+389 74 608 117 +389 32 605 117 info@danitravel.mk danitravelmk@gmail.com
Travel Agency & Transportation Company
+389 74 608 117 +389 32 605 117 info@danitravel.mk danitravelmk@gmail.com
Travel Agency & Transportation Company
Price
From47 €
Име и презиме*
Email адреса*
Порака*
* I aggree with Terms of Service and Privacy Statement.
Please agree to all the terms and conditions before proceeding to the next step
Save To Wish List

Adding item to wishlist requires an account

1903

Зошто да патувате со нас?

  • Најдобри цени на пазарот
  • 24/7 подршка за нашите клиенти
  • Најголем избор на аранжмани
  • Сопствен возен парк

Имате прашања ?

Не двоумете се да не повикате. Ние сме стручен тим и ние сме среќни што ќе разговараме со вас.

+389 74 608 117

info@danitravel.mk

Банско Рилски Манастир и Благоевград

  • Времетраење: 2 дена
  • Слободни места : 40
  • Термин: -----
Банско – Рилски Манастир – Благоевград

Банско е град во Благоевградска област во Бугарија со 9190 жители, блиску до Разлог. Градот е сместен на источните падини на планината Пирин и во неговата непосредна близина се наоѓа и ски-центарот кој го носи истото име. Уживајте во прошетка по реката Глазне и во прекрасниот поглед кон Пирин Планина, можност за посета на бројните национални ресторани и можност за уживање на ски патеките и падините на Пирин Планина.

Рилскиот манастир е најголемиот манастир во Бугарија. Средината на 1930-тите бил основан од страна на пустиникот Иван Рилски и неговите ученици.

Цената на аранжманот вклучува

  • Превоз на наведената релација со високотуристички автобус или минибус
  • Организирани посети според програмата и водство со лиценциран придружник
  • 1 ноќевање на база полупансион (појадок и вечера) во хотел со 4*
  • Користење на спа услугите на хотелот (базен, парна бања, сауна)

Цената на аранжманот не вклучува

  • Патничко осигурување

Дополнителни информации

  • ---
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ:  2.900 ден.

За реализација на аранжманот, потребно е минимум 20 патници.

За овој аранжман важат Општите услови на патување на Дани Травел и СКТМ.

Опис

1 ДенШтип - Банско

Поаѓање за Банско во 06:00 часот од Штип, паркингот пред Новата Пошта, 06:30 од Кочани, 07:15 од Делчево. Дневно возење со попатни паузи за одмор и царински формалности. Пристигнување во Банско, сместување во хотел. Слободно време за индивидуални активности/скијање, можност за користење на спа услугите на хотелот. Вечера. Ноќевање.

2 ДенРилски Манастир - Благоевград - Штип

Појадок. По појадокот напуштање на хотелот и поаѓање кон Рилскиот Манастир. Посета на Рилскиот манастир кој се наоѓа на планината Рила, основан во текот на 10 век од страна на Св. Јован Рилски, посета на гробот на Иван Рилски и пештерата во која живеел испоснички живот. Заминуваме за Благоевград и слободно време за кафе/ручек или шопинг во градот. Тргнување за Македонија со попатна пауза во METRO. Пристигнување во Штип во вечерните часови.

Галерија
Напомени
  • Агенцијата организира превоз до место кое е најпогодно за застанување и паркирање на автобусот.
  • Агенцијата го задржува правото во случај на промена на цената на превозот, хотелот, недоволен број на пријавени патници и слично, да ја измени цената на аранжманот или пак да го откаже во целост аранжманот на 7 дена пред поаѓање.
  • Организаторот го задржува правото на промена на редоследот на активностите во програмата.
  • За време на разгледите на градовите наведени во програмата не се предвидени посети на внатрешноста на јавнитезгради, институции или културни споменици, освен ако тоа не е посебно нагласено во програмата.
  • Во случај на доцнење на автобусот поради временските услови , вондредни услови во сообраќајот, прекумерни задржувања на границите, расипување на истите или слично, организаторот на патувањето нема одговорност за евентуалните настанати задоцнувања.
  • Пасошот треба да важи минимум 3 месеци пред истек на неговата валидност од планираниот датум на враќање.
2 travellers are considering this tour right now!