fbpx
+389 74 608 117 +389 32 605 117 info@danitravel.mk danitravelmk@gmail.com
Travel Agency & Transportation Company
+389 74 608 117 +389 32 605 117 info@danitravel.mk danitravelmk@gmail.com
Travel Agency & Transportation Company
прилог кон договор за превоз на патници (автобуски)

Општи услови за превоз на патници со автобус

  1. Примена на овие услови

Условите за превоз важат за превозот на патници во рамки на мрежата на автобуски линии на Да-ни Травел ДООЕЛ. Возилата за превоз служат исклучиво за превезување патници. Ако превозото го врши партнерска компанија, тогаш важат општите деловни услови за превоз на таа компанија.

  1. Право на превоз

Право на превоз постои само кога е склучен договор за превоз. Потврдата за резервација му дава право на патникот да патува од почетната до целната дестинација што е наведено на билетот или друг документ издаден од транспортната компанија.

  1. Цена на превоз

За да се изврши превозот, мора да се плати утврдената цена за тоа. За таа цел, бараме уплата по склучување на договорот односно најкасно до 1 (еден) ден пред датумот на поаѓање. Влегувањето во возилото е важечко само со потврда за резервиран превоз и список на патници кој ќе го користат превозот. Секој патник го следува место (седиште) во автобусот. Цените за превоз не се однапред дефинирани, односно се договараат пред склучувањето на договорот и се запишуваат во договорот. Цената може да биде фиксна за целото патување, по изминат километар, по изминат саат/ден, и слично.

  1. Започнување на патувањето

Се препорачува патниците да бидат на местото на поаѓање 15 мин пред почетокот на патувањето. Мерки за заштита од инфекција со Коронавирус (COVID-19): Патниците мора да носат соодветна заштита на устата и носот на почеток на патувањето. Маската за лице мора да се носи во текот на целото патување. Патниците кои не носат соодветна заштита на устата и носот, можат да бидат исклучени од патувањето. Во тој случај, патникот нема право на алтернативен транспорт.

  1. Општи обврски на патниците

Мора да се почитуваат инструкциите што ги даваат возачите и придружниот персонал. Возачите и диспечерите имаат овластување да не им дозволат да патуваат на лица кои очигледно се под дејство на алкохол или дроги. Истото важи и за патниците коишто од други причини ја загрозуваат безбедноста на своите сопатници или сериозно ја нарушуваат нивната благосостојба. Во тој случај, тие немаат право да бараат да им се организира алтернативен превоз. Забрането е пушење во автобусот вклучувајќи и електронски цигари. Патниците се одговорни за штетите предизвикани во автобусот или врз самиот автобус за кои тие се виновни. Патниците кои валкаат во автобусот, без разлика дали намерно или како резултат на груба небрежност, се должни да им платат на компанијата надомест за чистење од најмалку 100€, при што патниците имаат право да обезбедат докази дека не била причинета никаква штета или дека наведената штета била значително помала од горенаведениот паушален износ. Превозниците може да го откажат договорот за превоз без претходно известување во случај кога патникот се однесува толку непримерно, и покрај (устното) предупредување, што за превозникот и/или останатите патници не е разумно да го продолжат патувањето. Тоа, исто така, важи и за ситуации кога патникот не ги почитува објективно оправданите упатства (на пр. безбедносните упатства). Во тој случај, превозникот има право да го задржи наплатениот износ. Сите патници се обврзани да ги користат безбедносните појаси во рамки на законските прописи, под услов автобусот да е опремен со такви. За време на паузи/запирања или полициски контроли, патниците го напуштаат автобусот доколку тоа од нив го побара возачот или услужниот персонал. Патниците треба да се придржуваат до времетраењето на паузите одредено од возачот или услужниот персонал. Возачот има право да продолжи со патувањето доколку патникот не се вратил во автобусот по изминување на предвиденото време за пауза и не е одговорен за отсуството на патникот по изминување на времето за пауза.

  1. Посебни обврски на патниците во однос на меѓународните линии

Секој патник кој сака да патува надвор од границите на државата сам сноси одговорност за придржување до сите закони и прописи што се однесуваат на документи и исправи за идентификација, визи, странски валути, царински прописи и здравствено осигурување. Да-ни Травел не е одговорен за последиците што може да се јават како резултат на непридржување до тие закони и прописи, дури и тие да биле променети откако резервацијата била направена. Секој патник кој сака да патува надвор од границите на државата е одговорен за поседување на сите неопходни патни исправи и за придржување до законите на секоја земја од која, низ која и кон која сака да патува. Пред секое поаѓање, патниците кои патуваат кон или од меѓународна дестинација се задолжени, на барање на возачот или на услужниот персонал, да приложат официјален важечки документ за преминување на границата, којшто содржи како минимум име и презиме и слика, заради идентификација (лична карта, пасош, со виза ако е неопходно) пред секое патување. Тоа не вклучува: возачки дозволи, членски книшки од библиотека, студентски картички, картички за здравствено осигурување и слични документи кои не служат како единствен доказ за идентитет пред службите/органите. Да-ни Травел го задржува правото да не дозволи влез во автобусот доколку патникот не поседува документ или исправа за идентификација на кои целосно ги има неговото име и презиме и слика. Багажот / куферите не треба да бидат заклучени, за да се забрза постапката за царинска контрола. Патниците се обврзани со себе да носат само предмети кои по својата природа и според количеството се ослободени од плаќање царински давачки.

  1. Деца и малолетници

Мали деца на возраст помеѓу 0 и 3 години смеат да се превезуваат само во соодветни детски седишта. Мора да бидат обезбедени за време на возењето со автобус со помош на сигурносните појаси. Детските седишта мора да бидат обезбедни со појаси на две места и треба да се носат заедно со децата. Превоз на деца и малолетни лица под 10 години ќе се врши на сите национални и меѓународни врски само ако се во придружба од возрасно лице за време на патувањето. Деца и малолетни лица од 10 до 14 е дозволено да патуваат без придружба само ако родителот или старателот потврди во писмена форма, како дел од процесот резервација, дека малолетното лице е способно да патува само и без надзор. Да-ни Травел изрично се откажува од каква било обврска за надзор над малолетници. Непридружуваните деца не можат да патуваат преку националните граници.

  1. Патници со инвалидитет или ограничена подвижност

Во принцип, секому се дава можност да патува, без оглед дали има инвалидитет или ограничена подвижност. На лицата со инвалидитет или на лицата со ограничена подвижност им се обезбедува помош од страна на персоналот на Да-ни Травел. За да може да се гарантира превоз на лицата со инвалидитет или на лицата со ограничена подвижност, како и на лицата во нивна придружба, патникот мора да нѐ информира за своите потреби пред да ја направи резервацијата. Дизајнот на возилата е таков што во моментот превоз се овозможува само доколку лицето со инвалидитет или лицето со ограничена подвижност може самостојно да се качи во автобусот без помош од некој друг.

  1. Багаж

Багажот чиј превоз е вклучен во цената на билетот е ограничен на една патна торба по патник со максимална димензија од 80 х 50 х 30 cm. Се дозволуваат мали отстапувања од овие димензии. Секој патник може да носи багаж бесплатно до вкупна максимална тежина од 20 kg. Багажот може да вклучува куфери и торби. Исклучок од ова е превозот на планинарски ранци. Во поедини случаи, во рамки на расположливите капацитети, со доплата може да се носи уште една патна торба (дополнителен багаж). Генерално, не може да се гарантира дека ќе постои можност да се патува со повеќе од една патна торба. Патниците се должни да го означат својот багаж со своето име и адреса заради точна распределба и враќање, а особено за да се избегне помешување на багажот. Патниците се должни сами да го пренесат својот багаж при промена на автобус. Возачот на автобусот може да помогне само во исклучителни ситуации и барањето на таква помош не би било оправдано, освен доколку патникот не е лице со хендикеп или лице со намалена подвижност. Рачниот багаж се превезува бесплатно, но е ограничен на 1 патна торба по патник со максимални димензии од 42 х 30 х 18 cm и максимална тежина од 7 kg. Патниците мораат да го складираат и да внимаваат на рачниот багаж во патничката зона на начин кој гарантира дека безбедностa и соодветното работење на автобусот не се загрозени, и истиот не создава непријатности за другите патници. Патниците се задолжени да се грижат за својот рачен багаж и за неговата содржина и мора соодветно да внимаваат на него. Доколку се забележи дека некое трето лице има неовластен пристап, потребно е за тоа да биде известен возачот на автобусот. Од патниците се бара да проверат дали нивниот рачен багаж е комплетен пред да заврши патувањето.

  1. Превоз на животни

По правило, во автобусите не се врши превоз и транспорт на кучиња и други животни.

  1. Отказна политика

Во случај клиентот (нарачател на превоз) да сака да се откаже од патувањето, тоа може да го направи во секој момент и треба да го достави во писмена форма до канцелариите на Да-ни Травел ДООЕЛ. Датумот на писмениот отказ претставува основа за пресметка и наплата на отказни трошоци доколку во договорот не е поинаку одредено, според следната скала:

  • За отказ до 30 дена пред патувањето се наплатува 30% од сумата
  • За отказ до 15 дена пред патувањето се наплатува 50% од сумата
  • За отказ до 5 дена пред патувањето се наплатува 80% од сумата
  • За отказ на помалку од 5 дена пред патување се наплатува 100% од сумата
  1. Судска надлежност

Во случај на спор помеѓу клиентот (нарачател на превоз) и фирмата превозник надлежен е Основен Суд – Штип.