Не двоумете се да не повикате. Ние сме стручен тим и ние сме среќни што ќе разговараме со вас.
+389 74 608 117
info@danitravel.mk
ОСТРОВ СКИЈАТОС
На само 400км оддалеченост по копнен пат и 3 часа со траект. Овој остров за разлика од островот Крф, изобилува со борова шума, пространи плажи со ситен песок и кристално чисто море. Заедно со островите Хвар, Елба и Корзика припаѓа во групата на најзелените и најшумовитите острови во Европа. Островот – Скијатос има површина од 50 км2 и преку 50 плажи со резлична тематика, но сите песочни! Градот Скијатос со својот модерен стил и многубројните ресторани, бутици, кафетерии и дискотеки, како и туристи од цела Европа, ќе ве опушти и ќе ги задоволи сите ваши потреби. Скијатос, еден од најпопуларните острови на Грција. Познат е по златните плажи, зеленилото и живописната природа. Овој остров е за сечиј вкус, омилена дестинација за младите кои сакаат луд и незаборавен одмор, но и за семејствата кои имаат избор на мирни плажи за вистински одмор. Најпопуларните плажи се наоѓа на јужната страна на островот.
ВИЛА АНГЕЛА
На само 300 метри од прекрасната песочна плажа „Мегали Амос“, вила Ангела е поставена лоцирана во градот Скијатос. Во ова вила одморот нема да ви биде здодевен, затоа што во секој момент ќе уживате во уметничкиот стар град на Скијатос. Вила Ангела располага со климатизирани соби со балкони кои нудат градски поглед. Подовите во собите се со плочки, собите имаат телевизор и фрижидер. Не во сите соби има кујна, во дел од собите има чајна кујна со решо и фрижидер. Собите располагаат со приватни бањи со туш и тоалет.
Она што ја прави посебно убава ова вила е отворената тераса којашто се наоѓа на најгорниот спрат на оворено, а која нуди прекрасен панорамски поглед кон Скијатос и тврдината Бурци. Вилата располага и со бежичен интернет кој е бесплатен. Од пристаништето кадешто се симнуваат патниците се оди пеш до вилата којашто е во непосредна близина на главната пешачка уличка во Скијатос, а по која се наоѓаат сите ресторани и кафулиња.
На само 150 метри од вилата се наоѓа мини маркет, ресторани, а и автобуската станица. Вилата се наоѓа на 300 метри од пристаништето, од каде патниците ќе пристигнат пеш со своите куфери.
ВАЖНО
Почитувани патници. Скијато е остров кадешто секој живее уникатно и со стил. Скијатос е остров со преубави пејсажи и спокој. Нашата агенција се одлучи за островот поради самиот дух кој го има. Затоа сакаме да ве информираме дека не станува збор за класично летување, туку дека Скијатос заслужува да биде истражуван. Ако се навратиме на тоа дека на волку мал остров се наоѓа еден од доста фреквентните аеродроми преку лете во Грција, ќе заклучиме дека остовот вреди милиони. Нашите вили Ангела и Титис се наоѓаат во срцето на градчето Скијатос, а каде ќе го почуствувате духот на островот е вила до која се пристигнува пеш со куферите од самиот траект, додека пак до хотел Есперос се ортанизира транспорт со автобус.
* Грчки стандард за брачен кревет 160-180cm
* Кујните во сите студиа се опремени со најосновен прибор за подготовка на лесни јадења.
* Јачината на сигналот на Интернет, брзината и квалитетот на поврзување, како и мрежната стабилност зависи исклучиво од давателот, техничките можности во одморалиштето и самиот регион и други фактори
* Фотографиите од сместувачкиот капацитет се од повеќе студиа, а не се селектирани по едно студио.
Цените се дадени по лице за 7 ноќевања
Цените се изразени во евра, плаќање исклучиво во денарска противвредност од 62 мкд
Хотелските соби може да варираат во големина и дизајн, па сместувањето во собите од сликите не е загарантирано. Хотелите имаат право да ја променат својата политика на обезбедените услуги (за дополнителни трошоци / бесплатно). Искрено се извинуваме за какви било несогласувања.
Кукунариес–Една од најпознатите плажи на Скијатос, се наоѓа на јужната страна на островот.Плажата е пространа и овде секој може да ужива на свој начин. Може во бројните барови да се напиете кафе или пиво или да се опуштите на лежалка со некоја книга. За љубителите на водни спортови има можност адреналински да го поминат денот. А секако имате и помирен дел каде што може да уживате во интимна атмосфера.
Лаларија–Исто во групата на најубави плажи на Скијатос, за некои и најубава. Оваа плажа е како рај на земјата, ремек дело на природата. Недопрена природа, бели камчиња, тиркизно море, мирно и неурбанизирано место, место кое чека да го посетите и малку ќе ви биде времето таму за да се насладите на целата таа убавина. Оваа плажа е достапна само со бротче, кое ќе ве однесе и до средновековниот замок.
Банана-Веќе ви спомнавме дека овој остров е идеален за млади, љубители на денска и ноќна журка. Плажата БАНАНА е идеално место за младите посетители и секако за сите со млад дух. Овде имате Dj од пладне до полноќ. Журката е во полн ек уште во поладневните часови и трае со исто темпо до полноќ. Море, музика, пијачка, млади и разиграни луѓе, што повеќе може да посакате. Ова место навистина ќе ви се допадне и нема да ви здосади дури и секој ден од вашиот одмор да бидете тука.
p/1pax – цена по лице по ден
p/2pax – цена за две лица по ден
p/3pax – цена за три лица по ден
p/4pax – цена за четири лица по ден
p/5pax – цена за пет лица по ден
p/6pax – цена за шест лица по ден
RO – Само сместување
BB – Ноќевања со појадок
HB – Појадок и вечера
FB – Појадок, ручек и вечера
AI – all incl Се Вклучено
DBL/TWIN - двокреветна соба (можен помошен кревет)
SGL - еднокреветна соба
APP - апартман
Family - фамилијарна соба
SUITE – суит
Mezonette – мезонет
Bungalow – бунгалов
PV/MV - поглед на парк
SV - поглед на море
Превоз: Автобус
Ноќевања: 7 HB
Цена: Од 120€ по лице
Превоз: Автобус
Ноќевања: 7 HB
Цена: Од 150€ по лице
Превоз: Автобус
Ноќевања: 7 HB
Цена: Од 120€ по лице
Превоз: Сопствен
Ноќевања: 7
Цена: Од 141€ за наем