+389 74 608 117 +389 32 605 117 info@danitravel.mk danitravelmk@gmail.com
Travel Agency & Transportation Company
+389 74 608 117 +389 32 605 117 info@danitravel.mk danitravelmk@gmail.com
Travel Agency & Transportation Company
прочитајте внимателно

Општи услови за патување

ОПШТИ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ

* Прилог кон Договорот за патување

  1. СОДРЖИНА НА АРАНЖМАНОТ Организаторот на патувањето гарантира реализација на аранжманот според описот во програмата. Содржината на аранжманот ќе се оствари во потполност и на опишаниот начин, освен во случај на влијание на “виша сила”, која не можела да се предвиди (војна, терористички акции, штрајк, елементарни непогоди, сообраќајни и технички проблеми во превозот, или слично).
  2. ПРИЈАВА-ДОГОВОР И УПЛАТА Пријава-договор за патување се прави до пополнување на местата, со уплата на аконтација на цената назначена на секоја поединечна програма. Пријави можат да се извршат во агенциите на ДАНИ ТРАВЕЛ Агент ДОО и во сите други агенции овластени за продажба на нејзините програми. При пријавувањето, купувачот уплаќа аванс од 30% од вредноста на аранжманот, доколку поинаку не е наведено во програмата, а остатокот по потврдувањето на резервацијата од службата за резервации, и тоа најдоцна до 10 дена пред реализацијата на аранжманот. Доколку патникот до тој рок не изврши доплата на аранжманот, организаторот ќе смета дека патникот се откажува од аранжманот и ќе ги наплати трошоците за отказ на аранжманот согласно условите од точка 6. “Откажување од патувањето од страна на патникот”, доколку поинаку не е наведено во програмата. При пријавувањето, патникот потпишува пријава-договор со изјава – “Изјавувам дека сум запознат/a со програмата и со Општите услови на патување, и дека во целост ги прифаќам!“ со што Општите услови на патување, стануваат правна обврска за организаторот и за патникот.
  3. ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ Цените за сите патувања се објавени во Денари или во Евра, со обврска за плаќање во денарска противвредност според курсот на девизниот пазар – објавен од страна на организаторот. Секое барање за дополнителни услуги подразбира дополнителни плаќања. Организаторот го задржува правото за промена на цената на аранжманот во случај на промена на цените на хотелските, превозните и другите услуги, како и во случај на промена на девизните курсеви на пазарот.
  4. КАТЕГОРИЗАЦИЈА И ОПИС НА УСЛУГИТЕ Понудените хотели и апартмани се опишани според официјалната категоризација во време на објавувањето на програмата. Квалитетот на услугите го стандардизираат локалните туристички власти. Стандардите на сместување и услуги се различни по дестинации и не се споредуваат.
  5. ПРАВО НА ОРГАНИЗАТОРОТ ЗА ИЗМЕНИ ВО ПРОГРАМАТА И ОТКАЗ НА АРАНЖМАНОТ

Организаторот има право да ја измени програмата (во времетраењето или содржината) во случај на виша сила или вонредни околности кои не можел да ги предвиди, избегне или отстрани. Учесникот на патувањето има право на рефундација на износот за нереализираните услуги. Организаторот го задржува правото да го одложи или откаже аранжманот во случај на недоволен број на пријавени патници од предвидениот минимум за одреден аранжман. Организаторот е должен да ги извести сите купувачи за отказот, најмалку 5 дена пред почетокот на реализацијата на аранжманот и да им ги врати во целост уплатените средства најдоцна во рок од 8 дена од денот на откажувањето.

  1. ОТКАЖУВАЊЕ ОД ПАТУВАЊЕТО Патникот може во секој момент да се откаже од патувањето и тоа треба да го направи во писмена форма. Датумот на писмениот отказ претставува основа за пресметка и наплата на отказните трошоци во однос на основната цена на аранжманот, според следната скала: – за отказ до 30 дена пред патувањето се наплатува 5% – за отказ од 29 до 22 дена пред патувањето 20%

                            – за отказ од 21 до 15 дена пред патувањето 30%             – за отказ од 14 до 8 дена пред патувањето 50%

                           – за отказ од 07 до 02 дена пред патувањето 80%              – за отказ од 01 до 0 дена пред патувањето или во текот на патувањето 100%.

Доколку патникот благовремено го откаже патувањето, организаторот има право на манипулативен трошок во износ од 10€ (евра), по пријавадоговор. Доколку патникот го менува терминот на поаѓање на истиот аранжман најмалку 15 дена пред денот на претходно потврденото поаѓање, доколку е можно организаторот ќе изврши промена на резервацијата и ќе наплати само манипулативни трошоци во износ од 10€ (евра), по пријава-договор. Доколку патникот се откажува од аранжманот по почетокот на патувањето (за време на патување или за време на престој во местото на патување), поради настани кои се резулатат на влијание на “виша сила” (воени настани, терористички акти, елементарни непогоди, сообраќајни незгоди или слично), кои ниту патникот ниту организаторот не можел да ги предвиди, избегне или отстрани, организаторот не носи одговорност ниту има обврска за поврат на средства за нереализирани услуги, освен доколку крајниот давател на услугите прифати и изврши рефундација на истите.

  1. ОБВРСКИ И ПРАВА НА ОРГАНИЗАТОРОТ НА ПАТУВАЊЕТО Организаторот е обврзан да се грижи за реализацијата на услугите и за изборот на извршителите на услугите со внимание на добар организатор, и да се грижи за интересите на патниците согласно со професионалните принципи во туризмот. Организаторот е должен да му ги овозможи на патникот сите услуги наведени за поединечниот аранжман во програмата. Организаторот не одговара за штета која настанала поради грешки во работењето на сообраќајните претпријатија, угостителските правни субјекти, туристичките водичи и придружници, кои не можел да ги предвиди или избегне. Организаторот не одговара за штета која настанала поради промени во програмата или неизвршени услуги под дејство на виша сила. Организаторот на патувањето не прифаќа никаква одговорност доколку дипломатско-конзуларното претставништво го одбие издавањето на влезната виза, доцни со издавањето на визата, или пак ако емиграционото одделение на странска земја не одобри влез на одреден патник. Организаторот на патување не прифаќа одговорност доколку патникот го изгубил патниот документ, или патниот документ на патникот е неисправен, со изминат рок или со недоволен период на важност за влез во земјата во која патува. Во овие случаи, патникот сам ги плаќа дополнителните трошоци.
  2. ОБВРСКИ И ПРАВА НА ПАТНИКОТ Патникот е обврзан да се грижи, да тој лично, неговите документи и предмети ги исполнуваат условите предвидени со граничните, царинските, здравствените и другите прописи на својата земја како и на земјата во која патува, да се придржува кон куќниот ред во угостителските и хотелските објекти, како и во превозните средства, и да соработува со претставникот на организаторот и извршителите на услугите во добра намера. Во случај на непочитување на овие обврски, патникот носи одговарност пред оранизаторот за направената штета. Патниците кои го нарушуваат редот во објектите односно возилото можат да бидат отстранети од аранжманот. Патникот е должен да поседува важечки пасош и да побара информација кај надлежните служби, или да се информира кај организаторот дали за земјата во која патува (или за земјите низ кои се патува во транзит) е потребна виза. Патникот е должен да ги чува и лично да одговара, за сите свои документи, парични средства и личен багаж за сето време на патувањето.
  3. БАГАЖ Патникот има право на бесплатен превоз на багаж, до 15 кг на чартер летовите и 20 кг на редовните авионски линии, и едно парче рачен багаж, доколку не е поинаку наведено во програмата. Кај автобускиот редовен, слободен или чартер превоз, дозволен е бесплатен багаж од една патна торба (до 20 кг) по патник и едно парче рачен багаж, доколку не е поинаку наведено во програмата.
  4. НАДЛЕЖНОСТ НА СУДОТ

Во согласност со точка 10. од овие услови, купувачот на услугите од одредна програма има право на рекламација кај организаторот на патувањето. Доколку купувачот не е задоволен со решението на организаторот, има право да побара дополнителна арбитража и мислење од страна на Судот на честа при надлежната комора, или од страна на надлежниот Суд во Штип, односно местото каде е седиштето на организаторот на патувањето.