+389 74 608 117 +389 32 605 117 info@danitravel.mk danitravelmk@gmail.com
Travel Agency & Transportation Company
+389 74 608 117 +389 32 605 117 info@danitravel.mk danitravelmk@gmail.com
Travel Agency & Transportation Company
Price
From799 €699 €
Име и презиме*
Email адреса*
Порака*
* I aggree with Terms of Service and Privacy Statement.
Please agree to all the terms and conditions before proceeding to the next step
Save To Wish List

Adding item to wishlist requires an account

2068

Зошто да патувате со нас?

  • Најдобри цени на пазарот
  • 24/7 подршка за нашите клиенти
  • Најголем избор на аранжмани
  • Сопствен возен парк

Имате прашања ?

Не двоумете се да не повикате. Ние сме стручен тим и ние сме среќни што ќе разговараме со вас.

+389 74 608 117

info@danitravel.mk

АНДАЛУЗИЈА – Бисерите на Шпанија

  • Времетраење: 7 дена
  • Слободни места : ??
  • Термин: 24.03-30.03
Опис

Андалузија е најголемиот шпански регион со преубави градови и живописни села. Со околу осум милиони жители, таа е поголема од половина европски држави. Најјужниот регион на Шпанија, каде се сретнуваат Средоземното Море и Атлантскиот Океан е местото каде историјата оставила длабоки траги.

Андалузија е лулка на коридата, фламенкото, гитарата… Сонце, страст, звуци на фламенко и впечатливи бои, тоа е Андалузија, регион во кој се допираат истокот и западот во егзотична мешавина од традиционалните: шпанска, еврејска и арапска култура. Освен по убавината и културната разновидност, позната е и по шпанскиот заводник Дон Жуан и уметниците Диего Веласкез и Пабло Пикасо, чии најважни дела се наоѓаат во музејот во неговиот роден град Малага.

Покрај песочните плажи и планинските ресорти, тука е и модерната Андалузија со градови полни со отмени бутици, барови, ресторани и бурен ноќен живот. Андалузиските забави се познати како најгласни и “најколоритни”.

24. Март (Вторник) СКОПЈЕ - ИСТАНБУЛ - МАРБЕЛЈА - МАЛАГА

Состанок на групата на аеродромот во Скопје во 07:35 часот. Полетување за Истанбул во 09:05 и пристигнување во 12:45 часот. Полетување за Малага во 13:50 и пристигнување во 16:30 часот. Прошетка по монденското летувалиште Марбелја, чиј стар дел е опколен со Маварски ѕидини и Плоштадот на портокалите, околу кој се наоѓаат итнересни средновековни градби. Трансфер до хотелот во Малага и сместување. Ноќевање.

25. Март (Среда) МАЛАГА

Појадок. Разглед на најголемиот јужен европски град Малага, наречен „Престолнина на Коста дел Сол“ и родно место на прочуениот шпански сликар Пабло Пикасо, прошетка до замокот Парадор, старата палата Алкасаба, Римскиот театар, стариот Еврејски кварт и Катедралата. Ноќевање.

26. Март (Четврток) МАЛАГА - СЕВИЛЈА

Појадок. Патувањето продолжува за Севилја. Пристигнување во најинтересниот и најраскошниот град во Андалузија и сместување во хотелот. Разглед на “престолнината” на Андалузија, Алказар, некогашна маварска владетелска палата, величествената Катедрала со повеќе олтари, со дела од познатите шпански сликари Франциско Зурбаран и Гоја и високата кула Гиралда со маварска декорација… Ноќевање

27. Март (Петок) СЕВИЛЈА

Појадок. Препорачуваме прошетка до квартот Санта Круз со вкусување на шпанскиот “тапас” и можност за крстарење со брод по реката Гвадалкивир од Златната Кула, од каде во 16 век испловувале Магелан и Кортес. Во вечерните часови, факултативна посета на шоу програма со фламенко танц, настанат во “темпераментната” Андалузија. Ноќевање.

28. Март (Сабота) СЕВИЛЈА - КОРДОБА - ГРАНАДА

Појадок. Тргнување за Кордоба, “осамениот град во срцето на Андалузија”, на брегот на реката Гвадалкивир. Разглед на градот опеан во стиховите на Лорка, град кој ги зачувал своите архитектонски бисери како што се: Стариот мост, Еврејскиот кварт и Џамијата Мескита, симбол на градот и чудо на архитектурата, дел од богатството заштитено од УНЕСКО. Патувањето продолжува за Гранада. Пристигнување во вечерните часови и сместување во хотелот.

29. Март (Недела) ГРАНАДА

Појадок. Разглед на сликовитата Гранада, град на кралскиот пар Изабела од Кастилија и Фернандо од Арагон. Посета на величествената Алхамбра, чие име на арапски значи „Црвена тврдина“. Тоа е една од најголемите туристички привлечности на Пиринејскиот Полуостров, комплексот од исламски и христијански објекти, заедно со прекрасните градини претставувал инспирација за многу поети. Од 1984 година се наоѓа на листата на УНЕСКО како светско културно наследство. Ноќевање.

30. Март (Понеделник) ГРАНАДА – МАЛАГА – ИСТАНБУЛ - СКОПЈЕ

Појадок. Организиран превоз до Аеродромот во Малага. Полетување за Истанбул во 13:00 часот. Пристигнување во Истанбул во 18:20 и полетување за Скопје во 19:30. Слетување во Скопје во 20:00 часот

Цената на аранжманот вклучува

  • Авионски превоз на релацијата Скопје–Истанбул-Малага–Истанбул–Скопје со вклучени Аеродромски такси
  • Багаж за чекирање до 30 kg и Рачен багаж (ташна и 1 торба до 8 kg)
  • Трансфери со автобус на наведените релации според програмата
  • Шест ноќевања со појадок во Хотели 3/4* (Две во Малага, Две во Севилја и Две во Гранада)
  • Разгледи и прошетки во градовите според програмата
  • Професионална организација на аранжманот и придружник на патувањето

Цената на аранжманот не вклучува

  • Влезници во локалитетите, карти за локален превоз (метро)
  • Патничко-здравствено осигурување

Дополнителни информации

Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари.

За уплата до 31 Јануари 699 евра (43.350 денари)

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 799 евра (49.550 денари)

За реализација на аранжманот, потребно е минимум 20 патници.

За овој аранжман важат Општите услови на патување на Дани Травел и СКТМ.

Галерија
Напомени
3 travellers are considering this tour right now!