Не двоумете се да не повикате. Ние сме стручен тим и ние сме среќни што ќе разговараме со вас.
+389 74 608 117
info@danitravel.mk
Никити
Mожеби најбрзо растечкиот луксузен град на Халкидики, Никити од година на година станува се популарно и се здобива со епитет на најмонденско летувалиште на Ситонија. Во последните неколку години Никити значително го дотера својот лик. Долгата песочна плажа беше дополнета со модерна, нова променада, која денес е во фокусот на сите случувања и активности. Долж променадата се поставени бројни ресторанчиња, таверни, кафулиња и продавнички, бројни содржини погодни за било која категорија на гости. Повеќето од рестораните и баровите на плажа имаат отворени тераси поставени на променадата каде може да уживате во некој од вкусните грчки деликатеси или по некој пијалок и сето ова надополнето со спектакуларната глетка кон брилијантнити води на Егејското Море со боја на аквамарин. Во правец кон марината кон северниот дел на променадата ќе ги најдете некои од најдобрите морски ресторани кои служат свежа морска риба и морски плодови.
ВИЛА НИКИТИ БЕЈ
Никити Беј Апартмани е изградена 2014 год. a сите соби се со нов мебел од 2019 год. Вилата е лоцирана во живописното приморско гратче Никити, бисерот на Ситонија, на 250м од плажа, во мирниот дел на градот. Идеално место за мирен одмор без никаква бучава. Од центарот е оддалечена 500м каде секој ќе најде бројни содржини за сечиј вкус продавнички, таверни и кафулиња. Објектот располага со 18 сместувачки единици – студија, распоредени на прв и втор кат од кои дел се трокреветни, а дел четворокреветни. Секое од студијата е опремено со мини кујна со фрижидер, решо и прибор согласно капацитетот на собата, тоалет со туш, балкон, клима (бесплатно), Wi-Fi интернет (бесплатно) и голема дворна неорганизирана површина. За гостите кои патуваат со свое возило, вилата располага со свој приватен паркинг. Заради монденскиот карактер на самото гратче Никити, како и непосредната близина на некои од најубавите плажи на Халкидики, вилата е погоден избор како за фамилијарен одмор, така и за парови, млади и секаков тип на гости.
* Грчки стандард за брачен кревет 160-180cm
* Кујните во сите студиа се опремени со најосновен прибор за подготовка на лесни јадења.
* Јачината на сигналот на Интернет, брзината и квалитетот на поврзување, како и мрежната стабилност зависи исклучиво од давателот, техничките можности во одморалиштето и самиот регион и други фактори
* Фотографиите од сместувачкиот капацитет се од повеќе студиа, а не се селектирани по едно студио.
Цените се дадени за наем на апартман за 7 ноќевања
Цените се изразени во евра, плаќање исклучиво во денарска противвредност од 62 мкд
Хотелските соби може да варираат во големина и дизајн, па сместувањето во собите од сликите не е загарантирано. Хотелите имаат право да ја променат својата политика на обезбедените услуги (за дополнителни трошоци / бесплатно). Искрено се извинуваме за какви било несогласувања.
p/1pax – цена по лице по ден
p/2pax – цена за две лица по ден
p/3pax – цена за три лица по ден
p/4pax – цена за четири лица по ден
p/5pax – цена за пет лица по ден
p/6pax – цена за шест лица по ден
RO – Само сместување
BB – Ноќевања со појадок
HB – Појадок и вечера
FB – Појадок, ручек и вечера
AI – all incl Се Вклучено
DBL/TWIN - двокреветна соба (можен помошен кревет)
SGL - еднокреветна соба
APP - апартман
Family - фамилијарна соба
SUITE – суит
Mezonette – мезонет
Bungalow – бунгалов
PV/MV - поглед на парк
SV - поглед на море
Превоз: Автобус
Ноќевања: 7 HB
Цена: Од 120€ по лице
Превоз: Автобус
Ноќевања: 7 HB
Цена: Од 150€ по лице
Превоз: Автобус
Ноќевања: 7 HB
Цена: Од 120€ по лице
Превоз: Сопствен
Ноќевања: 7
Цена: Од 141€ за наем