е покриена со безжичен интернет. Агенцијата како организатор на патувањето не може да влијае на капацитетот и периодите со топла вода во вилата, ниту да биде одговорна за квалитетот на интернет конекцијата.
Трокреветно пространо студио на прв спрат во вилата. Има два единечни кревети со нормална димензија и еден кауч на кој може да спие едно возрасно лице или две деца до шест години. Опремено е со мебел, телевизор и клима. Во истата просторија се наоѓаат и елементите од кујната опремена со електрично решо, аспиратор, голем фрижидер со одделна комора и садови за готвење и јадење. Има купатило со нормална големина, а затоплувањето на водата е со бојлер. Студиото има пространа тераса со пластична маса и столчиња која има поглед кон улицата.
Трокреветно пространо студио на прв спрат во вилата. Има еден дупли кревет со нормална димензија и еден кауч на кој може да спие едно возрасно лице или две деца до шест години. Опремено е со мебел, телевизор и клима. Во истата просторија се наоѓаат и елементите од кујната опремена со електрично решо, аспиратор, мал фрижидер и садови за готвење и јадење. Има купатило со нормална големина, а затоплувањето на водата е со бојлер. Студиото има пространа тераса со пластична маса и столчиња која има поглед кон улицата.
1/5 апартман на прв спрат во вилата. На самиот влез во апартманот се наоѓаат елементите од кујната, сосема издвоени од спалните соби. Тука има мини шпорет, асприратор, голем фрижидер со одделна комора и садови за готвење и јадење. Апартманот има други две простории кои се спални. Во првата соба има два единечни кревети со нормална димензија, мебел и клима. Од оваа соба се влегува во купатилото кое е со нормална големина, а затоплувањето на водата е со сопствен бојлер. Од првата соба се влегува во втората спална соба во која има два единечни кревети со нормални димензии, еден кауч на кој може да спијат едно возрасно лице или две деца до шест години, мебел и телевизор. Од оваа соба се излегува на пространа тераса опремена со пластична маса и столчиња која има поглед кон улицата.
Вила Evi 2 – Неа Каликратија |
|||
Термин |
Ноќевања |
1/3 студио |
1/5 апп |
22.05 – 01.06.2022 |
10 |
200 € |
280 € |
01.06 – 11.06.2022 |
10 |
280 € |
360 € |
11.06 – 21.06.2022 |
10 |
350 € |
440 € |
21.06 – 01.07.2022 |
10 |
440 € |
540 € |
01.07 – 11.07.2022 |
10 |
500 € |
600 € |
11.07 – 21.07.2022 |
10 |
580 € |
700 € |
21.07 – 31.07.2022 |
10 |
580 € |
700 € |
31.07 – 10.08.2022 |
10 |
580 € |
700 € |
10.08 – 20.08.2022 |
10 |
580 € |
700 € |
20.08 – 30.08.2022 |
10 |
500 € |
600 € |
30.08 – 09.09.2022 |
10 |
400 € |
500 € |
09.09 – 19.09.2022 |
10 |
300 € |
400 € |
19.09 – 29.09.2022 |
10 |
200 € |
300 € |
Цените се дадени за наем на цел апартман за 10 ноќевања без вклучен превоз. |
НАПОМЕНИ:
Превоз: Автобус
Ноќевања: 7 RO
Цена: Од 91€ за наем
Превоз: Со доплата
Ноќевања: 7 RO
Сместување: 1/3; 1/4;
на 150м од плажа
Превоз: Со доплата
Ноќевања: 10 RO
Сместување: 1/5 дуплекс
на 150м од плажа
Превоз: Со доплата
Ноќевања: 7 RO
Сместување: 1/3; 1/5;
на 200м од плажа